Дури е пресно, морам, вака под импресии може ќе бидам и конфузен малку, ама таков сум ко ќе сум опседнат од убавини.
Почнуваме со задолжително кликање на
ЛИНКОВ и оставете нека трае. Со звукот до максимум, и неколку repeat-а. Инаку не се признава.
Каков почеток! Предобар! Поточно, ќе се вратам малку на еден момент кој ме изненади уште од самиот старт: што по ѓаволите прави Роберт де Ниро во француски филм? Додека укопчав дека не е Роберт де Ниро, веќе беше полека навлезен филмов во својот заплет. Е сега: имаше предобро прикажана хемија помеѓу брачниот пар, затоа веројатно тоа што се случи на езерцето имаше толкав ефект врз гледачот, зашто некако од глумата на типов подоцна не се приметуваше дека тагува по мртвата љубена. Искрено, во сцените што му следеа, не можев ни да претпоставам дека она е мртва, се додека не го изговорија тоа, зашто типов ко да продолжил да си живее понормално и од порано по случката. Е после веќе, ко почнаа да му стигнуваат mail-овите, ко почна да се замрсува дејството, тогаш одма друга прича - значи не било до глумата, веројатно намерно, така сакал режисерот, да не држи две три минути во неизвесност. Веќе штом почнаа да се заплеткуваат работите, и штом се појавија еден куп ликови, mostly жените кои некако не успевав да ги разликувам, ко да се изгубив малку, и полека филмов добиваше една по малку чудна димензија, не би сакал да го споредувам со некои нешта во кои конците се позаплеткани од гордиевиот јазол, малку неблагодарно е да го ставам во иста категорија.
Малку пауза, нешто ново -
КЛИК. И ко ќе заврши, и
ОВА. Второво на repeat.
Е сега - кога веќе се се заплетка толку многу што не се ни трудев да барам одговори, ми се врати уживањето од почетокот. Зашто тогаш само седнав, и се препуштив на самиот филм - си чекав самиот да се расплетка и да ми ги даде одговорите. И беше тоа можеби малце пре-наивно и досадничко, со оглед на тоа што одговорите беа дадени во форма на исповед на еден од ликовите, на татко и, со еден малечок твист на крајот, кој не донесе нешто ново во приказната и не беше којзнае колку изненадувачки, колку што беше парадигматичен за да ја претстави целата идеја на татко и, и да оправда се што тој направил. Прекрасна претстава на тоа колку љубовта на родителот кон своето дете е најсилна од се, и неспоредлива со било кој вид на љубов кој постои на оваа планета. Звучи малце лигаво и театрално, но тие кои имаат деца ќе ме разберат веројатно повеќе од оние кои немаат.
Крајот убав, ми се допадна, иако се прашував како по сите перипетии се вратија назад на тоа глупаво езерце кое им зададе толку проблеми. Но веројатно истото тоа езерце и дрвото во кое им беа врежани иницијалите им будеше повеќе убави спомени, од детството, отколку тој еден, заради кој осум години им отидоа во неповрат.
И за крај,
ОВА, АМА ЗАДОЛЖИТЕЛНО! Филмов и визуелно ми се допадна, и глумата беше добра, и приказна, и се, ама музиката, од старт до финиш беше вистински џек-пот. Затоа и намерно, низ мојов краток осврт сакав да ја нафрлам како некој зачин, баш онака како што функционираше во филмот.
Преубаво филмче, во секој случај. Ме фати малку неспремен, зашто не очекував нешто вакво од филм за кој претходно не бев чул, веројатно тоа и помогна да се засили мојот впечаток. Сега, додека не сум напишал уште некоја глупост, зашто се трудам се што ми е во еден ист момент во главата да го напишам, а невозможно е, најдобро ќе биде да запрам тука. 9/10 од мене. Браво
@Gazpapir , одличен финиш на третиот круг во клубов. Ова беше зачин кој му даде уште поубав вкус на исто така одличниот трет круг. Браво и до сите предложувачи. Посакувам и четвртот круг да е подеднакво добар, бар.[DOUBLEPOST=1511377134][/DOUBLEPOST]
6/10
Интересен ми беше се додека не стана шпанска серија. Овој е умешан, оној е умешан, мајндфак ваму, мајндфак таму.... малку и конфузен ми беше искрено, претежно поради јазичната бариера. Ма Invisible guest полесно го пратев.
Иако нумерите во филмот беа по мој вкус, не беа вклопени како што треба.
И романтичен крај awww <3
Имаше неколку интересни сцени, ми се допадна кога го бранеа тој црнецот голем и таткото на хемофиличното дете.
Исто сцената кога му се мешаа погребот и свадбата, интересен преклоп.
Се интересно, а филмот шестка? Мрш!