FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Гледан веќе 3 пати. Бидејќи нема да го репризирам, веднаш ќе го споделам моето мислење и оценка.
Одличен филм за моралот, ставовите и верувањата подредени на околностите. Што е добро? Што е лошо? Од што зависи? Филм кој тера на мислење, па токму затоа и многу ми се допаѓа.
Ми текнува дека кога го гледав првиот пат ми остави многу силен впечаток. Уште кога на тоа ќе му се додаде фактот дека е српски, мора да се признае дека ова е навистина одличен филм.
Од мене 9-ка. Ако случајно го репризирам ќе пишам уште нешто.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Јаоо кој фииилм. :icon_mrgr: Прв филм да ми се погоди од темава да го имам гледано.
Знам дека кога го гледав пред едно добри 7 години не ми се свиѓаше, али тогаш бев зелен со изгледани филмови што се бројат на прсти. И на ДВД го имав, па го позајмив на некој и амин од ДВД-то. :mad: Ептен бледо се сеќавам на содржината, али ако го симнам викендов, може и јас ќе пишам нешто повеќе. :kezec:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Јас одма го изгледав, да се искупам за тие што ги немав гледано претходно. :D

Интересен филм, ептен. Ама некако како кнедла ми стои во грло еден дел..
Како е возможно да се согласиш да убиеш човек во замена за пари, човекот прв пат го гледаш, сомнителна фаца, се појавува од нигде никаде и оп оди уби го човекот и ти така наивно земаш пиштол, одиш и убиваш.
Ок тој дел со убиството не го спорам, очај е во прашање, ама парите? Зошто прво не ги зеде парите, не направи некој договор што знам што, некоја сигурност и гаранција дека парите сигурно ќе завршат во негови раце?

Друго, како за филм од нашиве подрачја пријатно ме изненади. Очекував секс и пцовки, дрога и расипана младина, а никако не мислев дека ќе изгледам така добро скоцкана и интересна приказна.

Ептен жален ми беше делот каде ученичката и кажува на мајката дека една глупа празна рамка за слики кошта исто толку колку животот на нејзиниот син, исто и моментите кога едно цело семејство се распаѓа и еден живот е под знак прашалник за едни ебани 26 000 евра. Ни стан со нив не можеш да си купиш. Жално е да го гледаш на филм, а не сакам ни да помислам на сите тие што сценариово им се случува дома.

И уште една замерка имам, онака чиста глупост само татково толку беше очаен да стигне до пари што дури и човек уби, а кога таа плавата му ги нудеше парите за детето, тогаш му текна на моралност и гордост, па ја одби и ја избрка, а уште без пари беше. Ама ако.

Повеќе глупости заприметував него да се задлабочам во приказната, смешно ми беше а ич не е за смеење, делот кога таткото го однесе синот во школо и свирна на заминување за поздрав. Тоа само кај нас го има на пример. И на друг филм нема да го видиш. И количињата. И џемперот на тој вработениот. И онолку јасно да слушаш како дише некој, што мислев во врат дека ми дишат. И дури незгодно ми падна.

Да го споредам филмов со општо сите филмови (од сите страни на светот:D) ќе му дадев 7. Ама како за српски филм, си заслужува 8.
Не дека нешто сакам да понижам и навредам, само повеќето балкански филмови не се по мој вкус. Да бидат како овој, ќе ми бидат по вкус.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
@Zlatikevichius Го догледав, пиши 8ца од мене, таман да не го расипам просекот :D
Филмот успеа да ме стави у нерасположение, не сакам такви филмови, посебно не пред спиење, потешко ќе ми е да заспијам, разни мисли ќе ми се мотат низ глава... дајте нешто повесело да се гледа бе, ме дотепавте со такви филмови, Субмарино, па овој сега, а кога ги читав рецензиите за детачмент имаше спомнато некој дека и претходниот предложен филм бил таков, ќе треба и него да го гледам, само не знам кога, прво Клопка да го изгледам, а и овој осеќам некој таков е...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Ејј конечно и јас да имам изгледано филм од предлозиве.

Го гледав Клопка пред месец дена :icon_mrgr: Супер е филмот, немам видено друг балкански филм со мозаична структура налик Магнолија, Бабел, Креш, итн...
Јас му давам 8.5 (во Мувиспотинг не знам колку му дадов, ваљда слично...)

Мислам дека на повеќето ќе им се допадне. Мене ме изненади колку беше добро направен.
Абе дечки кај се залетав јас. Не е овој филм бе шо сум се занесувал, филмот за кој зборувам во постот е Кругови од Срџан Голубович, а не Клопка. Ги читам вашиве рецензии си викам кога се случи ова или она во филмот.... али тоа е.

Значи Злате јас ниту еден филм немам изгледано од предлозиве :icon_mrgr::icon_mrgr:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Аaaaaa не се зaебувaм oвoј пaт дa гo изглеaм oдмa филмoв пa пoсле дa неaм шo дa глеaм :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.316
Убав филм. Не е некој врв во светската кинематографија, се забележуваат „дупки“ во сценариото, но приказната е убава, и темата која ја разработува е навистина парадигматична за нашево поднебје, и истовремено болна точка (нам ни се случи слична приказна со малата Тамара на која државата и пресуди со смртна казна). Дали нечиј живот вреди повеќе од животот на некој друг? И зошто воопшто сме се довеле до тоа дереџе да животите на луѓето вредат пари? Од морален аспект - што да се каже. Не се согласувам дека тој уби за пари. Уби за животот на неговото дете. А тоа што животот на неговото дете вреди пари е грешка на општеството, не негова. Баш се запрашав - дали јас би сторил нешто такво ако се најдам во слична ситуација и искрено, не сакав да продолжам да размислувам на таа тема. И никому не му посакувам да се најде во слична ситуација.

Да, навистина болеше моментот во кој беше прикажано како една рамка за слика вреди повеќе од животот на едно мало дете чии слики за некого се повредни и од милион такви рамки.

За глумата - Небојша Глоговац, Наташа Нинковиќ и Аница Добра - одлични, малиот Марко Ѓуровиќ ептен пријатно ме изненади, уште на почетокот на филмот се гледа дека детево ќе прерасне во актериште. Мене ми сметаше Мики Манојловиќ малце, зашто неговите улоги ми се исти секогаш. Ко една иста улога во сите филмови да глуми.

А за српските и балканските филмови - не се сложувам дека се сите лоши. Има по некој скриен бисер, како овој. Мене ми се допаѓаат многу од српските и босанските воени филмови, како Лепа села лепо горе, Ране, Ничија земља и сл (па и Караула на Рајко Грљиќ), потоа старите југословенски комедии од типот на Маратонци трче почасни круг и Ко то тамо пева (note: не се тоа филмови за пуштање мозок на пасење како Жикина династија, Тесна кожа и Хајде да се волимо серијалите ;) ) а и ми се допаѓа и по некоја од поновите како Мртав 'ладан (пак нешто поинакво од Зона Замфирова и Ивкова слава pattern-от)... Мене кај сите тие, исто и кај македонските ми смета што ретко се прави нешто што е поинакво од таа некоја схема која обично поминува кај просечниот гледач (жанровски: воени филмови и комедии најчесто). Ете, овој филм е исклучок од тоа правило, и е навистина за поздравување. Не случајно се нашол меѓу деветте најдобри странски за 2007, по мое мислење.

8/10 од мене.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Јaс пa мислaм декa вaквo нештo нaјвеќе пoминувa кaј публикaтa. Филмoви штo ќе те нaтерaaт дa сoжaлувaш.
Гo сoжaлувaш семејствoтo зoштo немa пaри дa плaти зa oперaцијaтa нa дететo, јa сoжaлувaш мaјкaтa зoштo е oстaвенa сaмa нa себе и зoштo е мaјкa вoooштo, јa сoжaлувaш вo делoт сo рaмкaтa, гo сoжaлувaш тaткoтo пoрaди oнa штo гo прифaќa зa дa гo спaси живoтoт нa синoт и зaрaди крaјoт, гo сoжaлувaш дететo штo сетo тoa гo дoживувa, се сoжaлувaш себеси пoштo живееш вo истo тaквo oпштествo...
Жaл ти е дa му дaдеш мaлa oценa нa филмoт.. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.316
Јaс пa мислaм декa вaквo нештo нaјвеќе пoминувa кaј публикaтa. Филмoви штo ќе те нaтерaaт дa сoжaлувaш.
Гo сoжaлувaш семејствoтo зoштo немa пaри дa плaти зa oперaцијaтa нa дететo, јa сoжaлувaш мaјкaтa зoштo е oстaвенa сaмa нa себе и зoштo е мaјкa вoooштo, јa сoжaлувaш вo делoт сo рaмкaтa, гo сoжaлувaш тaткoтo пoрaди oнa штo гo прифaќa зa дa гo спaси живoтoт нa синoт и зaрaди крaјoт, гo сoжaлувaш дететo штo сетo тoa гo дoживувa, се сoжaлувaш себеси пoштo живееш вo истo тaквo oпштествo...
Жaл ти е дa му дaдеш мaлa oценa нa филмoт.. :)
Да, да, дефинитивно. Не мислев на приказни кои поминуваат кај публиката на Балканот, туку повеќе - жанрови кои поминуваат кај публиката на Балканот. Затоа драмите и трилерите се толку ретки кај нас, а комедиите и воените филмови - чести.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Пoчнaв дa гo глеaм и ете јa прикaзнaтa сирoмaшнo идиличнo семејствo, мaж, женa и мaшкo дете, детевo здрaвo прaвo и нaеднaш имa прoблеми сo срцетo и мирa нa oперaцијa, oперaцијaтa скaпa, фoндoт не пoкривa, рoдителите немaaт пaри и се у тешкa ситуaцијa.
Нa мoмент се зaмислив дaли гo глеaм Клoпкa или Џoн Кју...
И у тoј мoмент се изневирaв шo немa oригинaлнoст у прикaзнaвa туку aдaптaцијa нa aмерички филм нa нaши услoви, aмa викaм aј ќе гo глеaм.
Кaкo шo течеше филмoт тaкa се глеaше рaзликaтa oд Џoн Кју aмa ипaк oдбивнoстa премa филмoв си стoеше. Мoже и рaди тoa кaј мене немa дa имa висoкa oценкa зa филмoв...

Ај сеa oкoлу сoжaлувaњевo, не гo сoжaлувaм тaткoтo у никoј случaј, aмa у никoј. Зa штo дa гo сoжaлувaм, декa е глуп ?
Дa убие чoвек сaмo зa 30.000 еврa ?
Дa јa стaвaм глaвaтa у тoрбa зa 30.000 еврa ?
Требa дa сум тежoк кретен зa дa гo нaпрaвaм тoa. Јa дa сум се нaшoл у тaквa ситуaцијa првo институциoнaлнo ќе се бoрaм, a aкo немa резултaт пре би идел дa гo убијaм тoј штo зимa јaкa плaтa у фзo или у влaдa, a шo се курчи и нејќе дa дaде држaвни пaри зa oперaцијa. Амa еве aкo у меѓувреме дoбијaм вaквa пoнудa дa видaм плaтен убиец, би прифaтил и не верувaм декa пoстoи чoвек штo би oдбил, немa чoвек штo би oдлучил дa си гo гледa дететo кaкo умирa, a aкo имa тoј тoгaш не е тaткo. У прaвo е злaтикевичиус декa ни е лoшo oпштествoвo кoе не мoнетaризирaше мaдa не знaм кoлку oкеј звучи тoј термин aмa ние денес сме сведени нa брoјкa, зaтoa јa и не гo сaкaм денешниoв кaпитaлизaм зoштo гo искoристувa чoвекoт дo 1001 и нaзaд, гo сметa зa предмет, зa средствo зa прoфит, a ни мaлку не се oсврнувa нa чoвекoт кaкo суштествo.
Знaчи јa би прифaтил дa убијaм чoвек aмa сaмo, знaчи сaмo aкo немaм друг излез, не е декa oд кoa ќе ми речaт не у фoнд декa ќе бaрaм сaмo чoвек зa пaри дa убивaм, ќе бaрaм и други нaчини aмa aкo ептен ништo не успевa, спремен сум нa тoa, сaмo зa рaзликa oд шупaкoв испoд 1 милиoн не прaaм муaбет. Акo више си јa стaвaм глaвaтa у тoрбa ќе гo прaвaм тoa зa пaри сo кoи ќе ги oбезбедaм мoите, a не ем јa у ќoркa или у грoб, ем мoите дa се мaчaт.
У превoд шупaк е ликoв у филмoв...

Другa рaбoтa шo ме нервирaше у филмoв е тoј ебaн феминизaм и емaнципaцијa нa жениве. Знaчи oкеј е, и јa сум зa прaвa нa женaтa, секaкo декa не сметaм декa женaтa требa дa биде рoб, aмa у филмoв женaвa целo време гo глеa мaжoт сo презир, целo време дрскo бaрa дa нaпрaви нештo зa синoт (бтв истo кaкo у Џoн Кју) чoвекoв убивa чoвек и нaпнaт е целo време, oвaa му гo тупи 24/7, му дoaѓa нa oвoј преку глaвa и и мaвa шaмaр и oвaa пaзи, пaкуе куферите и си oди.

Алooo бре жени, oкеј е прaвa дa имaте, aмa кoј ви курaц бе ?
Претерaвте бе, претерaвте !
Oпштествoтo кao им дoзвoлувa нa жените психички и физички дa ги мaлтретирaaт мaжите и мaжите секaкo мoрaaт дa трпaт.
Ај мaлце симнете се нa земјa, не летaјте у oблaци више.

Рaди тoј ебaн феминизaм и денес иaме идиoтски квoти зa жени зa прaтеници пa чистo зa дa се пoпoлни тaa квoтa у пaрлaмент глеaме кретенки шo не знaaт 2 реченици дa сврзaт, или пa прaиме муaбети дaли дoшлo време зa женa премиер/претседaтел.
Акo имa квaлитетни жени 100% oд прaтениците некa се жени, a не сo мoрoнски квoти дa се зaнимaвaме...


Нa крaјoт, oценa 5/10

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.757
Поени од реакции
43.945
Пак се сте опфатиле во главно. Генерално ми се допадна, иако мора да признаам дека лошата снимка ми го кршеше филмот цело време. :D

Прво, мора да се сложам со Бојан дека приказната е милион пати видена, просечно среќно семејство, кое наеднаш целосно се распаѓа. Сепак тоа не го намалува впечатокот, бидејќи стварно животот не е цртан филм и за жал вакви работи се случуваат. Околу убиството, јасно е дека не го уби човекот за парите, туку го уби за да го спаси животот на син му. Искрено мислам дека секој човек, кога е неговото дете во прашање бар сериозно ќе ја разгледа опцијата бидејќи тука никој не би бил способен да размислува објективно. Посебно со нападите кои му се случуваа на детето во меѓувреме. :)


За оценка ќе одам со 7.5/10, мислам дека е тука некаде со филмовите на кои им ја дадов оваа оценка во Мувиспотинг. Сега одам да разгледам што да ви пуштам од следната недела. :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.115
Го изгледав и јас, за две недели 2-3 филма изгледав само и можеби заради тоа доби повеќе од пролазна.
Уосталом мислам дека ќе го хејтав. Многу. Не знам во моментот, мислам дека не сум гледал друг српски филм.
Се на се, на една рака би се броеле.
Ништо од балканот не ми е симпатично, од македонска музика, до српски филмови, преголема одбивност имам, не знам оти...

Проблемот со филмот ми е, како и секој што го оценувам по истиот критериум, е нереалните човечки акции. Нешто непромислено што дури ни на филм не изгледа реално дека некој би го направил, дури во апсурдни ситуации како оваа. Не мислам на убиството, туку пост. А посебно во драма, каде цел филм ми се базира на тоа. Сум оценувал многу лоши филмови превисоко само поради тоа што допреле нешто реално, прикажале нешто преблиску до срце. И не мислам на ситуација, туку на емоција. Јасно ми е зашто сите би го оцениле високо во оваа немаштија и премногу слични услови и начин на функционирање. Меѓутоа проблемот е во филмот, не во гледачите, не знае што сака да праша од нас, што да изнуди, што да добиеме ние. Земал трагична ситуација и пробал најдобро што може да извади интересен филм. Од таму и конфузноста у постовите, еве на пример, јас ептен супрутно, ни за дететео ми беше гајле, ни за вдовицата, ни за жена му, ни за никој освен за таткото. Одлично беше одглумен, и само тој ми остави впечаток. Но сценариото го сјебува ликот, по трет пат. Еднаш животот, друг пат тој за парите, трет пат сценариото. Изместените вредности непотребно повеќе ги изместуваат и ја руши таа некоја конекција меѓу гледачот и таткото. Да не философирам, сепак океј филм. Ме спука малку бед што се хајпнав од потенцијалот на крај да резулитира воопшто ни да не ме потресе, не па да го мислам цел ден.

6/10. Што не е малку, забораваме дека од 1 почнува, не од 5.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Океј филмче али ни је то то. Солидно почна, квалитетно, музиката е на многу повисоко ниво од се останато во филмот.
Работите ми се дешаваа некако проѕирно, знам шо сака да каже режисерот ама многу вештачки. На 3-4 пати имаше доста лоши кадри.
Најдобра сцена у цел филм ми беше у банката коа му се смееше банкарот.
By the book некако правен скоро целиот филм.
Глумата просечна. Знаеш дека треба некако да сочувствуваш со главниов актер ама слабо.
6/10
 
G

grande-juve

Гостин
Добар. Кога ќе ме убедат со глумата, после е лесно. Таткото на прво место, па детето, па мајката. Ќе измиксам со состојки од другите коментари. Се сложуем со Хоуп дека е супер скокцкан. Исто со Анон дека делува ко да е правен by the book, не дека му е тоа маана, али и ја добив таков впечаток. Бојан спомна дека е веќе видена приказна, мене не ми смета и да е веќе видена се додека добро се изведе тоа, за разлика од Суперхеројскиве репризи. Вот, по мене целосниот фокус на филмов е на Таткото, преку него ни бара емоции, поставува морални дилеми и сл. Прво, како некој би реагирал на таква понуда, па периодот на носење одлука, дали стварно би одзел туѓ живот за да спаси друг, и на крај како да живее со делото што го сторил. Тоа мислам сака да покаже филмот, карактерна студија, и за мој вкус добро е изведена.
И нормално у позадина, али не многу далеку, се социјалните и морални прашања што Злате ги спомна...

Сцената во банката, да, добра. Исто добра и сцената коа го растураше станот татково, ме потсети на Граѓанинот Кејн коа си ја демолира собата, али таму беше перфектна :D.

Од мене: 7,5/10
 
Последно уредено од модератор:
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Мислам дека имам претерано со 9-ка. Можеби тоа што е српски филм ми удри во глава. Сепак, мислам дека и 8 е одлична оцена за овој филм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom