Alive.Го гледав вчера заедно со моите. Нив им се допадна, мене не баш. Имаше нешто во филмов што ме нервираше, но не сум сигурен што. Некако се ми беше прикажано нереално и дистанцирано. Можеби затоа не успеав да се соживеам со ликовите. Најверојатно најголем адут на овој филм е токму тоа што е снимен по вистински случувања. Луѓето доживеаа страшна несреќа. Останаа на врвот од планината речиси три месеци. Соочувањето со реалноста во такви моменти е најверојатно ужасно и тегобно. Но, поголемиот дел од преживеаните беа цврсти и храбри, со морал и етички вредности на највисоко ниво. Не забележав дека тоа што им се случи, вклучувајќи ја тука и смртта на останатите патници, беше нешто посебно кобна за нивната ментална сила. Ок. Речиси никој од нив не попушти психички. Јас можам само да претпоставувам како им било на лицата кои навистина го доживеале ова. И толку. Сигурно било ужасно тешко и страшно. Но филмов слабо го претстави страдањето, стравот, загубата, па и болката. Филмов само ме насочи да размислувам што ако јас се најдев во таа ситуација. Па мислам дека ќе глумев силен, а во себе ќе бев многу уплашен. Се така до моментот кога целосно ќе полудев и ќе изгубев надеж. И не, не сум сигурен дека со насмевка на лицето ќе се согласев да ме јадат ако умрам пред нив. Мислам дека тој момент во филмот беше нереално прикажан.
Приказната и сцените изгледаа како да се натурани и површни. Па да почнеме од самиот почеток. Ја доживуваат несреќата и секој од преживеаните на различен начин се справува. Но, речиси никој не пушта солза, сите се снаодливи, решителни и одлучни. Браво. Едниот шета со шипка набиена во абдомен, па другар му на изненадување му ја вади. Друг свири гитара на минус температура, ама има јака циркулација, па студот ништо не им може на неговите прсти. Се договараат да се јадат меѓу себе по смртта, ако е тоа неопходно за да преживеат. Поморничаво здравје, но тие се крајно шегобијни и ведри. Можеби некој од вас ќе рече, да, но само за не се натажат меѓу себе. Ако некој не се согласеше, ќе го поштедеа или што? Сакам да кажам дека немаше потреба од такви бизарни договори. Како и да е многу нереална и одбивна сцена. Мене ми дојде сам себе да се изедам после шалата на еден од момците дека се согласува да го јадат, ако ги измијат чиниите после тоа. Поголемиот дел презимија само по џемперчиња. Како? Па дури некои од нив (кои тргнаа да ја бараат опашката на авионот) издржаа на отворено една ноќ. По пат најдоа лешеви, кои не беа завеани во снег, а претходно им врнеше којзнае колку ноќи. Животни... било какви, немаше, па дури оние кои живеат на тие услови беа исчезнати. Момент на среќа и еуфорија, кога како деца се досанкаа назад до другите. И повторно беа сите силни и ведри. Сите веруваа во Бога. Никој не прсна. Никој не изгуби надеж и верба. Рафаел и другиот имаа одбележување на родендените. Кога се распролети, тројца отидоа да бараат помош. Но, одеднаш едниот, онака -без посебна причина, си се поздрави со другите двајца и си се врати кај другите. И само уште да прашам, колку кутии цигари имаа земено? 80 дена пушеа ко луди?
Ликот кој го толкуваше Ethan Hawke ми остави најсилен впечаток. Секако негативен впечаток. Толку лошо претставен лик. Тој првите два дена ги преживеа во безсознание облечен по кошулче. И целиот филм имаше средена фризура. Дури и после 50 дена, кога си викаш е толку од фризурата, ете го пак со истата заносна и уште полепршава фризура. На 61 ден, оп, дури и стилизирана брада. На крај мафта од хилихоптер. Зошто би имало плус уште едно слободно место за другиве кои чекаа, кога овој може да помафта уште еднаш на самиот крај од филмот. Нелогичности еден куп. Изборот на глумци онака.
Најсилен впечаток како лик ми остави Фредерико, дечкото со поврдената нога која му фати гангрена. Токму тој бидејќи покажа огромна несебичност и голема ментална сила во тие моменти. Останативе не ме уверија ама баш во ништо.
Музиката која го следеше филмот не ми беше компатибилна, дијалозите просечни, глумата чудна и површна. Се на се, слаб филм. Добива на тежина само кога ќе ми текне дека тоа некој навистина го преживеал. Но, не би сакал да ја мешам тука вистинската случка со лошо реализираниов филм. Тоа што навистина се случило е страшно и ужасно. Загубата била огромна. Но, мене филмов едноставно не ме увери во истото. Од мене
5, само затоа што е инспириран од вистинска случка иначе сигурно ќе добиеше многу послаба оценка. Се надевам дека ќе го изгледам и документарецот за кој зборува
@devilko .