И јас ко
@wot , скаран сум со вестерните. Ко бев мал, најдосадни моменти ми беа ко ќе седнеа другарите да гледаат филм со Жан Клод Ван Дам, или вестерн, сеедно. Затоа и Once Upon a Time in the West си го доби... заслуженото!
Сега, како што рече
@moongoses , овој филм ги имаше сите архетипи на жанрот вестерн, но сепак јас го гледав повеќе како драма во вестерн сетинг. Не, озбилно, немаше 15 минути со тоа како зениците на очите му одат од лево кон десно додека да го здогледа непријателот, немаше сцени од по саат со мува како му го ремети мирот на негативецот, немаше двобои што траеа подолго од времето потребно да изгледаш цел друг филм, немаше зевање, премотување сцени, немаше барање изговори за време на филмов да одам да си сварам кафе, па чај, па да ми се пријадат грицки, па нешто благо... Значи, со оглед на тоа што 2 саати ги поминав пред екран без око да ми трепне, ова вестерн НЕ БЕШЕ! Факт! Значи, кажав дека мене ми се допадна, и тоа прилично. Одтаму доаѓа и оценката: 8/10. Што најмногу? Глумата! Џон Вејн не сум го гледал многу, претпоставувате зошто, веројатно, но Џејмс Стјуард го обожувам. Убаво рече
@Хоуп - им дава некоја топлина на филмовите, ко да им вдахнува душа. И глумело бе пеерчето, маестрално! Заслужувал повеќе од тој еден единствен почесен Оскар кој го добил, кога остарел. (За тие кои не се сеќаваат, ова е втор пат што го гледаме и во клубов. Ви текнува на The Shop Around the Corner?) Негативецот и мене ми беше meh, ама овие двајца, па и девојката, и сите споредни актери, меѓу кои пијаницата на прво место, сите ми беа погодени. И приказната ми се допадна: ова беше од една страна драма за преодот од стариот начин на живот на Западот, во нов, живот во кој пиштолите и брзината не ја носат правдата, а од друга страна - романса со еден убав приказ на љубовен триаголник, што и не е баш својствено за вестерните, колку што имам познавање од вестерните, а реков - немам. Плот твистот може не беше којзнае што, признавам, ама искрено - кој од вас очекуваше во филмов да има плот твист? Јас не, дефинитивно. Да не должам многу, речиси се ми беше ОК во филмов, дури се изненадив и јас самиот. Но за да не е се така светло, морам само да споменам некои ситници кои ми сметаа.
1. Ме нервираше целата таа бучност и хаотичност на Западот. Ми делуваше многу неприродно. Секој со секого да се надвикува - јас и полудел во таква атмосфера, и прилично сум сигурен дека е хиперболизирано ова.
2. Не ми се допадна многу светлото во филмов: пали цигара Џон Вејн, и цело лице осветлено, ко рефлектор некој да му вперил во лицето. Или, во канцеларијата на весникот, Пибоди ја пали лампата, и оп, ден. Ни сенки има, ни ништо, ко светлото од сите страни да доаѓа. Ја гаси лампата, и црна темница, светло само од надвор. Кај да најдам јас ваква газиена лампа да си купам? Појака светлина од лед сијалициве дома дава, упм.
3. Театралноста! Ја спомна некој во контекст на претходниот филм, и се согласувам, и мене многу ми пречи овој елемент во старите филмови, но тука некако ми беше дури и пренагласено на моменти. Ми делуваше во некои сцени како снимена театарска претстава.
Мислам дека доста се распишав. Реков, убав филм, 8/10 од мене, и благодарност до
@moongoses , навистина уживав.[DOUBLEPOST=1507921452][/DOUBLEPOST]
@Anon ,
@devilko ,
@Goodfella ,
@moongoses ,
@Вокерка ,
@dejan_k ,
@Толстој и
@Angello - вечер во 12 почнува изборниот молк, нема да бидете преокупирани со политика и/или партиски активности, па би ве замолил во наредните 2 дена да седнете пред телевизор и да го изгледате The Man Who Shot Liberty Valance. Ако може, мислам.