About Elly
Мене ми беше еден од првите гледани филмови од Асгар Фархади, бар од оние иранските што ги има. Некако почнав по обратен редослед, наместо од најпознатите, Ели ми беше првиот избор.
Начинот на снимање, фокусирање на карактерите во кадар, додека ставање на другите во втор ред, прикажување на сегменти од хаосот во кој се наоѓаат сите, одбирање на што да се насочи камерата и самото нејзино движење е генијално и story telling-от е фантастично добро изработен.
Подоцна, овие техники за стварање на тензична драма, Фархади ќе ги усоврши во останатите филмови, но овој по мене е баш оној sweet spot кој го нуди цел негов потенцијал.
Сите негови филмови орбитираат околу една социјална ситуација, морална дилема во која се ставени карактерите каде што треба да одлучат како ќе постапат во дадената ситуација, притоа задржувајќи го својот морал и образ во едно крајно конзервативно општество како што е Иран.
Иако на некој од вас, овој дел не ви се допаднал до толку, за мене е баш најдобриот дел, пресликувањето на едно општество, социјалните правила и парадигми кои ни го управуваат животот на сите нас. Донекаде може и да се најдат мали сличности со нашето општество кое иако е далеку повеќе прогресивно, сеуште си пати од остатоци од пусто турско како "што ќе речат комшиите".
Она што друго ми привлекува внимание во неговите филмови, како и во Ели е токму тоа што немаме црно - бели ликови, туку се покажува една сива зона каде што никој не е во право, и сите се во право што му дава реален приказ на животот на луѓето, токму, онакви какви што се. Прикажувајќи како нивните одлуки ги базираат на нивното минато, и на социјалните стеги во кои се наоѓаат.
Филмот иако е прилично долг, успева да создаде таква тензија што при целото гледање мене ми го држеше вниманието. Актерите одлично си ја завршија работата и на нивните лица можеше да се препознае тешкотијата низ која минуваа во моментот на несреќата и бунилото. Голдшифтех Фарахани како главен лик околу кој се одвиваше дејството го подигна филмот на еден повисок левел. Може некој од вас ја памети по Патерсон. Срцка е.
Сличен оваков филм каде што одлично е портретирано едно конзервативно општество и низ што минуваат граѓаните веќе имавме во нашиот клуб, доста одамна, а мене многу ми се допадна. Мислам на
Gett: The Trial of Viviane Amsalem, иако таму локацијата се наоѓаше во Иран.
Топла препорака од мене за вас кои ви се допадна филмот, ако ги немате погледнато да ги погледнете и другите позвучни наслови од овој режисер.
8
П.с @Ska Maniac , те прочитав во ДК дека ќе одиш на средба со девојка од Иран. Знам дека не си активен во фан клубов, не знам ниту дали гледаш филмови. Но, еве одлична можност да ни се приклучиш, а и повеќе да се запознаеш со иранската култура ако до сега си немал толкава прилика.