- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.747
- Поени од реакции
- 2.562
Еве ме (без таг ) си дојдов Додуша малку подоцна од планираното, ама затоа сега две во едно.
Светлините на велеградот (1931)
Светлините на велеградот е последниот нем филм на Чаплин, со оглед на тоа дека е снимен веќе по појавата на звучниот филм. Но иако нема говор и дијалогот е претставен преку титлови, филмот е звучен затоа што музиката е синхрона, што најдобро се гледа во сцената во ресторанот кога скитникот ќе го голтне свирчето. Ова е сосема небитен детаљ за филмот, кој е претставува еден од врвните остварувања на немите комедии. Одлична актерска изведба, пантомима, кореографија, комедија, мелодрама. Одлични се сцените со скокањето во водата, бокс мечот во рингот, танцот во ресторанот. Иако малку ми се чинеа како вметнати скечеви кои што не го движат дејствието напред и можат сосема слодобо да фукционираат и вон филмот. Впрочем и поголемиот број негови филмови се такви.
Според многу луѓе најдобриот филм на Чаплин, според мене има и подобри.
7/10
Икиру (1952)
Икиру е еден од малкуте филмови на Куросава што се случуваат во современо време, ако не барем најпознатиот од нив. Иако филмот е од пред повеќе од половина век, плени со актуелноста на проблематиката што ја обработува: бесмисленоста на бирократијата и бирократите и нивната лицемерност, тешкотијата за оддавање на признание каде што треба и посветување на животот кон едно поголемо добро. Соочувањето со болест и скора смрт речиси секогаш го има тоа освестувачко дејство врз луѓето, кои што дури тогаш како да се свестуваат за трајноста на животот и започнуваат вистински да го живеат. Филмот е една драма во која што главниот лик се наоѓа во токму таква ситуација. Интересно е што малку после половината од филмот остануваме без него и остатокот од приказната ја следиме преку сеќавањата на останатите ликови. Улогата ја толкува Такаши Шимура, покрај Мифуне еден од омилените актери на Куросава и како и секогаш, ја изведува перфектно.
8/10