Amarcord
И јас не сум некој не знам каков фан на Фелини, од двата што ги имам изгледано ништо посебно впечаток не ми оставија, ама овој многу ми се допадна,а и одамна ми е на радар и имав некакви очекувања од него, најмногу заради саундтракот на Нино Рота, кој е волшебен, магичен, и е засебен лик вo филмот, како и во сите филмови, Рота е мастерклас. Сакам вакви амбиентални филмови што те телепортираат у некое друго време и некое друго место, па дури и да се без плот како овој, прават да се осеќам како да сум дел од гратчето и луѓето што некогаш таму живееле.
Ликовите секој приказна сам за себе. Квирки и интересни за гледање, следење, и дружење со нив. Одлично бепе портретирањето на сите, иако само една фамилија беше во фокусот на нарацијата, преку нив и нивните интеракции со останатите, прилично детално се запознавме и со сите останати.
Некаде во текот на филмов очекував да има погреб, иако не сакав, за ваков филм кој сака да ги покаже сите обичаи и кастмс, очекував да го видиме и тоа. Но мислев дека ќе биде дедото, и дека ќе биде некаде на средина од филмот. Малку ме погоди што беше мајката, зашто на таков позитивен филм не му требаше трагичен настан со толкава тежина. И веднаш потоа беше свадбата на Градишка, што ми беше малку непријатен прелаз, со оглед на тоа што многу нагло ми се смени емоцијата на филмот.
Во секој случај, уживав додека го гледав, и поминав една прекрасна година која започна и заврши со пафболс во Борџо Сан Џулиано, мало гратче во близина на вечното почивалиште Римини на мојата муза Франческа.
8/10