FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Boy Wonder
Само што го изгледав. Приказната всушност интересна, можела и подобро да се сними да имале на располагање холивудски пари, на пример. :)
5/10
Автоматски споено мислење:

8 ќе учествуваат со своите предлози во наредните 16 недели
Дали сум и јас меѓу нив? Да размислувам за предлог филм, ако сум :)
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Boy Wonder

Сосема солиден филм според мене. Се знаеше дека е нискобуџетен, и како таков воопшто не потфрли. Кежуал вожња без многу драми и тупења, дури и да има за што да му замерам, нема да го направам тоа затоашто ми се допадна што имаше цел и не залутуваше со сајд приказни наваму натаму како што знаат многу високобуџетни филмови да прават во нивните 2-3саатни филмови. Иако беше навистина предвидлив не ми сметаше тоа, во ниеден момент не се почуствував како да губи на динамика или да завлекува, голем плус за тоа. Си имаше приказна, си ја раскажа, и тоа е тоа, од нискобуџетни филмови повеќе и не ни барам, само да имаат смисла и да не ми е досадно кога ги гледам. Жанровски исто така ми легна зашто сакам и крими и одмазднички филмови, а крими одамна не сум гледала па фино ми дојде. Down to earth, ништо спектакуларно, ништо претенциозно, сосема океј филмче.

7/10
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Boy Wonder

Солидно филмче, 7/10..

Не е нешто невидено ама интересен и држеше цело време, ми се допадна и крими и одмазда и драма делот. Да, нереални неколку ситуации посебно за "живеењето" во полициска станица и чепкање во полициски компјутер на невработено лице(тука може му дале пристап само за да може да гледа осомничени фаци), ама ова е филм и си го сфатив како неможност на Шон да се помири и да го пушти минатото.. Исто и за продукцијата, не видов никаков проблем, а ниту ми е воопшто пресудно, исто и за техничките делови освен дека можеше подобра глума кај споредниве ликови.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.294
Поени од реакции
3.244
Boy Wonder

Мислев да пишам подолга рецензија, но за жал немам време. Мој прв предлог во клубов. Од тие неколку што ги имав на ум, го одбрав овој бидејќи беше еден од ретките што апсолутно никој го немаше гледано. Филмов е еден од првите филмови што ги имав изгледано, откога почнав активно да гледам филмови. За мене приказната е над се, па му простувам што имаше малку тапа глума и просечна режија. Филмот е краток, без намерно да се издолжува како што имавме филмови во клубов и беа мачни за догледување. Приказната како што реков ми се допаѓа и за разлика од слични филмови, мотивот на главниот лик беше јасно прикажан. Ми се допаѓаат филмови кај што индивидуалецот оди против општеството. Објективно можеби не е за 10, ама од мене добива 10ка.
 
И ќе те замолам.... Лаура да го гледаш
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.120
Поени од реакции
9.976
Додека во оваа последна вечер од октомври за 2021 г. Американците го слават Хелоуин, а во Македонија се слави победа од сите политичари и политички засегнати типци и типки, во нашето имагинарно филмско царство продолжуваме со нов филм.

Следните две недели на репертоарот на кино "Кајганче" ќе оди еден не толку познат филм, од една не толку позната кинематографија овде, а тоа е босанската.

За филмов не знам кога прв пат слушнав, али ми текнува дека еднаш наидов на статија на интернет дека познат европски режисер го има сместено филмов во топ 10 најдобри филмови според него.
И сè на памет ми иде дека беше Вернер Херцог или пак можеби Ханеке, а можеби беше и некој трет, зашто статијата по втор пат не ја најдов, али филмот го изгледав.

Се работи за филмот Savršeni krug (1997).

Се надевам ќе ми простите за долгичкото претставување и ќе го изгледате филмов, кој кај мене изнуди доста емоции, а се надевам и кај вас.

Хинт: Пошто тешко се наоѓа, барајте го на Рутракер.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.189
Поени од реакции
56.736
Филмов не знам дали го иам гледано порано или го имав барано за гледање на времето кога најчесто глеав југословенски филмови а и ме заинтересира Мустафа Надаревиќ односно Изет Фазлиновиќ своевремено. Дали е овој, дали е друг со него не ми текнува, ќе видам коа ќе го глеам ако препознаам нешто.

Има на една од пајрат беј прокси страниците торент двд рип со кинески наслов напред, тој го симнувам моментално ако издржи со крај пошто има 2 сидери.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.294
Поени од реакции
3.244
И ќе те замолам.... Лаура да го гледаш
Ова имаш црна листа или проверуваш? :cautious:
Малку ми се одбивни црно-бели филмови, шиндлерова листа ми седи во watchlist 6 години. Ама ајде штом ме замоли ќе го гледам следна недела во прва прилика кога ќе гледам сам.

Додека во оваа последна вечер од октомври за 2021 г. Американците го слават Хелоуин, а во Македонија се слави победа од сите политичари и политички засегнати типци и типки, во нашето имагинарно филмско царство продолжуваме со нов филм.

Следните две недели на репертоарот на кино "Кајганче" ќе оди еден не толку познат филм, од една не толку позната кинематографија овде, а тоа е босанската.

За филмов не знам кога прв пат слушнав, али ми текнува дека еднаш наидов на статија на интернет дека познат европски режисер го има сместено филмов во топ 10 најдобри филмови според него.
И сè на памет ми иде дека беше Вернер Херцог или пак можеби Ханеке, а можеби беше и некој трет, зашто статијата по втор пат не ја најдов, али филмот го изгледав.

Се работи за филмот Savršeni krug (1997).

Се надевам ќе ми простите за долгичкото претставување и ќе го изгледате филмов, кој кај мене изнуди доста емоции, а се надевам и кај вас.

Хинт: Пошто тешко се наоѓа, барајте го на Рутракер.
Мораше филм што го гледав пред еден месец. :mad: Бар да не го ривјунеше тогаш на летербокс...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.120
Поени од реакции
9.976
Тежок избор, залепен богзнае каков превод (румунско цигански?) 480п, или без превод 240п.
Или 480p торент од Рутракер без лепен превод и со опција да го смениш руското аудио со босанско. :P

Инаку и ја кога го гледав филмот, го гледав баш тој линк со романски превод, што го гледала Виолетова и не ми нешто посебно сметаше. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom