- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.140
- Поени од реакции
- 37.675
A Woman Under the Influence
Еве @Комита Ултрас , ветив, и го исполнувам ветувањето. Навистина тажен и мачен филм. Пак ве исчитав сите и овојпат најмногу се согласувам со @grande-juve и @moongoses . Со @grande-juve најмногу зашто и мене Мејбл ми делуваше најнормална од целото опкружување. Моментите кога беше со децата, особено, ми го топлеше срцето. Наспроти нејзе - Ник: лош татко, лош сопруг, лош пријател... Ми делуваше ко личност со Dissociative Identity Disorder, кога нему ќе му прдне беше ОК и расположен, ко ќе нему не му беше ОК, мораа сите околу него да ќутат. На Мејбл кога делуваше најнормално и тажно, по враќањето од лудница, и вика: биди ти, т.е. слободно прави мрднати работи, за кога таа пак почна да ги прави, нему му сметаше, па дури и и ја учука една, пред децата! Значи трошка нормално немаше во него, типичен пример за тоа како не треба да се однесува сопруг, родител, пријател и човек. Мајките, двете лудачи: едната со егоцентризам до плафон, другата слика има, тон нема... Татко и на Мејбл, лика и прилика на мајка и. Тие ко да се помириле со фактот дека ќерка им е „луда“ и ко да не се замараа дека постои, а не па да и помогнат за било што. А да не зборам па за „пријателите“ на Ник, и особено нивните сопруги - која од која поненормални! Пак ќе речам - единствена нормална личност во цел филм беше Мејбл. Останатото најдобро може да се опише со реченицата: „се молат Ромите да не прават цигански работи“. Тешко на деца во такво опкружување!
Мене воопшто не ми сметаше камерата тука, напротив, му даде некој по-артси шмек на филмот, и дополнително придонесе да се долови целата атмосфера на колективно лудило. Глумата на Роулендс - врв! Алал! А особено ми се допадна режијата зашто на моменти се чувствував ко да гледам документарец, а не игран филм. Имаше таква некоја аура на реалистичност околу филмов, ко никој од актериве да не глумеше (може заради импровизациите, не знам), туку ко се навистина да се одвиваше пред нашите очи.
Единствената замерка ми беше заради должината. Некаде во последната третина од филмот, малку ме замори и се изгубив во приказната, па ми стана досадно. Ќе било далеку поефективно да скрателе барем половина час. Но сепак, генерално - одличен предлог, уживав во него, и ќе остане филм кој ќе го паметам. 8/10