Legends of the Fall (1994)
Уф, прекрасен филм. Ќе ја тргнам кинематографијата на страна, нема поента да се коментира, врвна. Музиката ми е баш типична за филмови од ова време, прекрасно вклопена со секој кадар, ама било кој дел да го слушнам сега пак нема да го поврзам со филмот. Ако, ми се свиѓаше.
Приказната... малце се разочарав кога на крај искочи баш онака како што очекував уште во првите 5 минути. Сложноста на браќата знаев дека нема да трае долго штом се вмеша жена ко Сузана. Кој би останал рамнодушен на тоа лице и насмевка, топење. Вака последен пат се стопив на Лаура.
Она што од такт ме извади е целиов почеток на трагедиите. Уствари ова е и тоа што ме нервира кај повеќето американци и денес. Ќе разберам да се бориш за честа, за херојство, да ги следиш стапките на својот татко, ама зошто за војна која не ја разбираш? За настани кои се случуваат на 10.000 километри од твојот дом, за војна која разбираш преку писмо што го има пропатувано светот. И згора на се да ја оставиш таа насмевка дома за ти да пукаш од пушка, абе ај...
Самуел, делуваше на наивен и добар човек, човек кој се одгледуваше на своите браќа иако Тристан му беше омилен. Се чувствуваше. Ќе се навратам на параграфот од погоре, глуп е што замина и ја остави Сузана. Немам што да додам за ликов повеќе затоа што настаните се одвиваа пребрзо и не добивме некоја поголема конекција меѓу него и Сузана. Џулија ќе ја викам, Сузана звучи ко битолчанка некоја.
Алфред, ми остави многу негативен впечаток и тоа само по неколку кадри. Му се чувствуваше некоја позадинска игра, со задни намери и дека би ги изиграл некако своите браќа. На крај и политичар стана, и тој впечаток беше целокупен. Самиот кажа, ги почитуваше сите правила, а сепак Тристан беше најсакан од сите. И во право беше. Имаше некој злобен вајб у него што ми стана одбивен, и од првиот момент мислам дека сакаше да ја земе Џулија, иако Самуел беше жив. На крај ја изгуби и Џулија и моментот кога му кажа на Тристан „I need a minute alone with my wife." - беше ли некогаш твоја? Чинам Џулија го помина животот чекајќи го Тристан.
Тристан, „did l damn everybody around me, as well as myself?". Би рекол да, човеков од трагедија во трагедија одеше. Видлива беше конекцијата меѓу него и Џулија уште при првата средба. Не ми остави впечаток дека имаше некакви намери со Џулија, ама во најслабиот момент на Џулија он се погоди тука... после и настаните направија да се зближат уште повеќе. Интересен лик беше иако донесе многу погрешни одлуки во животот. Траблмејкер од млади години, јасно беше дека ќе има и таков живот.
Џулија, требаше и заслужи повеќе. Прво ја оставија за војна, па после Тристан отиде да се бори со своите демони ака мечката, за на крај од принуда да мора да заврши со ликот кој ич не го сакаше. Рака на срце Алфред немаше никакви злобни намери ама па и немаа некоја конекција. Самоубиството до негде очекувано, особено кога му кажа „sometimes I dream I'm the mother of your children". Дојде од возот како среќна и насмеана жена, за на крај 20 или колку и да поминаа години да ги помине во тага. Тристан и остана неостварена љубов и крајот беше сосема очекуван.
Е сеа целава приказна на крај кога е спакувана е малку клише, лејм, лигава, многу нелогичности... АМА, не можам да останам рамнодушен на Џулија и приказнава, колку и да е лигава.
9/10