Еве сум и јас.
Прво Анон, малку со закаснување на темава, среќен роденден. Да не се повторувам со Злате, знаеш дека ти посакувам се најубаво. Второ, знам дека ти кажав дека за роденденот ќе ти го изгледам филмот, ама ме заебаваше торентот многу и дури вчера се симна.
Во секој случај, генерално ми се допадна филмот. Engaging беше, лесно се следеше и ги исполни критериумите на солидно сај фајче. Брзо внесува и поврзува со ликови, што е секогаш плус зашто мразам долги воведи. Стварно е за praise фактот што за толку малку време се покрија толку аспекти и се отворија толку многу прашања вредни за дебата. Дури и самиот лик на Andrew може да се интерпретира како жртва и bully истовремено, а воедно и двете гледишта да бидат валидни.
Оваа found footage/POV техника на снимање јас многу не ја сакам, убаво се вклопи со филмов секако, меѓутоа in general it's not my thing. Исто така крајот ми беше малку too much, некако ко наеднаш да ми премина филмот од забавен flick во многу мрачен. Прелазот би го опишала со Project X meets Cloverfield, со таа разлика што Project X е далеку од забавен flick и мојот најомразен филм, ама заради начинот на снимање и сетингот во првиот дел од филмот го земав за паралела. И не зборувам за развој на лик овде, туку за атмосфера, зашто развој на лик си имаше убаво дефиниран и јасен, така што за тоа нема збор.
Да не го раздолжувам ова уште повеќе, стварно симпатично филмче и покрај работиве што не ми се свиѓаа, за sci fi ентузијасти таманка.
7/10