FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
Рецензијава Злате :cuc:
Со ваква рецензија ви давам слобода на останатите да не ви се допаѓа филмов. :D
Прво - @Anon, i see what you did here. :P
Цело време мислев дека го имам гледано пред професијата ама сум се излажал :D
@Anon , don't be a faceless man in an empty classroom.
I think I ain't. I can see it in their eyes. At least in some of them.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Вчера го изгледав и има чиста 10-ка од мене, браво за предлогов ! Филмов дефинитивно спаѓа во тие мал број на филмови што би ги репризирал барем еднаш годишно.

Вечер или утре ќе напишам нешто повеќе и подобро зошто филмов тотално заслужува една потемелна рецензија.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.172
Поени од реакции
25.324
Одличен филм, предобар. Мислам дека нема веќе што да се напише после рецензијата на @Zlatikevichius, затоа секогаш гледам првин да напишам нешто па после да ги прочитам другите мислења. Али еве овој пат обратно направив. Од збор до збор истото го мислам.
Единствено само би ја пофалил уште еднаш глумата на Броди, стварно гази дечкото. Се гледа дека се има соживеано со улогава, го гледаш во улогава и стварно ти изгледа како да е substitute teacher.
Многу сакам филм што ќе разбуди некое чувство кај мене, овој беше таков, направи да се осетам како куртон зашто сум се понашал како најголем деген према некои професори во средно.
Оценка од мене, 8.5/10.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Detachment. Што да се додаде по прекрасната рецензија на @Zlatikevichius , кој кажал речиси се за овој филм. Затоа јас ќе се обидам да дадам само неколку дополнувања на неговите размислувања. Забележав дека на повеќемина им се допаѓа и го фалат филмов (не дека не е за фалење). Добар филм кој те тера да размислуваш што се случува со образовниот процес во светот и кај нас. Интересно претставена приказна, естетика во дијалозите (што ретко се сретнува низ поновите филмови), мисли кои ти го скокоткаат мозокот, глума на одлично ниво (особено на Brody), анимациите совршено се вклопуваа во приказната презентирајќи го во внатрешниот свет...
За да не се повторуваме, јас во глобала ќе се задржам на нештата кои не ми се допаднаа. Сепак имаше и моменти кои ми беа целосно нелогични и сувишни. Хенри е професор на замена, душа од човек, кој со својот пристап, поглед, зборови... успеа да внесе промени во класот во кој предаваше. Тоа во реалноста малку потешко оди. Тоа го знаеме сите кои работиме со деца. Сепак, одличен пример за сите наставници, професори, педагози и психолози. Тој е сето тоа во еден човек. Всушност таков би требало да биде секој човек кој работи со деца. Не ми се допадна како беа претставени психолозите во филмов. Јас знам дека секој психолог си има свои методи и теориска рамка кон која е наклонет, но сепак. Филмов даде лоша слика за нив.
На моменти Хенри изгледа како имагинарен лик кој во реалноста не постои. Тој и помага на Ерика, ја прибира во својот дом, живее со неа, се обидува да ја изведе на прав пат, се грижи за својот дедо, за своите ученици, за колегите... за цел свет. Според мене непотребно беше до толку да се потенцира дека тој е толку голем човек со високо изразени карактеристики на алтруизам и несебичност. Како човек кој се сомнева во конструктот на алтруизмот, тешко ми е да поверувам дека постојат вакви луѓе.
Најглуп момент од филмот ми беше со детето кое ја уби мачката. Хенри случајно шетка низ салата, гледа нешто сомничаво и оп... открива потенцијален сериски убиец. Не им требало.
И за крај уште само неколку зборови за односот наставник-ученик (инспириран од сцената кога тој не смееше да го прегрне девојчето што се уби). Учениците се понекогаш збунети, изгубени, проблемите ги преувеличуваат, имаат збрка во идентитетот... А прегратката може да биде прекрасен лек. Не ми се допаѓа тоа што во тој однос се забранува физичкиот контакт. Социјалната поддршка (независно во кој облик) е неопходна. Прегратката помеѓу ученик и наставник не мора да биде педофилски стигматизирана.
Од мене јака 7 за филмов.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.996
Поени од реакции
37.286

Во Америка педофилски беше стигматизирана фотографија на татко кој се бања со неговата малечка ќерка во иста када, а не па ова. Да ме видат мене секој ден што му правам на малиот за да не добие фимоза, може и во затвор да лежам. :D

Морам да одам сега, ќе дополнам подоцна.[DOUBLEPOST=1458742967][/DOUBLEPOST]Дополнение: ако бараме влакно во јајцето, секогаш и ссекаде ќе најдеме, па и овде. На пример, читав дека на многумина не им се допаднал начинот на кој беше претставено како Мередит се самоуби. Дебела девојка се убива со цијанид ставен во храна - им изгледало претенциозно и навредливо кон дебелите луѓе. Јас не го ни забележав овој момент, искрено, а и се сомневам дека режисерот намерно би направил нешто такво, зашто девојката која ја глумеше Мередит е негова RL ќерка. Според мене, ова е коинциденција.

Исто и со Хенри - не беше баш толкав алтруист како што велиш. Си имаше он и доста маани и бубачки во главата.
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.757
Поени од реакции
43.945
Има сцени во филмов кои го потврдуваат моето мислење дека некои работи едноставно треба да си останат олд скул. Како на пример професор да може да му врежа еден шамар на непослушен ученик. :D Ќе бидам малку офтопик, да го подобјаснам ова... xD

Искрено, најмногу од се ме вадат од такт деца што немаат почит спрема повозрасен. Кога ќе му се обратат со повишен тон, иронично...кога нема да му персираат (посебно на професор), или уште полошо ако искорситат бе/ма...

Во секој клас имало по некој што (на тие години) мисли дека ќе излезе фаца ако му се издере на професорот, за после некоја година да сфати дека уствари се иссељачил пред поголемиот дел од соучениците... (нормално на некои стварно им е јако и ќе го расправаат наредните 2-3 месеци по другари и братучеди) Е, да им беше сеуште дозволено на професорите да го залепат една, да го искубат за уши/коса, мислам дека 80%од таквите деца ако ништо друго, барем ќе го поправат однесувањето на неговиот час. :) И јaс сум се заебавал на школо со многу од професорите, ама пред се со помладите, некаде до 35-40 години и секогаш во рамките на дозволеното. Додуша сега ми текна дека имам направено една голема глупост, ама за тоа друг пат. :D И да се рабереме, не викам да му ебе мамето на детето од ќотек. xD

Во филмов, Хенри е до толку отрпнат од некои претходни случувања во неговиот живот, што воошто не допира до него однесувањето на било кој ученик на неговиот час. Освен тоа знае да ги најде вистинските зборови, а кај тие што малку повеќе фала кликерот и тоа може да биде доволно. За сцената кога девојката што се самоуби бараше да ја гушне сметам дека не би требало да се оквалификува како педофилија контакт меѓу учител и ученик во таков конкретен случај, но не сум сигурен колку би и помогнал. Можеби само би го одложил самоубиството, бидејќи девојката сеуште ќе биде одбацена од општеството, а ако се сеќавам добро и татко и и јадеше гомна нешто за сликите што ги имаше направено. Повеќе пишував лични сфаќања, ама јебига. Да завршам со оценка - 7.5/10.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.172
Поени од реакции
25.324
Мене па на сцената кога се гушка со ученичката повеќе ми изгледаше како он да си го направи филмот дека направил нешто педофилско отколку таа женската што го обвинуваше. Зашто цело време додека траеше таа караницата на него му се вртеа флешови во главата за дедо му и мајка му. Така да ваљда се десило нешто меѓу нив двајца (злоставување или нешто) што го натера да си помисли дека и он го прави истото, затоа и толку се напна.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.996
Поени од реакции
37.286
Не, ама и дефинитивно Американците претеруваат со дефиницијата за педофилија. Уште еден пример: спотот на Сиа за Elastic Heart со Шиа Леб'ф (или како и да се транскрибира на македонски) и девојчето што личи на Сиа. Толку се зборуваше за тоа колку било педофилско видеото, преку глава ми беше. После - го спомнав и таткото што се бањаше со ќерка му во када... Има уште еден куп слични примери.

Не споменав: јас мислам дека Хенри беше опседнат да им помага на луѓето само затоа што се прекоруваше себеси дека не и помогнал на мајка му тогаш кога и беше потребна помош.

А што мислите: какви беа резултатите од ХИВ тестот на девојката?
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.767
Поени од реакции
11.759
На поминување сум, имам 467 колоквиуми овој период ама одвоив саат ипол да го ѕирнам и ова.
@Anon ми е нов кајгана пријател :icon_lol:, па да го испоштувам. Дури го гледав и без превод како што си пишал. (на бс плеер) :ROFLMAO:

Одлично, ми се допадна изборот премногу. Сакав да го опишам со еден збор само што го изгледав, пробав со депресивен али не одговараше. После го отворив постот на Злате, меланхоничен точно така.(y) Кога сме кај Злате секоја чест и на тебе, со мерак ти го прочитав постот. Немам многу што да додадам, само ќе ја потенцирам уште еднаш глумата на главниот лик. Искина типот.

Оцена 4/5
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Не мoжaм дa се решaм дaли ми се дoпaднa филмoв или не, прикaзнaтa веќе јa имaм виденo, прoфесoр кoј рaбoти сo прoблемaтични децa кoи не гo прифaќaaт, пa зa нa крaј дa плaчaт пo негo, сaмo тукa беше нештo пoрaзличнo штo гo стaвa филмoв нa првo местo вo негoвa брaншa, нo не ми е зa десетки и филм штo немa дa гo зaбoрaвaм. Интереснo беше дoдекa гледaв, oк е филмoв, oние ликoви нa кoи им пoсветиле пoвеќе време генијaлнo ги прикaжaле, a другите сaмo кo дa ги нaфрлиле без врскa кoлку дa имa гужвa и дa се дешaвa нештo.

Дебелкaтa нaјвеќе ми се дoпaднa, сaкaм тaкви рaзлични ликoви штo трaгичнo зaвршувaaт, Ерикa истo, мaдa требaлo дa прикaжaт нештo пoвеќе зa нејзинoтo минaтo, штo и се десилo зa дa стигне дo тaму, a мoжнo е и јaс дa не сум скoнтaлa. (А ХИВ тестoт мислaм декa испaднa негaтивен)
Брoди мене ми е зaпечaтен кaкo пијaнистoт и никaкo не мoжaм дa гo прифaтaм кaкo друг лик, се си мислaм декa е истиoт кaрaктер вo нoвa ситуaцијa :D
Другoтo сaмo нaлупaнo кo штo кaжaв кoлку дa пoмине време, штo дури и не ми текнувa нa другите ликoви и нивните дешaвки, a вчерa гo гледaв филмoт.
Се нa се зaдoвoлнa сум. 7/10
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Се заборавив јас, уште пред некој ден требаше да напишам рецензија :icon_mrgr:

Прво нешто што ми падна на памет од кога го изгледав филмот беше меланхолија. Не дека претходно споменавте, него такво чувство пробуди во мене додека го гледав. Не ми беше депресивен до степен на Сабмарино и тој другиот со педофилот. Онака некоја златна средина со измешани емоции, те пука реалноста додека го гледаш. Има некоја мешавина од меланхолија и feel good на моменти, bittersweet би рекол дека е.

Можеби акцентот е ставен на професорите и нивниот допринес во општеството и всушност колку се важни во процесот на созревање на децата, но исто така филмов му мава врела шлаканица на модерното општество. Хенри дава се од себе за да направи некаква разлика во светот, сака да помогне и да го смени начинот на размислување на подобро кај луѓето. На одреден период тоа му успева, додека предава сите го слушаат, активни се, не се закачаат и сакаат да научат нешто ново. Но, колку време трае оваа утопија ? Додека не заврши часот и секој си оди по својот пат. 90% од децава се идни пропалици со лузерски менталитет кој им се наметнува уште од самиот дом каде што се навредувани и тепани од родителите,а истото ги среќава и надвор од домот. Мередит не само што секојдневно ја навредуваат во школо, дома ја чека уште поголем пекол. Како може да се стекне со самодоверба и достоинство кога никогаш не наишла на подршка во животот, била омаловажувана и подценувана, се осеќа отфрлено. Сцената со Луси Лиу кога се расплака пред тоа девојчето додека и држеше животна лекција ми беше многу моќна сцена.
Мене филмот ми се чини дека повеќе алудира на секојдневниот живот на еден просечен човек од средна/ниска класа и проблемите се кој се соочува.

Во врска со одредени сцени што викате дека биле натрупани без врска, според мене мислам дека режисерот само сака да долови една поголема слика, а нема доволно време да ги развие тие сцени во саат ипол. Таква грешка имаше и во War of Buttons ама тука некако ми беше подобро егзекутирана таа идеа да се опфатат повеќе теми за дискусија. Сцената со детето кога ја убива мачата, животот на директорката кој се распаѓа, професорот што виси на ограда и никој не го рецка, тој што даде отказ преку voice mail , родителите што ги бранат и охрабруваат нивните деца иако не се во право... Кога ќе разгледаш поубаво филмот има скоро се живо диво опфатено ептен те мава во реалноста, која не е сјајна. Плус филмот е како документарец на некој начин.

Хенри на крајот воочи дека не може да го смени светот сам и дека е пре fucked up, па дигна раце од се.
Изнапишав толкав реферат, а не ги спомнав дедото, Ерика, Кристина Хендрикс <3 итн... ама нема везе кажано е за нив во претходните коментари. Сакав да дадам еден коментар од друг аспект :)
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Тек вчера успеав да го изгледам филмот. Малку покасно. Веќе се сте кажале и издискутирале..
Добри страни, лоши страни.. Одлична рецензија на @Zlatikevichius , од друга страна како противтежа мислењето на @dejan_k. Потенцирани се скоро сите нелогичности претходно како нафрлани ликови без врска и недообјаснети приказни за нив, но за мене најлоша страна беше камерата, т.е начинот на кој беше сниман му даваше на филмот доза на аматеризам. На крај, ќе се сложам со @Хоуп и ќе најдам некоја средина.
Нема да биде филм кој ќе го вреднувам превисоко, но дефинитивно истиот ќе ми остане врежан во меморија уште долго време.
7 од мене. :)
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Мене јасно ми е дека сакал да си долови некоја поента со другите ликови и дека не се само тукутака налупани без врска, само така изгледа и пошто има три лика кои ептен се разработени, другите се некако ко во сенка и немаш време ни интерес толку да ги анализираш, а и не биле нешто посебно интересни за да ги памтам ко што кажав и по 10 саати од филмот, не можев да се сетам на некој друг освен на Броди, Ерика и дебелата. И на другата наставничка, само затоа што размислував така да се фарбам :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Џејмс Кан и Луси Лу само се моткаа натака навака, да беа некои непознати актери немаше ни да се сеќаваме дека постоеле у филмов. :D
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.115
Мене јасно ми е дека сакал да си долови некоја поента со другите ликови и дека не се само тукутака налупани без врска, само така изгледа и пошто има три лика кои ептен се разработени, другите се некако ко во сенка и немаш време ни интерес толку да ги анализираш, а и не биле нешто посебно интересни за да ги памтам ко што кажав и по 10 саати од филмот, не можев да се сетам на некој друг освен на Броди, Ерика и дебелата. И на другата наставничка, само затоа што размислував така да се фарбам :D
Da, isto mi bese ova I mene minus. Voopsto nemase razrabotka I pozadina na likovite. Ubavi muabeti I se toa, ali ne mozev da se povrzam za da ima nekoe viso znacenje za mene. Vtor minus mi bese kamerata, kako sto rece zlate se oseka nekoj feeling ko Terrence Malick da ostavil pecat, ali vo glavno zumot I fokusiranjeto poveke mi udaraa na amaterski found footage I mi stvarase golema poteskotija skoro glavobolka, bidejki go gledav po preporaka na preporacuvacot - bez prevod. Mi imase mene utnato nekolku tocki za da mi bide filmiste, no sepak generalno soliden film I vreden za gledanje. Mi se dopadna porakata, mi se dopadna emociite sto gi iznuduvase, melanholija koja na kraj ne te nagraduva bas ali melanholija nonetheless, I glumata na sosema visoko nivo, I sosema sovrsen sklop na miksanje so animacii I dokumentarec elementi.

7/10 od mene! (y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom