FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
@ob1 , @Васил МКД , @ElNinho , @Leo Bonnie , @DaedaIus , @bobipp , @Shawn Spencer , @123456 , @џимеј , @dragonsky , @Хефест , @wot , @moongoses , @grande-juve и @Erich Zann - уште само два дена за Sling Blade. Не го пропуштајте.

Инаку, мал teaser за следниот филм, онака како што правев и за првите 2:
Ако е пак за музика, i will burn this place to the ground
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
The Spacewalker

Ми остана време од терминот на девилко да изгледам уште еден негов што го бев пропуштила па еве да ја раздвижам темава малку пред сам крај. Само да напоменам тука за новите членови, кои го немаат гледано филмов а планираат да го гледаат дека рецензијава ќе биде со спојлери како и за секој друг филм во темава, па скролајте брзо ако го немате гледано, и топла препорака од мене да си го изгледате.

За филмот бев ептен скептична, што заради тематиката, што заради должината, што заради земјата на потекло (немам јас нешто особено позитивни впечатоци од русите кога се работи за филмови). Воопшто не ме влечеше апсолутно ништо во врска со него и ич немав волја да го гледам. За среќа бев ептен позитивно изненадена, беше долг навистина ама исто така и набиен со suspense и непредвидливост. Непредвиливост за мене зашто не знаев/не бев сигурна дека се работи за вистински настан, а дури и да знаев, не знаев за исходот на настанот, така што не знаев што да очекувам. Со текот на филмот сфатив дека сепак е вистински настан, ама сепак не знаев што да очекувам и дали ќе им биде мисијата успешна. Таа неизвесност траеше до самиот крај додека не се симнаа од авион во последната сцена зашто буквално можеа да умрат every step of the way. Актерите и глумата исто така супер, одлична, те тера да навиваш за ликовите, да сакаш да успеат, те тера да ги мразиш административците и генералите, оние коишто сакаа да ги остават на милост и немилост на околностите. Вистина прекрасен филм за кој стварно не очекував толку да ми се допадне, и Леонов толку топол лик, толку весел, толку нетипично руски, дете заробено во возрасен човек, од оние нерасипаните, бестрашните, што се пуштаат со точак по удолница без раце и викаат Мамо види ме! Тоа е Леонов за светот - бестрашно дете, што се качи на врвот на светот и зачекори во вселената додека цел свет гледаше.

Kudos @devilko
8/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.893
Поени од реакции
6.167
@Corvus , сега е време да му дадеш шанса и на Salyut 7. Исто по вистинска случка е, така да, не читај ништо. :X3:
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Sling Blade

Деби филм на Били како режисер и се примети. Иако приказната не е нова, многу убава замисла ама малку послаба реализација. Филмот успеа да даде топлина, успеа да не поврзе со Карл и да навиваме за него, но беше многу наивен и предвидлив.. уште од првата средба на Карл со детето знаев дека ќе убие повторно "за повисока цел".. Музиката многу ми се свиѓаше, а главната ѕвезда беше Били како глумец, растури.

Севкупно, убаво филмче.. 7,5/10



Спејсвокер и ја го глеав, скоро исто мислам ко @Corvus , само би додал пофалба за кинематографијата.. 8/10
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.486
Поени од реакции
5.581
Sling Blade

Не стигнав да напишам рецензија, фала на Злате шо тагнува. Доста предвидлив филм но Били Боб беше феноменален, улога на кариерата. Одличен баланс имаше на ликот, never go full retard. Ме бендиса камерата, одлично го следеше Карл и го доловуваше емоциите. Исто и мене многу наивно ми беше семејството како го прифати но се на се солидно остварување.

Од мене 8/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Sling Blade (1996)

Второво гледање после дваесет и некоја година, ми го потврди впечатокот што ми останал во сеќавање за филмов.

Одлична трансформација на Били Боб, но и покрај тоа што фантастично влезе во ликот, изведбата беше праволиниска. Немаше реакции, емоции, промена на расположенија, туку како робот цело време си гледаше право со истиот израз на лицето и со истиот завршеток на муабетот. Затоа и оскарот отиде кај Џефри Раш, чиишто лик е потполна спротивност на овој.

Дејствието исто така линеарно, очекувано, останатите ликовите црно-бели. Односно сите беа моделирани за беспоговорно да ни се допаднат, освен едниот кој беше направен премногу иритантен, за да на крајот воопшто не го жалиме за тоа како ќе заврши. Иако се зафаќа со тешка тема, сепак сценариото беше бајковито. Неколку сцени беа вишок, некои малку предолги, барем гледано од денешна перспектива.
Музиката беше одлично направена и многу добро градеше атмосфера. Не е нешто што може отпосле да се слуша, а последните две-три нумери ми беа прегласни. Како да од почетокот кон крајот на филмот музиката да стануваше сѐ погласна.

Убав филм, исто гледлив ќе биде и во следните дваесет и нешто години, па и потоа.

7/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.405
Поени од реакции
5.962
Овој ми е еден од поомилените филмови. Ако добро забележав на Letterboxd слабо форумџии го имаат гледано, а сакам да прочитам мислења.

Кратка рецензија:

Werk ohne Autor или Never Look Away е моќна драма која го следи животниот пат на младиот и харизматичен сликар Курт Барнерт. Тука имате и војна и љубов и тајни и уметност. Филмот трае нешто повеќе од 3 часа, но вреди буквално секоја минута. За мене е ремек дело на современата европска кинематографија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.007
Поени од реакции
37.335
Sling Blade го гледаа 15 членови, 3 повеќе од претходниот филм, и му дадоа средна оценка 7,8 што е втора највисока оценка во третиот рестарт на клубот, по Soul.

Го испуштија:
* @bobipp и @Erich Zann - прв неизгледан
* @ob1 , @Васил МКД , @ElNinho , @123456 , @wot - втор по ред неизгледан (Жолт картон)
* @DaedaIus , @Shawn Spencer , @џимеј , @dragonsky , @Хефест - трет по ред неизгледан (Црвен картон. Како што реков, сите секако ќе предложуваат филм, но со овој црвен картон го губите местото на листата и одите најдолу. Секако, јас ќе продолжам да ве тагнувам, додека не ви здосади и конечно изгледате некој филм.)

Следен (119 филм) го гледаме предлогот на @Setsuko - Werk ohne Autor / Never Look Away. Ова е само втор предлог на @Setsuko во клубов, по Brothers: The Final Confession , 39 предлог. Јас сум еден од ретките тука кои веќе го имаат гледано, и за мене беше одличен филм. Се надевам дека на сите ќе ви се допадне.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
А бе дечки, ја си пишав не ме рачунајте за ова, онака пишав рецензија за Soul дека се погоди тогаш да го гледам :( Не сакам да фаќам место на луѓе у клубов кога ради реда ми беше пишан првичниот пост без да планирам да бидам инволвиран у ова
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.007
Поени од реакции
37.335
А бе дечки, ја си пишав не ме рачунајте за ова, онака пишав рецензија за Soul дека се погоди тогаш да го гледам :( Не сакам да фаќам место на луѓе у клубов кога ради реда ми беше пишан првичниот пост без да планирам да бидам инволвиран у ова
Ама секако ќе предложуваш филм, така што, never mind. ;)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.942
Поени од реакции
7.055
Мој пропуст овојпат. Едноставно немав време периодов.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Never Look Away

Ја најде вистината а не беше свесен за тоа. Но тоа е секако подобро во неговиов случај :)

Па, па, па, каква перфекција од филм. 10/10. Филм што се става на рамниште со Shawshank, Forrest Gump, Life is Beautiful, Treto Poluvreme, Mr. Nobody, American Beauty, A Clockwork Orange...
Филм за сечиј вкус. На ваков филм не можеш ни мана да му најдеш, не можеш да го хејташ... овој филм би го хејтал само некој хардкор хипстер со изгледани 6375 филмови па би му „сметала“ сета оваа перфекција што ја гледавме на екранот.

Глума, сценографија, CGI, приказна, музика... па уште Max Richter ме искина со неговата On the Nature of Daylight.

Ја обично хејтам ликовна уметност ама колку беше прекрасна во филмов не можам да опишам.

Вокерка, Господ здравје да ти даде, и едно момче како нашиот главен јунак што ќе ти рече

1614033346316.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom