Dancer in the dark (2000)
Филмовите на Ларс ми се микс на книжевна уметност и филозофија, прераскажани на филмски јазик. Првично тресењето на камерата ми пречеше, ама се навикнува човек. Во тој дел остана верен на Догма, единствено со намера да ги имитира очите на гледачот и до израз да дојде глумецот како најважен дел од филмот.
Лично го доживеав како филмиште.
Прекрасна приказна, семејна драма(мјузикл) која ми остави кнедла во грло. Животот на Селма, слепиот сонувач, која е спремна на се, за своето дете. На моменти ја мразев, на моменти и се лутев и на крај ја исплакав.
Добива можност да си ја промени смртната казна во робија, но ја отфрла. Прави се за да го спаси сопствениот син од слепило, а цената која ја плати е сопствениот живот. Моментот кога и паѓаат очилата од синот од раце се удавив
Секој е одговорен за своите постапки и треба да си ги сноси последиците. НО, не секогаш нештата се онакви какви што изгледаат на прв поглед.
Мајката е многу важен дел во животот на едно дете, ама дали очите се поважни? Дали жртвата на мајката ќе се исплати на крај?
Зошто никогаш не беше искрена до крај со својот син? Зошто една мајка мисли дека таа знае што е најдобро за своето дете, без да ги сослуша неговите желби?
И покрај стравот (107 чекори), останува доследна во исполнувањето на нејзината цел, да го спаси синот. Последната песна
Во животот на секој човек, треба да има барем по една Кати (Кетрин Денев)
9/10