FILM CLUB (КРУГ 5) (198. Le conseguenze dell'amore / The Consequences of Love: 13.05-26.05.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.729
Поени од реакции
2.546
Еве ме (без таг :)) си дојдов :) Додуша малку подоцна од планираното, ама затоа сега две во едно.

Светлините на велеградот (1931)

Светлините на велеградот е последниот нем филм на Чаплин, со оглед на тоа дека е снимен веќе по појавата на звучниот филм. Но иако нема говор и дијалогот е претставен преку титлови, филмот е звучен затоа што музиката е синхрона, што најдобро се гледа во сцената во ресторанот кога скитникот ќе го голтне свирчето. Ова е сосема небитен детаљ за филмот, кој е претставува еден од врвните остварувања на немите комедии. Одлична актерска изведба, пантомима, кореографија, комедија, мелодрама. Одлични се сцените со скокањето во водата, бокс мечот во рингот, танцот во ресторанот. Иако малку ми се чинеа како вметнати скечеви кои што не го движат дејствието напред и можат сосема слодобо да фукционираат и вон филмот. Впрочем и поголемиот број негови филмови се такви.
Според многу луѓе најдобриот филм на Чаплин, според мене има и подобри.
7/10

Икиру (1952)

Икиру е еден од малкуте филмови на Куросава што се случуваат во современо време, ако не барем најпознатиот од нив. Иако филмот е од пред повеќе од половина век, плени со актуелноста на проблематиката што ја обработува: бесмисленоста на бирократијата и бирократите и нивната лицемерност, тешкотијата за оддавање на признание каде што треба и посветување на животот кон едно поголемо добро. Соочувањето со болест и скора смрт речиси секогаш го има тоа освестувачко дејство врз луѓето, кои што дури тогаш како да се свестуваат за трајноста на животот и започнуваат вистински да го живеат. Филмот е една драма во која што главниот лик се наоѓа во токму таква ситуација. Интересно е што малку после половината од филмот остануваме без него и остатокот од приказната ја следиме преку сеќавањата на останатите ликови. Улогата ја толкува Такаши Шимура, покрај Мифуне еден од омилените актери на Куросава и како и секогаш, ја изведува перфектно.
8/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.489
Поени од реакции
9.469
Ikiru
Watanabe, човекот кој откако дозна дека ќе умре, реши дека треба да живее...

Филмов којзнае колку време го тегнам за да го гледам, сигурна бев дека не можам да го гледам било кога и во било какво расположение и така и беше, сега се погоди да имам мнооогу обврски баш овој период и наоѓав по малку време да гледам делче по делче зошто не сакам на никој да му се ставам во неговиот термин со туѓи филмови и брзав сега да го изгледам, а можев на раат во понеделник ама ајде сега тоа е...

Ок беше, мило ми е барем ако не друго што полека полека ги ретчам овие големите и култни филмови... Може во други околности ќе имаше повеќе хемија, сега...

За овој филм никогаш не сум слушнала ни прочитала негативна критика и сите што ми го предложиле ми зборувале за него со сјај во очите, сега се погоди и тука да се каже и искрено очекував многу. Ептен многу очекував, иако дел од мене знаеш дека Kurosawa и баш не е режисер за мене од причина што не можам многу да се сконцентрирам за вакви бавни и малце тешки драми. Само Rashomon му го обожавам, со некои други само до пола сум запознаена и не сум издржала.

Да не должам, не успеав да се поврзам баш со ликов џабе и тоа тажно фацуле го имаше, ама поради тоа што ова тажно и слатко фациче што толку време живеело како билка на крај конечно ја пронајде "смислата на животот" нека биде 8/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.047
Поени од реакции
34.725

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Почнавте сите да глумите зафатени и од цели 168 часа да не може да најдете 2 (тоа се факинг... 16 е 10% делено со 8, 1.2% ор самтинг?? GGWP)... а верувам да ви се направи анализа ќе се најдат минимум 30 часа безвредни.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Јас морам повторно да ве напуштам. Изминатиов период преполн со обврски кои се развлекоа...
Како и да е, успеав да изгледам нешто... па еве ги моите оцени:
City Lights 9
Браво за тој што го предложи...
I'm Not There 5
Најмногу поради глумата... за секоја пофалба. Иначе воопшто не сум поклоник на делото на Bob Dylan. Татко ми го обожава и ми ги има потечено со Bob Dylan. Можеби најмногу поради тоа не го сакам човекот.
A Time to Kill 2
Досаден и предвидлив. Толку добра екипа во еден толку неинтересен филм.
Злате внеси ова, за кога ќе се приклучам да имам помалку за гледање... ;)
Поздрав до сите.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Го гледав уште вториот ден, почнав и да пишам на 2-3 пати, ама секогаш ме прекинуваше некој... Името Куросава го знам уште од мал, ама до не многу одамна немав ништо гледано, а сега со Икиру скромни 3 филмови. High&Low и Рашомон не ме натераа за брзо да си пуштам уште еден од Куросава, тешки филмови се за гледање неговите, ама затоа вот... :D И фала му за тоа, Икиру е прекрасен филм, ме натера многу да размислувам и после филмот за мн работи... не дека сум сменил нешто де.. си мислев само :D претходно има спомнато сцени на кои и јас се наежив, ама не ми излегува од глава и по десетина дена кога Ватанабе и купи чорапи(хулахопки) на женската/колешка, колку беше среќна и колку и беше чудно што некој го направи тоа за неа, дека нели "Дупките на моите чорапи не им пречат на твоите нозе"... 8.5/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.489
Поени од реакции
9.469
Дечки, јас сум на ред.

Ептен се мислев овој пат, дали да биде некој нов филм па да го гледаме сите сега прв пат и да коментираме, дали стар црно бел, ноар или некој лесен позитивен фил, дали хорор, драма, комедија и сепак решив дека сакам да репризирам нешто што одамна сум го гледала а сум ставила ептен висока оцена и овој пат да го споделам со вас.

Филмов е психолошки трилер за две сестри. Го рачунаат како култен филм во овој жанр, а е многу малце познат, скоро и никој да не го знае. Баш поради тоа и го одбрав.
Bette Davis и Joan Crawford се легенди на Холивуд, врвни глумици, па глумата тука е совршена, посебно ликот на Bette. Еден од најдобрите негативци.

Филмот е прогласен за еден од 100те највозбудливи филмови на сите времиња, а Бејби Џејн во изведба на Bette е 44то место во 100те најдобри негативци на сите времиња. Номиниран за 5 оскари, за најдобра женска главна улога, споредна улога, фотографија, звук и костим. Го освоил само последниот. Bette Davis и Joan Crawford биле номинирани за наградата BAFTA, а филмот бил во трка за златна палма на канадскиот филмски фестивал во 1963.

Црно-бел е, ваљда ги поминавме тие времиња кога ви сметаа таквите, режисер е Robert Aldrich, трае 2 часа и 15 мин, пишан е како хорор, ама занемерете го тоа не е хорор, мене ми е ремек дело од филм, се сеќавам прв пат кога го гледав се опседнав со него, ептен ми е добар, се надевам и вас ќе ви се допадне бар пола колку мене и тоа е..

What Ever Happened to Baby Jane?

@Anon и @Goodfella го гледаа, се надевам нема да им биде проблем да го репризираат, ако не нека пишат нешто од сеќавања. Толку од мене, уживајте.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.729
Поени од реакции
2.546
Првиот дел од филмот којшто иако брзо помина, се занимава со бесцелно талкање низ градот со другар му Носферату и пискавата девојка,.
Само мала корекција: писателот се претстави како Мефисто. Носферату е вампирот.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
6.711
Се извинувам што каснам од неоправдани причини...

8/10

Зошто 8 ? - Се што барав во филмов е Ватанабе повеќе да се смее. Најдрагоценото нешто ми беше неговата насмевка во филмов. Срцево ми се смееше кога гледав како се смее.Верувам како што кажаа и административците никој немаше да направи тоа што го направи Ватанабе!


Не сакам да должам бидејќи каснам , се е кажано за филмов веќе.


Зошто -2 или не 10? - Само поради тоа што филмот ми ги изгуби сите емоции ( на одреден период) кога административците почнаа да тупат...сцената пред да почне да се разговара за него и пред да ја решаваат мистеријата зошто Ватанабе брзаше толку и што му го смени мислењето беше сама по себе рак. Тоа беше мислам 15-минутно ништо! Прочитав некој/а погоре пиша дека било интересно само поради структурата на филмот...НЕ! За мене структурата на филмот ги изгуби емоциите. Беше интересно да, кога почна да раскажуваат за него приказни, но еве замислете како ќе беше цело време Ватанабе да беше фокусот и како он мине од ден во ден борејки се за паркот!
Може сум единствениот али не ми се верува уствари дека сум единствениот што сакаше само Ватанабе да го глеа и ништо друго!



While your lips are still red...


From papir with love.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
А бе сега го гледав пред некој месец Бејби Џејн, пфф. Нема шанси да го репризирам.
Филмот беше океј, ама пошо ми го предложи Хоуп не ми се свиѓаше многу.
Една ментална сестра што ептен те напиња пошо е многу лоша, една кутра нежна што ја жалиш цело време... со доста солиден мајндфак на крај.
6.5/10
Ми беше напорен малку за гледање ради таа вештерката.

Побавни 2 недели може и ќе имам...
Изминатиов период преполн со обврски кои се развлекоа...
Да, да... и тогаш мрморецот ја виткаше чоколадата...
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
како може бе црно бели филмовите да гледате, очите ќе си ги расипите
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Мене ми беше ептен добар Бејби Џејн, ќе пробам да го репризирам наредните 2 недели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom