FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.571
Поени од реакции
34.963
Willow (1988)

Филмов не сум го гледала како дете, ама ми се допадна.
Некој спој на Толкин и библискиот Мојсеј. Магија, авантура, фикција, добра костимографија и музика. Повторно човек да се почувствува како дете. Фантазија за доброто и злото, во која доброто секогаш победува.
8/10

@Zlatikevichius Среќен роденден :smirce:
Да ми го избришеш минусот за 1 негледан филм :icon_mrgr:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.548
RRR (2022)

Боливуд, ваљда во најдобро светло.
Од она малку што сум гледал боливудски филмови, знам дека во интерес на сензацијата одат контра на сите природни и логични закони. И во овој филм е така. Но, морам да им оддадам признание на креативноста во кореографијата, сценографијата, камерата и останатите кинематографски елементи. Воопшто и на идејата и на изведбата.
Иако вон секој разум, сите овие акциски сцени беа уживање. Беа многу, беа долги, но не беа ниту досадни ниту заморни за следење, баш беа интересни. За возбудливи не знам баш.
Музиката, а и текстот исто така одлични и совршено го надополнуваат дејствието и се вклопуваат во остатокот од естетиката.
Ефектите со променлив квалитет, некаде се одлични, некаде ептен се забележува анимација.

Е сега, драматургијата. Ваљда и таа е на високо боливудско ниво. Ликовите баш црно-бели, не се замараат многу со карактеризации, однапред се одредени сите. Неколку (очекувани) пресврти, уште поочекуван крај. Па флешбеци, па потсетувања, па интроа во јутјуб стил. Веројатно многу сегменти од филмов и ќе завршат таму со одлична гледаност.

Стандардни три часа си трае. Не можам да кажам дека не се забележува, но има многу филмови што се пократки а изгледаат подолг од овој.
Цело е кога има од сѐ по колку што треба. Овде во нешто претерале, нешто не ни ставиле.

7/10

rrr.jpg
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.186
Поени од реакции
56.724
Уште у 5та секунда видов за што станува збор, очигледно се палат циганиве на вакви глупости. Ми е гајле искрено, друг свет е Боливуд, нека си тераат таму, нека уживаат и нека мислат дека имаат најдобри филмови. Анимиран филм со вистински ликови.
Не сум експерт ама изгледа цел филм е снимен пред зелен екран, или апла претерале со CGI-то.

Приказната не ни можев да ја следам пошто ме болеше гајле за приказната, секако не многу битна у морето на ретардираните сцени, ја изгубив негде на пола филм можда, не се ни сеќавам.
Друго не знам што да додадам, генерално ме нервира цги, вакви нелогични малоумни акциони сцени не можам да поднесам, на што потрошиле и што заработиле циганите не ми е гајле и не ми игра улога.

Ова не е филм.

Чист 1.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
RRR

Што да кажам за овој СПЕКТАКЛ? Се згазив од смеење цел филм. Што од намерниот хумор, што од глупавоста на некои сцени, но во секој случај одлично инвестирани 3 саати што ми го продолжија животот за 3 години. Песните беа непресушен извор на смеење, особено кога беа онака баш дескриптивни. Па кога ќе почнеа да нишкаат со главите, и јас со нив заедно. Инаку филмов препорачувам да се гледа со друштво за поголем ефект.

Рам баш ми беше маченце иако сум углавно расист, би направила за него исклучок. Овој другиот повеќе како комеди рилиф ми беше, ама заедно двајцата ми беа дуо фантастико. Ми летнаа 3 саати не ги осетив, е толку се забавував. Сцената со денсофот се знае, омилена. Напукано со акција до немајкаде, да ти дојде и тебе да одиш тигри да ловиш. Ефектите не ми сметаа скоро па ич, навикната сум од марвеловци, ништо помалку суперхеројски не беше ни овој. Едноставно седнуваш со идејата дека ќе гледаш суперхеројски и оставаш да те вози.

Свака част гранде за ова откритие, да ти се множат.

Мастерпис.

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.104
Поени од реакции
34.900
158. RRR (2022)

1666205441338.png

Боливуд 2022: Како да најдеме режисер кој може да ги вметне сите филмски жанрови во еден филм?
Го нашле! Некој режисер на блокбастери Раџамули.
Направил 3 часовен спектакл чиј жанр може да се дефинира како: „воен акционо-авантуристички научно фантастичен мјузикл-комедија со примеси на историска романса, трилер, фантастика и анимирана геј драма“. Се надевав дека барем на крај нема да ги има оние џаи-хо цигански танци, ама и тоа го имаше! Калакурница од филм, ама забавен до бесвест! Јас уживав во секоја секунда, смеејќи се не само на глупостите што ги правеа, туку и на хиперболизирањето во буквално секоја една сцена. Далеку е ова од masterpiece, или од pure cinema, како што го опишуваат, гледам, ама е филм во кој 3 саати ќе ти поминат ко секунда, што во некои случаи е и подобро отколку артси-фартси глупости.

Од мене 7/10

P.S. Една огромна замерка - единствено што фалеше во филмов е секс сцена за да биде комплетен впечатокот! :pos:
 
Член од
2 март 2022
Мислења
96
Поени од реакции
454
RRR (2022)

Ф-И-Л-М-Ч-И-Ш-Т-Е!

Влегов скептично многу за филмов, ама го послушав советот од grande-juve да велзам опуштено. Ова ми е прв Боливуд филм што го имам гледано и да ми кажеше некој дека ќе ми се допадне толку вчера ќе му речев дека се дрогира.
Почнав на почетокот да се смеам хистерично на сцените со тепањето, особено еден спроти илјада, ама на пола филм веќе солзи ми идеа. Дејството и акцијата може да се генерични ама се толку одлично сработени за ваков вид на филмови што незаборавна забава е да се гледа. Иако се спријателија за две минути сепак ептен ми легна на срце пријателството помеѓу двата протагонисти. Не знаев досега дека песните во индискиве филмови уствари се за самото дејство, што ми беше прејако. Сцената кога ќе ги пушти сите животни да направат mayhem на прославата беше закон. На крајот зеде мотор во раце бе и со него ги тепаше војниците!
Ако се влезе со вистинскиот mindset (поздрав з.а.) филмов пружа огромно задоволство.
Од мене добива 8,5/10.
Благодарност до grand-juve, очекував некој класика од него, ама ова беше лудница!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.104
Поени од реакции
34.900
Си имаше во самиот фолдер кај мене. Ти пуштив еден линк во порака, види дали е ОК.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.365
Поени од реакции
28.128
RRR (2022)

Ме потсети на Andhadhun што го гледавме лани. Исто калакурница од филм и сите жанрови присутни. Скептичен бев на почетокот, јер 3 саати од овој хаос не верував дека ќе ги издржам. Филмот ми помина многу брзо и имаше некои сцени што ми беа ту мач ама како целина филмов си заврши работа. Визуелните ефекти морам да ги спомнам, океј типични се за нив, ама беа факинг маестрални.

8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom