RRR (2022)
Боливуд, ваљда во најдобро светло.
Од она малку што сум гледал боливудски филмови, знам дека во интерес на сензацијата одат контра на сите природни и логични закони. И во овој филм е така. Но, морам да им оддадам признание на креативноста во кореографијата, сценографијата, камерата и останатите кинематографски елементи. Воопшто и на идејата и на изведбата.
Иако вон секој разум, сите овие акциски сцени беа уживање. Беа многу, беа долги, но не беа ниту досадни ниту заморни за следење, баш беа интересни. За возбудливи не знам баш.
Музиката, а и текстот исто така одлични и совршено го надополнуваат дејствието и се вклопуваат во остатокот од естетиката.
Ефектите со променлив квалитет, некаде се одлични, некаде ептен се забележува анимација.
Е сега, драматургијата. Ваљда и таа е на високо боливудско ниво. Ликовите баш црно-бели, не се замараат многу со карактеризации, однапред се одредени сите. Неколку (очекувани) пресврти, уште поочекуван крај. Па флешбеци, па потсетувања, па интроа во јутјуб стил. Веројатно многу сегменти од филмов и ќе завршат таму со одлична гледаност.
Стандардни три часа си трае. Не можам да кажам дека не се забележува, но има многу филмови што се пократки а изгледаат подолг од овој.
Цело е кога има од сѐ по колку што треба. Овде во нешто претерале, нешто не ни ставиле.
7/10