Кога тоалетната хартија пишува многу не е за арно...
Sling Blade
Не се сеќавам кој беше последниот филм за кој сум бил до волку биполарен. Гледлив е ама ако траеше саат и 40 минути макс. Дејствието на филмот сите го дознавме по запознавањето на Дојл. Ве читам, сите имате напоменато дека е предвидлив, а скоро сите имате високи оценки дадено. Не можам да ги поврзам овие две работи

Ај со ред...
Били е прекрасен, глумата негова е прекрасна. Најтешките улоги за актерите се да глумат ментално предизвикани карактери. За да не те изгуби ни на секунда мора да изглуми до перфекција, до апсолутно совршенство. Треба да те натера да веруваш дека е ментално болен за да можеш да се и соживееш со него, но и да ти го направи филмот да го чуствуваш во една сосема друга димензија. За жал, во мои очи глумата не е целиот пакет. Додека не сум преминал на приказната и дејствијата, морам да го пофалам и детето. Премногу добра хемија имаше помеѓу него и Били. Една од подобрите сцени во филмов беше кога ја фрли цела куќа врз Дојл. Ко да го наапале пред да ја снимаат сцената со нешто хаха, серизно изгледаше ко да сака да го убие. Овие двајца + музиката го прават филмот да е гледлив и да има оценка малку над просекот. Ех, да беше се ко овој пасус ќе беше убавини.
Предвидлив. Се осеќав ко да го имам гледано филмов од што беше предвидлив. Значи океј, испадна од болницата, му најдоа работа и се тоа си беше океј, водеше кон нешто што ме тераше да гледам и ме интригираше што ли ме чека во филмов, ко што би рекол Вато, се спремав да ми крвари газот.

А да, заборавив да го споменам и интервјуто на почетокот...Зошто ли побогу требаше ова? Како ја спремаа за интервјуто, правеа амбиент за Карл мислиш ќе прават муабет со Менсон или Тед Банти. Ајде и тоа да помине под маса, демек не запозна со кој е и што направил Карл за да дојде до тука, ама според мене многу поубаво ќе беше да дознаевме покасно. На пример ко што му се отвори на Франк за бебето, да имаше некоја таква сцена и да дознаевме зошто бил во болницата. Ќе ми беше многу потрагично така ако дознаев. Воопшто не ме поврза тоа на почетокот. После тоа иде малце what the fuck дел. Се запознава со детево, му кажува кој е и што направил и детево е ко...ха види го ти него, ами ај живот иде даље јебига. Па и во рок од 10 минути се всели во гаражата негова. Значи имав чуство ко првите саат време да одеа пребрзо и се се случуваше пребрзо, а вториот саат пребавно. Немаше да биде барем поубаво некоја средина да се најдеше? На пример нека се случува брзо ако веќе така тргнало ама нека заврши во некои саат и 30-40 минути. Запознај не со ликовите, запознај не со Дојл и стави уште некои 2-3 сцени тука за да видиме какво срање е Дојл и збуцај му што и да беше тоа у глава. Пази колку небитни сцени ни внесоа. Не запознаваат со колешката на Воган и Линда, и оваа се затрескува во Били му носи цвеќе и ја снемува од планетава земја...Што се постигна со тоа? Па и со играњето фудбал со Френк. Јас ја осетив хемијата помеѓу Френк и Карл и пред таа сцена, па и пред сцената со цвеќето за малата спонзоруша. Не знам, можда сум престрог и не фер, ама ми влијаеја многу сцениве на динамиката на филмов. Не би рекол ме разочараа, ама направија да ми е досаден филмот, што во никој случај не очекував да ми биде досадно.
Ми беше премногу комично и тоа како го уби. Му вика ќе те убијам, овој ништо не му враќа и прави, само му кажува бројот на полиција и дури му кажува дека ќе треба и амбуланта да викне и Карл станува, замавнува и на овој тогаш му светнува хахаха. Кое човечко битие нема да изреагира соодветно ако некој ментално заболен седи до него со катана и му вика дека ќе го убие? Очекував да има сцена некоја не само да стане и да му ја расцепи главата на пола. Имав тахикардија на последнта сцена нема да лажам, имаше тензија кога седеа еден до друг ама се тоа прерасна у хистерична смеа како заврши.
Не знам луѓенца, последниот пола саат од филмот ме изгуби тотално, не бев заинтересиран веќе за крајот, ни па ми беше гајле што ќе се случи со Карл. Жално е што овој филм оди во кошницата филмови кај што ветувале премногу, а ме издишале на крајот.
Ко што напоменав горе, глумата на Били и на детево + музиката што беше стварно прекрасна и на место во скоро па сите сцени прават да има оценка над просекот, а тоа е
6/10, дури едно време и се мислев 5-ка да биде, ама стварно не заслужува трудот и вложеноста на Били да се оцени со 5-ка. Грдо изгледа 5/10, 6 е каде каде поприфатливо.
Оф топик, што е со 80% од децава што глумат многу јако,а не стануваат добри актери? Па ми текнува на едно десетина деца вклучувајки го и Франк што одглумиле прекрасно, а ги нема никаде на мапа покасно во кариерата...