FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Го изгледав и сеа кој го даде предлогов, алал му вера.

Сите го фалеа, одамна ставен на листа за гледање па ај денес, ај утре и ако не го предложеа овде не ни верувам дека ќе го изгледав во скоро време. Филмот е одличен, сосема заслужен рејтингот на имдб. Глума, музика, приказна, режија се, ама баш се ми беше доволно да се изнауживам, а и за на крај малку да се растажам. Цел филм бев опуштен и се смеев ко луд на некои комични елементи ко на пример коа гледаа опера и коа почна Дес да се смее на тој што личеше на дрво. Но кога дојде време за разделба меѓу Филип и Дес е тогаш подруго го гледав филмов, поемоционално. Сепак одличен филм.

10/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Можеби и најдобриот неанглиски филм што сум го гледал некогаш. Филмот е прекрасен, а бонус е тоа што е снимен по вистинска приказна. Те инспирира и ти вдахнува надеж дека не е се така црно во овој свет, дека сеуште постојат добри луѓе, тука, околу нас, и можеби, можеби еден ден би налетале на нив, или тие на нас.
Штета што истиот не можам да го репризирам до датумот кој е даден овде, бидејќи периодов имам згуснат распоред, во некоја идна прилика ќе го погледнам повторно, сигурно.

9.5/10
 
G

grande-juve

Гостин
Не би можел да одберам омилен жанр, али комедија/драма ми е сигурно во топ 3, а Intouchables e одлична комедија/драма. Иако драмата(сериозниот дел) не ми беше врвна, сепак беше многу добра. Ама затоа хуморот беше ненормално добар. Ретко успева филм толку многу да ме искине од смеење, посебно на сценава, скренавме со сетра ми :pos:. А така беше прво заради одличното сценарио, и второ ради јаката хемија меѓу двајцава главни глумци. Еден од подобрите филмови за пријателство, и пред се за добрина и позитивна енергија.. колку само иаме потреба од таа позитивна енергија, али некако слабо се практикува. Затоа капа доле за Abdel Sellou. Биди како Abdel Sellou.

Рипна оцената, 9/10


А ми текна на еден сличен, и исто така одличен, Driving Miss Daisy (1989), препорака за тие што не го гледале.

The Intouchables и Life is Beаutiful на Роберто Бенини се единствените кои успеале да ме насмеат толку многу, а при тоа да научат вредни лекции за животот.
Не знам дали беше од тие што ги делат по години филмовите, али еве уште еден со многу смеење и со вредни лекции, Sullivan's Travels (1941)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Не знам дали беше од тие што ги делат по години филмовите, али еве уште еден со многу смеење и со вредни лекции, Sullivan's Travels (1941)
Ќе ја мислев пола саат секако кој филм да го гледам вечерва да не беше предлогов, a кога видов дека е само 90мин и дека ќе уживам во појавата на Вероника Лејк не се мислев повеќе од 2сек. :D
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.119
Поени од реакции
25.180
Што ФИЛМИШТЕ ќе беше ова?!! Леле браво за предлогов, значи старно немам зборови. Волку позитивен филм, од дамна немам гледано. Ликовите се маестрални, двајцата слични еден на друг безразлика што едниот е хендикепиран. Двајцата го бараат истото, човек што ќе биде близок до нив, што ќе ги разбира и најважно нема да ги ОСУДУВА за тоа што се и какви се. Дрис и покрај сите другари, и покрај огромната фамилија пак највеќе блискост осеќа со Фелипе, исто и Фелипе, без разлика на парите и без разлика на ќерката и на сите тие што му го лижат гзот пак највеќе блискост осеќа во Дрис.

Музиката, мајкооо, од дамна немам видено толку добар склоп направено на музиката со последната сцена. Значи дури и додека го пишувам постов, песнава ми иде во позадина. Емоции до плафон, цели два саати или колку и да трае филмов додека го глеаш осеќаш топлина, некое убаво чувство. Во секој момент си или со насмевка на лицето, или па се смееш. Барем такви емоции разбуди кај мене филмов. Уште еднаш браво за предлогов, се подобар и подобар филм има во темава. Оценка 10/10 дефинитивно, мавање од земја филмов.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Прво, A Short Story About Love го изгледав ден после одредениот датум, бев со обврски и не успеав на време да го изгледам. Не ми легна филмот, ми беше премногу нереален, глумата дал намерно, дали не не знам, ама ми беше повеќе неглума отколку глума. Да не се навраќам на дискусијата, само колку да влезе во сметање, 4/10 од мене.

Е сега за разлика од него, The Intouchables ми влегува во топ 3 филмови од неанглиско говорно подрачје, дефинитивно!!! Како шо рече гранде, комедија/драма е еден од најзабавните жанрови, не може да ти е досадно во ниеден момент додека го гледаш, ако постојат тие филер моменти во филмот, ќе бидат надополнети со смеење, а во овој филм се смеев како шо се немам смеено на ниедна комедија последниве неколку години.
Одлично пријателство, одличен склоп на емоции, Фелипе бараше некој што нема да го сожалува, а Дрис беше дефинитивно тоа. Без влакна на јазикот, зборуваше се што му доаѓаше, не мислеше дали ќе го повреди, а од друга страна Фелипе сакаше само да се забавува со неговиот помошник, да имаат некоја поголема врска помеѓу отколку да се само газда и вработен.
Санудтракот беше феноменален, морам да го пофалам и него истотака.
9/10
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Срам да ми е што не сум го гледала до сеа, а ми стои у watchlist сто години :facepalm:
Се согласувам со сите мислења погоре нема што да се дискутира, филмов е ремек дело.. одлична приказна и глума и саундтрак.. ма све!
Сцената со операта.. :pos:умреФ
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.338
Дечки извинете што ви упаѓам во клубчето но морав да оставам коментар. :D
Го имав гледано порано но вакво ремек дело заслужува да биде репризирано. Уживав во секоја секунда, едноставно 2 часа ми поминаа како 5 минути. А и одамна се немам вака смеано во 3 сабајље. :)

Чиста 10ка од мене.
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Забораив да го оценам.. 10ка има од мене :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.905
Дечки извинете што ви упаѓам во клубчето но морав да оставам коментар. :D
Го имав гледано порано но вакво ремек дело заслужува да биде репризирано. Уживав во секоја секунда, едноставно 2 часа ми поминаа како 5 минути. А и одамна се немам вака смеано во 3 сабајље. :)

Чиста 10ка од мене.
Клупчето не е затворено, примаме уште членови. ;)
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ај еднo прaшaње дo шефoт мoже дa нaпрaaм прoменa у oценувaњетo и местo зa a short story about love пoените дa ги префрлaм зa oвoј филм ? :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Моментално избркај го од клубот.
Не бе сaм ќе излезaм сaмo ти не ми се неевoзирaј... -_-
Муaбетoт ми беше декa интaчиблс е предoбaр филм и зaслужувa мнoгу пoвеќе oд 10 пoени, a шoрт стoри ми беше мнoгу глуп и не зaслужувa ниту еден пoен и декa рaди тoa би избрaл дa речеме зa шoрт стoри уoпште дa не гo бoдувaм, a нa интaчиблс дa му дaдaм 20 пoени.
Се беше мaлце нa зaебaнцијa кaжaнo и немa пoтребa дa хистеризирaш ;)

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Не бе сaм ќе излезaм сaмo ти не ми се неевoзирaј... -_-
Муaбетoт ми беше декa интaчиблс е предoбaр филм и зaслужувa мнoгу пoвеќе oд 10 пoени, a шoрт стoри ми беше мнoгу глуп и не зaслужувa ниту еден пoен и декa рaди тoa би избрaл дa речеме зa шoрт стoри уoпште дa не гo бoдувaм, a нa интaчиблс дa му дaдaм 20 пoени.
Се беше мaлце нa зaебaнцијa кaжaнo и немa пoтребa дa хистеризирaш ;)

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Дечко, не бодуваш туку ставаш оценки.
Оценките се од 1-10.
1 за short film 10 за интачблс даваш и тоа е тоа.
Збунка направи овде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom