Реков дека ќе го глеам пак и ќе пишам мислење и еве тек сеа имав време да го изглеам по 5-6ти пат филмов.
За мене е предобар филм, еве уште од сеа му давам 10/10.
Полн со емоции, некако ко да се соживуваш со двајцата. Приказна неверојатна, интересни и хумористични сцени исто има. Е сеа и мене не ми е нешто смешна таа сцената со операта и со тој шо е облечен ко дрво, ама затоа имаше други сцени шо ми се мене доста смешни, ко на пример у галеријата коа се и коа му вика Дрис „нема раце, нема чоколадо“ или коа му ѕвони на Филипе мобилниот и Дрис коа му го подава и чека овој да го земе или кога на роденденската забава на Фелипе овој пробува да го научи Дрис нешто за класичната музика и овој си праи мајтап или кога го бричи Филипе на крајот и се заебава со него
А иначе Хоуп горе шо се чуди зошто Фелипе го поднесува тешко тоа што си оди Дрис, одговорот си го има дадено погоре у нејзиниот пост.
Дрис е единствениот што го глеа Фелипе без сожалување, сите други што дојдоа после него се однесуваа према Фелипе како овој да е кршлива играчка, оној па шо ги откажал цигарите му објаснуваше како цигарите не биле добри за неговите бели дробови дрн-дрн јариња...
Дрис се заебаваше со Фелипе, го заебаваше за инвалидитето и верувам дека Фелипе во ниеден случај не се осетил инфериорно во однос на здравите луѓе, иако може Дрис не се трудел многу тоа да го постигне, ама баш преку таквиот однос према Фелипе тоа му успеало.
Кога го „изгуби“ Дрис верувам дека ја поврзал ситуацијата со губењето на жена му, пак страда за губење на човек што го сакал.
Музиката исто добра, Una Mattina една од поомилените ми е
Стварно предобар филм, на тие шо им стоел филмов долго време у компјутер и до сеа не го глеале...
shame on you !
10/10
П.С. едино нешто што не ми се свиѓа е што филмов е сниман по вистински настан, а помошников на Фелипе е црнец...
Во автентичните снимки што ги покажуваат на крајот помошникот е белец и мислам дека требало тоа да си остане автентично.