- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 6.624
- Поени од реакции
- 21.908
*Спојлер алерт*Македонски филм е ова. Дејствието се случува во Велес, во транзициските 2000-ти. Искина тука малиот Марко со глумата. А, и општо е предобар филм, различно од се друго што сме имале и ја опишува одлично ситуацијата во времето во транзицијата во македонските градови. Чудно како не е пошироко познат кај нас, со оглед за колку одличен филм се работи. Плус, Мустафа зборува подобар македонски од некои македонски глумци во филмот. Препорака за гледање има и од мене.
Во филмот има епски сцени.
Пример кога таман ќе седнат да јадат во двор, возот ќе пројде и ќе им напраи прашина.
Сестра му на Марко кога ја плескаше црнецот умпрофорец и оваа кога почна со рап песните "фак фак фак".
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Сцената со шахот кога место фигура Џуричко става куршум. Имаше и некои интересни фори од овие соучениците панкерите кога го тераа да праи бељи со нив. Може па и тогаш ми биле интересни затоа што сум бил многу помал.
Не знам за другите ама мене филмот ми е изгледан едно пет пати. Иако последен пат е гледан пред повеќе од 10 години, ми текнува на него многу повеќе од некој си боза филм што сум го гледал во скоро.
Покрај Мустафа и Марко, може да се спомне и одлична глума на Владо Јовановски. Перфектна фаца ракијашка беше за оние сценине со колегите од работа.