FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.149
Поени од реакции
37.706
Вака сега, мачорот со "фејк" обврските го немаше, "глувчињата" почнаа оро да играат - муабетов. :pos: @Iceboy имаше рок до понеделникот, 07.05 да пишеше, инаку го губеше правото да предложува следен. Плус, и имаше рок до сабота, 12.05, да одбере филм, ако го исполни првиот услов, и тој не беше испочитуван. Пиша дури во рамки на терминот на следниот предложувач, @Anon , кој веќе имаше избрано "златна резерва" филм. Во ваква ситуација, @Anon требаше да предложува денес, со што би почнал петти, нов круг, па @Iceboy би се вратил за 2 недели со неговиот предлог, но од четврт круг. Истово се случи двапати до сега на преод од круг во круг, вториот пат со @grande-juve , сега, скоро, на преодот од трет во четврт круг, и двата пати изигравме како што опишав погоре.

Но...

1. Бидејќи @Iceboy веќе го кажа насловот на неговиот предлог, ќе биде нефер (кон филмот, mostly) да го оставиме за после 2 недели, а притоа сите да знаеме дека е тој, со што и се губи моментот на изненадување,
2. Затоа што би било комплицирано и за анализи, и за пресметки, и за прегледност, да го завршиме овој круг, да почнеме нов, па да се вратиме пак на овој...
...нека остане во следниве две недели War Horse на репертоар. По две недели дефинитивно одиме со предлогот на @Anon , а ако некој се врати во меѓувреме, тој ќе оди по @Anon . Рокот за тоа е две недели од сега, до точно на полноќ помеѓу недела и понеделник, и отстапки нема да има.

Анализата нешто подоцна.
Како е сега правилото за да се вратиш, било кој негледан да изгледаш или мора еден од последните три? Или сите три последни треба... :icon_mrgr:
Мора:
1. Еден од последните три и
2. Три од последните 10.
И мора двата услови да се исполнети, без исклучок.[DOUBLEPOST=1526314770][/DOUBLEPOST]Што да анализирам, полесно никогаш не било. Честитки, дното е допрено, само тројца го гледаа Spacewalk што е нов неславен рекорд, но од друга страна, со 8,3 оценка е највисоко оценет филм во четвртиот круг. Го испуштија: @grande-juve (прв неизгледан), @Zlatikevichius , @Corvus , @Gazpapir , @whatto , @ManUtdChampions и @Iceboy (на сите втор неизгледан филм, на чекор до испаѓање).

@wot , мењај наслов и по можност и репрограмирај ги членовиве: Film Club (War Horse: 14.05 - 27.05)
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Вака сега, мачорот со "фејк" обврските го немаше, "глувчињата" почнаа оро да играат - муабетов. :pos:
Во македонскиот јазик секогаш кога се користат наводници на почетокот се долни а на крајот горни.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.149
Поени од реакции
37.706
Во македонскиот јазик секогаш кога се користат наводници на почетокот се долни а на крајот горни.
Знам. Кажи им на Самсунг тоа, фабричка грешка имаат во телефоните. :P
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Се извинувам.Ама ќе ги изгледам нема оправдувања дефинитивно у фолдер си мекнеат : (
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Вака сега, мачорот со "фејк" обврските го немаше, "глувчињата" почнаа оро да играат - муабетов. :pos: @Iceboy имаше рок до понеделникот, 07.05 да пишеше, инаку го губеше правото да предложува следен. Плус, и имаше рок до сабота, 12.05, да одбере филм, ако го исполни првиот услов, и тој не беше испочитуван. Пиша дури во рамки на терминот на следниот предложувач, @Anon , кој веќе имаше избрано "златна резерва" филм. Во ваква ситуација, @Anon требаше да предложува денес, со што би почнал петти, нов круг, па @Iceboy би се вратил за 2 недели со неговиот предлог, но од четврт круг. Истово се случи двапати до сега на преод од круг во круг, вториот пат со @grande-juve , сега, скоро, на преодот од трет во четврт круг, и двата пати изигравме како што опишав погоре.

Но...

1. Бидејќи @Iceboy веќе го кажа насловот на неговиот предлог, ќе биде нефер (кон филмот, mostly) да го оставиме за после 2 недели, а притоа сите да знаеме дека е тој, со што и се губи моментот на изненадување,
2. Затоа што би било комплицирано и за анализи, и за пресметки, и за прегледност, да го завршиме овој круг, да почнеме нов, па да се вратиме пак на овој...
...нека остане во следниве две недели War Horse на репертоар. По две недели дефинитивно одиме со предлогот на @Anon , а ако некој се врати во меѓувреме, тој ќе оди по @Anon . Рокот за тоа е две недели од сега, до точно на полноќ помеѓу недела и понеделник, и отстапки нема да има.

Анализата нешто подоцна.

Мора:
1. Еден од последните три и
2. Три од последните 10.
И мора двата услови да се исполнети, без исклучок.[DOUBLEPOST=1526314770][/DOUBLEPOST]Што да анализирам, полесно никогаш не било. Честитки, дното е допрено, само тројца го гледаа Spacewalk што е нов неславен рекорд, но од друга страна, со 8,3 оценка е највисоко оценет филм во четвртиот круг. Го испуштија: @grande-juve (прв неизгледан), @Zlatikevichius , @Corvus , @Gazpapir , @whatto , @ManUtdChampions и @Iceboy (на сите втор неизгледан филм, на чекор до испаѓање).

@wot , мењај наслов и по можност и репрограмирај ги членовиве: Film Club (War Horse: 14.05 - 27.05)
Кога ќе те видам колку се замараш со се овде со круговиве и чудава, сфаќам дека сме идиоти и дека не заслужуваме филм клуб :)
Инаку летер ми е сведок дека ми беа изгледани до саботата, само немав начкрапано ништо :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.752
Поени од реакции
2.564
Како е сега правилото за да се вратиш, било кој негледан да изгледаш или мора еден од последните три? Или сите три последни треба... :icon_mrgr:
Ќе се враќаш?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
War Horse

Филмов не допре до мене.
Или Spielberg станал mediocre или јас сум остарел/созреал.
Значи не може бе вака да ми уфрлаш познати актери у сред филм. А па уште на крај кога ми ги уфрли од Гејм оф Тронс и овој од Стил Лајф...
Ако сакаш да направиш воен филм - Hacksaw Ridge
Ако сакаш да направиш филм за луѓето да се поврзат со животно - Okja
Ако сакаш да направиш филм за повеќе актери шо некако ќе се сврзат - Magnolia/Crash
Многу потфрли филмов.
Да го глеав као помал со фамилија можеби океј. Се чувствував како да гледав некој од моине филмови у предизвик кои порано ми биле добри а сеа ми биле онака мех.
Музиката одлична, John Williams сепак, иако во некои сцени не беше убаво вклопена.
Барем се насмеав убаво 2 пати у филмот (кога малово девојче го учеше да скока, и коњов си скокна по тоа малот и кога го идентификуваа it's a horse it's a cow it's a horse).
Имаше неколку убави сцени, кога трчаше у сред битка коњов, друга солидна битка имаше исто така и сцените кога ораа на почетокот.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.149
Поени од реакции
37.706
War Horse

Јас го гледав ептен скоро филмов, на 19 март, и уште ми е многу свеж, па не планирам да го репризирам. Исто така, и заради тоа што поради моите "фејк" обврски, ми заостанаа 5 филма од предизвикот, претходните 2 од клубов + и 3 од порано и 15-тина епизоди од 4-5 серии, а верувајте дека ми е тешко да надоместам. Со оценката и видувањето за филмов сум ептен блиску со тоаа на @Anon . Филмов ептен очајно се обидуваше да игра на картата емоции, а не успеа да предизвика никаква емоција кај мене. Ми личеше на типичен дизниев фамилијарен филм, далеку од жанровите кои ги спомна Анон погоре. И како таков, во некои сцени ми беше многу кринџи, се чувствував потценет како гледач. Ама, ОК, сфаќам зошто беше номиниран за Оскар, зашто освен впечатокот кој го остава mostly приказната, се друго си е на место во филмов: глума (коњов требало да го номинираат за главна машка улога + сите останати споредни актери), камера, визуелни ефекти, режија...

Морам да искоментирам само една сцена која можеби изгледа како најнереална и која е нај-кринџ, а веројатно и не е баш таква: сцената во која коњот ќе се заплетка во бодликавата ограда на ничија земја на фронтот, па Германците и Британците ќе го прекинат огнот за да му помогнат, со здружени сили ќе го ослободат коњот па дури и рака ќе си подадат на крај. Малку ко лажги со опашки за деца во предшколска возраст. Нооооо... Пред некое време, во темата со предизвикот, кога гледав божиќни филмови, на репертоар се најде еден француски, Merry Christmas. Сценава многу ме потсети на тој филм, зашто беше многу сличен: војниците на Германија од една страна, и Франција и Британија на друга, се договараат да го прекинат огнот на едно од боиштата, со цел да го прослават заедно Божиќ, при што дури и организираат концерт со оперска певаљка. Вака кажано изгледа ко да вреска од очај. Пак но... имаше на почетокот од филмот едно "инспирирано од вистински настани" па ме инспирираше мене да гуглам за настанот. Испадна дека навистина, во Првата светска војна, на многу од боиштата на Западниот фронт, војниците од двете страни, на неколкуте војски го прекинале огнот и навистина го прославиле Божиќ заедно, на ничија земја, меѓу рововите. На Спилберг веројатно му бил инспирација настанот, ама некако ко да не може да се спореди божиќната магија со магијата на еден коњ. :icon_lol:

6/10 и од мене.

П.С. По филм од 2 и пол саати, пак филм од 2 и пол саати. Среќа што премногу рано постигна 2 гола, инаку имаше шанси да го победи претходниот. По (не)гледаност. :rolleyes:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.068
Поени од реакции
6.724
Си направив еден мини проект па затоа и не бев активен тука.

A Simple Plan

Парите се отепувачка, хм? Човекот колку и да е добар во него крие зло. Најлегитимен пример за ова е Бриџит Фонда во филмот. Кога ја праша што би направила со парите , рече ќе ги вратела во полиција, а кога и ги покажаа направи 100 плана во кои Ханк уште повеќе навлегуваше во гомна. И за што ? За на крај пак да ги запалат. Солидно трилерче.


7/10


All About Eve

Каква и да е приказната, колку и да е досаден филмот, имам некакво чуство на enjoyment додека ги гледам старите филмови. Потполно ги занемарувам сите аспекти, лоши или добри, само поради глумата. Уживам. Природа.

Во овој случај, филмот не беше досаден. Дури и прекраток ми беше... :D Скоро цел филм е остроумни дијалози што ни на момент не ти прават досадно да ти е. Го пуштив бидејки не можев да заспијам и си реков нека тера само за да заспијам...лага голема! Правата слика на шоу бизнисот хм? Најверојатно секој ден се раѓа нова Eve Harrington во шоу бизнисот. Ваквите луѓе јас ги викам крвопијци, но зарем може некој да им суди? Прават се во нивна моќ за да дојдат до посакуваната цел. Ама, секогаш постои и тоа ама, кармата си е тука да им наплати. Не на сите се разбира, некои имаат среќа да ја избегнат.


7/10



Detachment


Филмот е поезија. Од почеток до крај. Филмот е едно емотивно патување. Многу работи ме фасцинираа, ама ќе издвојам една посебно. Правовремените емотивни изрази на лицето на Едриен. Среќа,тага,радост, траума, меланхоличност,депресија... Филм кој содржи се. Филм во кој очите ми беа насолзени саат и читиресет минути. Филм во кој го занемарив стереотипното американско срање за јавните школи ( може и стварно се до толку депресивни) само поради бурата од емоции што ми ја внесуваше. Претажен,предепресивен,премеланхоличен, а сепак преубав,препоучен. Поезија.Камерата... Камерата има огромен удел. Експресиите беа навремени. Секоја експресија на лицата доволно кажуваше се! Не беа потребни зборови. Заеби, сакам да го гледам сега филмов без зборови. Ќе биде доволно јасен.


9/10



Goodbye Lenin!

Одличен! Употребата на претпазлива сатира за да ја боцка апсурдноста и на комунистите и на социјалистите ме воодушеви. Хуморот... хуморот е чуден, но е обилен! Се користи секој момент за да се вметне хумор, дури и во мрачните делови од филмот. Одлично е прикажана трансформацијата на државата во една рандом приказна и одлично ни ги прикажува емоциите на главните ликови поради истата. Мајка му кога го напушта домот е одличен пример за ова. Брул повторно одличен. Имаше недостаток од смеа на неговото лице низ целиот филм али тоа го прави уште подобар според мене. Природен.



8/10



Harvie Krumpet

Многу тажно, многу смешно и многу вистинито! 20 минутна приказна која го прикажува животот во темно светло, но вистинито. Храброста на Харви треба да е пример за секој човек. ‘ He stopped believing in fate’. ‘He didn’t just seize the day, he was strangling ‘. Што и да ти сервира животот треба да си спремен да го надминеш.Well done Harvie. ‘ She had everything he didn’t and was everything he wasn’t yet instantly their pheromones fizzled together like ice cream and lemonade’ – love at its best…




8/10



Submarino

Ништо посебно.



6/10


The Congress


"The Congress" is a roll call of the orgiastic pleasures and bountiful comforts that art provides, and, a reminder of what waits for us when we leave the theater. Вистинава...


Празно се осеќам...филмов има нешто ама тоа нешто е недовршено. Метафората во The Congress е моќна! Пораката е моќна, но егзекуцијата е слаба. Уникатна идеја претворена во хаос. Првиот саат од филмот ми помина ко ништо...не се сети. Брза прогресија, одлична прогресија во првиот саат. Ме натера да размислувам,deep! И кога мислиш дека така ќе продолжи, и кога си хајпнат за плотот, кога си хајпнат поради тоа што не знаеш каде те води,каков твист ќе има... Филмот буквално падна во црна дупка, а и јас со него. Ме изгуби скроз. Ми стана досаден! Едно добри 30 минути тотално ме уби. Не ни размислував веќе, не ни ја осетив вистината кога се откри, не ни изреагирав на истата. Знаев дека натаму води филмот, знаев дека тоа и е целта на целава метафора од филм, но иако знаев, требаше да дојде на време!



6/10



Си реков кој е Анон па само он да ги има изгледано сите филма. Ќе ги изгледам сега деновиве изминатите два и сегашниов што се за да не каснам. А ќе има упдејт на секои 3-4 недели со старите филмови.




Фала Corvus што се грижиш. :love::love:
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.068
Поени од реакции
6.724
Оној кој што ти овозможил 9ка покрај мноштвото медиокритет.
А баш сакав да следам кој што филм предложувал, ама се изгубив у системот и ме примрзе.


А за филмот, фала! :love:[DOUBLEPOST=1526591633][/DOUBLEPOST] upload_2018-5-17_23-13-30.png

Clive Owen те глуми а ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom