Малку оф-топик: Дечки, ако не сте виделе, веќе две години правиме листа од најгледаните филмови на кајганџиите (ТОП 250), па стигнавме до момент кога треба да ја завршиме. Погледнете ја темата ако сакате да учествувате, има само уште неколку дена можност за гласање.
http://forum.kajgana.com/threads/Кајгана-ТОП-250-Гласање-ПОСЛЕДЕН-круг.80952/[DOUBLEPOST=1458659959][/DOUBLEPOST]
Мене па ич не ми беше добар. Мразам вакви налупани филмови. Неповрзано ништо.
Пун курац искомплексирани ликови, кој од кој. Досаден филм.
Професор чиј татко ги напуштил доека бил мал, мајка која се отрула со апчиња, израснал со дедо кој бил избеган од реалноста откако починала мајка му. Не знае кај тера у животот. Се грижеше за млада проститутка и помагаше на некој начин да си го среди животот и после случката со дебелата, откако сфати дека може да си навлече проблеми поради тоа што живее со малолетничка за која никој нема поима која е одлучи да ја даде на центар за грижа на малолетници. Дебелата истотака искомплексирана личност до максимум, отфрлена од општеството побара помош, т.е не ни знаеше како да побара помош, се заљуби у професорот и се отру на крај. Може и ќе и помогнеше овој да не улеташе таа помаранџестата.
Налупани ликови, што мајка бараа Луси Лу, Џејмс Кан и тој од Брејкинг Бед ама ич не ми беше јасно, која им беше нивната улога. Едниот психолог кој што имаше една сцена, другата професорка и овој мажот на таа директорката изгубена у свемир.
Боље емисија на Дискавери да глеав.
Оценка?
@Anon ,
@Anon ,
@Anon ...
Чиста десетка! И не, не прекинувајте со читање тука, зашто имам многу што да кажам за да ја образложам оценката.
Прво -
@Anon, i see what you did here.
Второ - толку згуснат, набиен филм во кој секој детал makes a difference одамна немам гледано. Некаде околу 30-40 минута морав да го паузирам за да земам лист и пенкало и да фаќам забелешки за некои кадри и сцени кои ми оставиле впечаток. Трето - не се согласувам дека може да се спореди со Submarino и The Treatment и нивното ниво на депресија. Ова според мене не беше депресивно, повеќе би рекол - меланхолично. Многу ме потсети (по атмосферата, не по приказната) на My Blueberry Nights.
Е сега полека да почнам со отплеткување на клопчето - што ми се допадна. Филмов почнува со цитат на Ками, и по завршувањето на филмот, ја сфаќаш поврзаноста: егзистенцијализмот како премиса со која филмов управува. Следуваат кадри со исповеди на вистински наставници за професијата, задачите, одговорностите и негативностите кои таа ги носи со себе. Понатаму во текот на цел филм и ликот на Броди, Хенри на моменти зборува кон публиката како да е и он вистински професор. На тој начин, со вметнувањето на елементи од документарец режисрот сака да ја направи целата приказна пореална и да го натера гледачот да сочувствува повеќе. Некои слични техники веќе имаме видено во хорор филмовите како Paranormal Activity и Blair Witch Project (иако тука на друг начин, и во други екстреми), или дури и во Мајки на Манчевски. Ми се допадна оваа игра, морам да признаам. Освен тие „документарни“ сцени, постојат уште две димензии на приказната кои режисерот ни ги претставува паралелно: првата - actual path односно токму она што се случува во училиштето и во животите на луѓето во околу него, понекогаш искомбинирани со кратки анимации кои совршено ги опишуваат чувствата на ликовите во моментите кога тие се на екранот, а втората - од главата на Хенри (Броди), односно она кое тој го доживеал, претставено со заматени, крваво-црвенкасти сцени и кадри, камера која се тресе, и создава атмосфера на сон. По малку ми личеа на Теренс-Малик-овски манири. Имаме фикција, документарец, анимации, различни техники на снимање... сѐ во едно. И сѐ тоа функционираше беспрекорно!
Раскажувањето е приказна за себе! Имаш лик, два или неколку во една сцена, нешто се случува. За да опише како некој од тие ликови се чувствува, режисерот користи кратки анимации. Пример: во сцената кога излегуваат на вечера со црвенокосата колешка: таа зборува за тоа колку и е убав животот, каква поддршка има од блиските, постојано е насмеана, а Хенри - тотална спротивност на неа. Кога ја слуша, сфаќа дека немаат ништо заедничко и со секој следен нејзин збор, става по една нова тула во ѕидот кој набрзина го изгради меѓу нив двајца. И режисерот навистина гради ѕид. Набрзина. Анимиран. И тоа насликан на училишна табла! Ма прекрасно!
Уште една таква сцена на која се сеќавам - кога умира дедо му на Хенри, во болницата стои покрај неговиот кревет и сфаќа дека единствениот лик од неговото семејство кој му останал, човек кој бил кула во неговиот живот, веќе го нема. Тогаш, на училишната табла се појавува светилник среде мирно море кој наеднаш се срушува. Пак -
Песната на средина, да, морам да ја спомнам песната!
Сега приказната. Не беше ова само еден малку-поинаков филм за образовниот процес во Америка и за еден даскал кој се обидува да подзакрпи со латици таму каде истиот тој процес е распаран. Не беше. Ова беше филм за тоа како секој сегмент од американското општество е скинат. За тоа колку fucked-up се повеќето Американци, колку мизерни се нивните животи, калку се сите отуени од себеси и од своите најблиски. Децата растат сами, фрлени во еден свет на лаги, интриги, меланхолија, немаат некоја цврста градба за која можат да се фатат и за која можат да се обидат да се борат (како што тоа беше дедото на Хенри за Хенри, или Хенри за Ерика (подоцна)...). Децата стануваат проститутки и се убиваат заради лошиот третман од целокупното опкружување вклучувајќи ги и нивните fucked up семејства. Американскиот сон е само една голема фарса, параван кој можеби носи насмевки, но зад истите тие насмевки се крие сѐ она што го опишав погоре: отуѓеност, болка, здодевност, тага... Никој не може да го оправи тој процес на гниење, зашто веќе сѐ е труло. Ни образованието. Учителите се само безгласни букви, „faceless личности во празни училници“, зашто на крајот сѐ она што го кажале, за сѐ она што ги учеле децата станува неважно. Затоа и последната сцена од филмот во која Хенри е сам во празната училница во која се е испревртено зборува многу. Мошне интересен кадар имаше кон крајот на филмот, по самоубиството на Мередит: Хенри е сам во училницата, влегува црвенокосата негова колешка, нешто разговараат, а фокусот на камерата е врз црвенокосата, иако таа е во позадина. Линкот на Хенри, кој е напред во кадарот, е заматен. Тој навистина станува faceless man во празна училница, исто како на сликата која Мередит му ја даде кога побара помош од него. Faceless man зашто неговите зборови кон Мередит беа залудни. И рече дека ќе биде подобро... Но можеби таа погрешно го сфати? Претходно имаше една реплика: „Suicide is a permanent solution to a temporary problem“. Можеби баш во неговите зборови погрешно протолкува дека навистина ќе биде подобро... по смртта???
Имаше еден момент кој навистина ме насмеа, а не беше за смеење.
Колегата на Хенри кого сите го игнорираа: жена му гледа ТВ постојано и не му спрема вечера и не разговара со него, исто како и син му со слушалките на глава; учениците на тестовите му пишуваат „YOU SUCK“, а и колегите професори го игнорираат. Се чувствува како невидлив. Стои потпрен на оградата во училиштето, со неговата мизерна фаца наместена. Доаѓа Хенри и го прашува дали е добро. Овој жив среќен дека некој го видел, го прашува „ме гледаш?“ зашто дури и толку му е доволно да знае дека постои. Да се сомневаш дека постоиш и те гледаат - мизерност ultimate level!
И за крај - Ерика. Девојчето кое Хенри го избави од улицата. Личноста со која уште еднаш си потврди и себеси а и нам дека не е човек кој се врзува, па мораше да ја смести во установа. Преубав дел од приказната. На крајот остана да лебди прашањето по повикот од болницата: дали Ерика е ХИВ позитивна или не. Јас мислам, верувам и сакам да мислам и верувам дека тестот е негативен. Зошто инаку Хенри би имал толката насмевка кога повторно ја виде, во сиропиталиштето, кога отиде да и ја соопшти веста? Се наежив на сите тие насмевки и прегратката од Ерика - единствен зрак светлина во приказната кој ти дава верба дека не е сѐ така изгубено. И Хенри, и Ерика конечно дозволија Attachment (ова намерно, како алузија на насловот, иако знам дека малку глупаво звучи
). Хенри одлучи да не ја повтори грешката која ја направи со Мередит и единственото нешто кое му го донесе таквата одлука е насмевка на лицето. Прекрасно!
Навистина
@Anon , прекрасно! Имам уште многу, многу, многу да зборувам за филмов и сите чувства кои ги побуди кај мене. Ете на пример, не ја споменав одличната глума на Броди, пред сѐ, но и на останатите (одлична актерска екипа). Но сето тоа е помалку важно сега. Важно е што јас ова го впишувам во листата на ремек дела кои сум ги изгледал. Премногу потценет филм! Премногу!
@Anon , don't be a faceless man in an empty classroom.
Фала ти уште еднаш!