FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.550
Perfect Blue (1997)

Членка на многу популарен поп бенд одлучува да ја заврши музичката кариера и да започне со актерска. Тоа наидува на отпор кај фановите, но и кај дел од опкружувањето. Дури започнуваат да се случуваат и убиства, а таа после една трауматична сцена на снимањето, почнува да не ги разликува реалноста од улогата во серијата што ја работи.

Добра приказна, но некако не ми држеше внимание. Очигледни беа ликовите, од едната страна „страшниот“ верен обожавател што требаше да го привлече сомнежот за делата и најдобрата пријателка што ѝ мислеше сè најдобро, од другата страна.

Не знам зошто беше нужно да е ова анимиран филм, можеше да биде и игран. Цртежот прекрасен, не можат тоа да го кажам и за анимацијата, позадините во поголем дел од филмот беа комплетно статични. Овој типичен јапонски стил на цртеж и анимација никогаш не ми допаѓал, па не почна ни сега.

Премините помеѓу сцените беа мајсторски направени, музиката беше исто така добра, но сето останато едвај просек.

6/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
96
Поени од реакции
454
The Consequences of Love (2004)

И овој филм ми беше на на watchlist за гледање веќе некое време, супер што начекав прилика да го изгелдам.
Добри ми се за гледање филмовиве на Сорентино, нема потреба да се замараш за заплет, само за тоа колку се убаво снимени.
За дејството немам што да кажам, не ми е ни битно толку, не ме бивало никогаш за се изразувам поетски или романтично.
Од мене добива 7/10.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Сеуште ми трае периодот во кој многу ретко пуштам филм, затоа од последниве три предлози, предност му дадов на филмот што го немам гледано.

About Dry Grasses

Тоа што го очекував и го добив. Одлична кинематографија, споро дејство, филозофски дијалози одлично изнесени од глумците и разработени карактери.

Главниот лик Самет, на почеток мислиме ќе биде морален компас низ филмов, за кога поубаво го запознаваме да испадне дека всушност е огорчен, песимист и во многу случаи злобен.

Односот кон девојчето генерално му беше перверзњачки (посебно кога и го читаше писмото и веруваше како он е тој во кого е заљубена Севим), а од друга страна во неа сакал да гледа некој оптимизам и надеж, сепак на крај во нарацијата и нејзе и предвиди дека ќе стане исушена жолта трева.
Не знам дали во последниот разговор инсистираше да и изнуди извинување чисто ради негови себични потреби и да искочи супериорен пред неа, зашто реално и он беше свесен дека непрописно ја допре кога ја "тешеше" за писмото.
Недопадлив лик, ама добар за гледање и заради глумата и заради разработеноста.

Исто и другите стварно одлични беа, посебно глумицата што ја играше Нурај.

Во првиот кадар на филмот, си помислив како многу кадри во филмовите на режисеров се како живи фотографии, за подоцна во текот на филмот кога ги гледавме фотографиите на Самет, некои од нив стварно беа "живи". Тие делови исто многу ми легнаа.

Winter Sleep ми е омилен од него, таму памтам во кино бев впиен во секоја можна сцена, овде не бев баш во секоја, ама секако во мнозинството... Затоа, 8/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Следен предлог:

Nuts in May


Комедија, се надевам на тие неколку што ќе го гледаат ќе им се погоди хуморот.

на рутракер верзијата од 3.87гб, на пиратите 686мб и 1008мб (ова поспоро иде)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.550
Nuts in May (1976)

Доживувањата на еден пар додека кампуваат некаде во внатрешноста на Британија. Кит е еден опсесивен лик, за кој сè мора да се одвива според план и кој строго се придржува до ПС. Сопругата или девојката е од оние „нели, Кит“ ликови, која се потпира на неговата доминантност, но и ја преиспитува. Оттука треба да произлезат комичните елементи, кога Кит е во ситуации кои отстапуваат од замислата или во конфликт со прописите и ликовите што не се придржуваат до нив.

Дејствието ми беше интересно, па и забавно, но воопшто не ми беше смешно и покрај тоа што сум љубител на британскиот хумор. Но овде толку беше суптилен, што и го немаше. Ликовите и изведбата одлични, особено Кит и камперот со радиото.

Целиов филм изгледаше како да е проширена пилот епизода од серија.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.110
Поени од реакции
34.904
Nuts in May

Не знам зошто, но ова на IMDB ми го дава како епизода од некоја серија, а не филм. Не е ни важно. Кратко филмче за пар енвиронменталисти вегетаријанци кои одат во природа во Дорсет на кампување за да го избегнат метежот од градскиот живот и се она што од таму им смета. И се е ОК само првиот ден, но веќе вториот до нив се „доселува“ кампер кој им го нарушува мирот со неговото радио, а кога како-така ќе ги ускладат односите со него, и пар на мотор кои ќе бидат пребучни, па така ќе настане уште еден конфликт. Ништо посебно нема во филмот, само многу комични сцени кои настануваат како последица на карактерот на главниот лик, Кит, кој сака секогаш се да е по негово. Очекував да е еден од оние британски филмови кои не можам да ги сварам како Stuart или тој со Party People кои ги гледавме тука, но овде некако како да отсуствуваа тие елементи кои ме нервираат таму, па така, гледлив, ОК, ама ништо WOW. Филмче за тепање време и за смеење на глупостите, а морам да признаам, на моменти однесувањата на Кит ме тераа да се чувствувам непријатно. 6/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
96
Поени од реакции
454
Nuts in May (1976)

Иако обожавам британски филмови со нивниот хумор, овој не ми легна некако.
Ми делуваше цело време како скеч од некоја серија. Не ми беше досаден, дури и навистина на моменти беа некои ситуации комични, особено со чудното однесување на сопругот, ама очекував да ме смее цело време.
Продукциски си е во ред со оглед што е TV Movie. Додуша и Naked од истиот режисер некако не ми беше толку сфатлив како и овој.
И од мене добива 6/10.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.550
А да одиме на летен распуст?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.110
Поени од реакции
34.904
А да одиме на летен распуст?
Па сакав после овој предлог. Секако е и последен во кругот, па мислев да одмориме до септември. Ајде @The Cooler King , презентирај го филмот, ќе одиме уште 2 недели со него, и после малку на одмор.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.110
Поени од реакции
34.904
@The Cooler King не може да го презентира филмот, оправдано. Па еве што ми пиша кога го одбра:

The Cooler King напиша:
Како што гледам овој ќе биде најстариот предложен филм во клубот. Освојувач на оскар за најдобар филм и за најдобар режисер. Филмов ми е гледан пред 10тина години, ме остави без зборови, но само лани ја прочитав книгата, и можам да кажам дека ја доловува целосно атмосферата. Знам дека излезе нов филм германски, ама не планирам да го гледам тој, бидејќи си зема повеќе слободи во врска со книгата а и не бил подобар филм од овој.
Филмот е На запад ништо ново (1930)
Значи All Quiet on the Western Front (1930) ќе го гледаме последен пред летната пауза. Воедно тоа е и 200 филм во Клубот, па - честит јубилеј на сите!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.550
На запад ништо ново (1930)

Филмот ги прикажува ужасите на Првата светска војна низ очите на група германски војници.
Ги опфаќа буквално сите фази што ги обработуваат воените филмов, од тоа како се индоктринираат од авторитетите за да се приклучат на војната, преку запознавање со сите ужаси на фронтот и војната се до осознавањето на суровата вистина за бесмисленоста на нивните страдања и жртви.
Буквално е прототип за воени сцени за сите понатамошни воени филмови.

Тоа воедно му е и маната. Филмот нема континуирано сиже, туку е составен од бројни епизоди одвоени со затемнување, некои кратки, некои долги. Ликовите се појавуваат и заминуваат, не беа доволно обработени за да се соживееме со нив.

Со оглед дека е снимен 1930-та година и нецели три години од првиот звучен филм, филмот е далеку пред времето. Големата борбена сцена изгледа спектакуларно и од денешен аспект. Многу понови филмови не успеале да го достигнат тоа ниво на реален приказ на хаосот на бојното поле. Исто важи и за звучната кулиса во целиот филм. Маестрално изведена особено ако се има предвид примитивноста на тогашната техника за снимање на звук.

7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom