FILM CLUB (КРУГ 5) (198. Le conseguenze dell'amore / The Consequences of Love: 13.05-26.05.2024)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.101
Поени од реакции
56.029
Тапа ова, едвај издржав, на 6 рати го глеав изминативе 4 дена. 3 саати глупости, евреите по милионити пат квичат дека се угнетувани и бркани од сегде. Замараше главниот актер со тоа иритантниот и нападен рапав глас. Мјузикл е најглуп филмски жанр што може да постои, мада тоа може да биде надминато од новиот тренд у Холивуд моментално наречен сатира. Театарска претстава преточена у филм истотака една од поглупите идеи што може да се осмислат. Да беше пократок едно саат ипол, можда и ќе поминеше, вака чао. Ужасие грешком.

Апсолутно ниту една позитивна ствар не можам да најдам и кажам за филмот.

2/10.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.728
Поени од реакции
2.546
Fiddler on the Roof (1971)

Одамна ми стоеше на листа за гледање, но заради должината не се решавав да го пуштам и прашање е кога ќе стигнеше на ред. Добро што дојде како предлог во клубов.
Прекрасен филм, почнувајќи од актерите и изведбите, преку сценариото, дијалогот, фотографијата и кореографијата, се до најважното - музиката. Бројни познати незаборавни песни овој пат слушнати и видени во вистинскиот контекст.
Можеби сцените со објавите за венчавките беа малку репетитивни, но беа и оригинално решени.
Уживав во секоја минута, па и во паузата меѓу чиновите.

8/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.290
Fiddler on the Roof

Не се најдовме на иста должина со филмот. Освен виолинското соло на почеток, ништо друго не ме внесе. Особено песните, никако не ми влегоа во уво, а "Tradition" дури малку и ме нервираше. Со приказната и ликовите повеќе се поврзав во вториот дел кога стана помрачна атмосферата, ама првите два саата едноставно ми делуваа развлечено и неинтересно.
Единствено кинематографијата ми беше врвна од почеток до крај.
Како и да, фала за предлогот, можеби некој нареден пат од прва ќе кликнеме со филмот, наместо само со последните 60тина минути... Кога сѐ ќе соберам и одземам ми искача 6,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.010
Поени од реакции
34.590
Fiddler on the Roof

Одличен филм! 3 саати ми поминаа ко миг, а мислев дека нема да можам да го догледам. Филм за традицијата и за постојаното прилагодување кон новите текови кои животот ги носи - процес кој и денес не е запрен. Актерите сите одлични, прекрасно насликани ликови, песните сите убави, особено If I Was a Rich Man, кинематографијата преубава... Ме изненади ова на крај:


но подоцна прочитав дека всушност цел филм бил снимен во Југославија, а не само пост-продукцијата. Наводно Јосип Броз Тито бил огромен фан на театарската претстава и бидејќи СССР не одобрувале снимање на филмот во денешна Украина, во село блиску до Киев, каде всушност се случува дејството, заради приказот на руската власт во него, Тито дозволил филмот да биде снимен во СФРЈ, во села во денешна Хрватска, каде што и целосно е снимен. Одличен предлог! 8/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
94
Поени од реакции
452
Fiddler on the roof (1971)

Сакам прво да им се заблагодарам на Тимон и Пумба што ја пееа Sunrise Sunset кога Симба им порасна во филмот Lion King 1 1/2. Да не беше тој филм толку добар немаше никогаш да ја сретнам песната, па тоа да ме натера да најдам од кој филм е, и така да го откријам овој прекрасен филм. Мислам дека ми е гледан повеќе од 10 пати досега.

Приказната е одлична. Иако веќе денес има заситување од филмови каде евреите се прикажувани како жртви, особено после нивниот однос кон палестинците, сепак од историски контекст мене ми е предобра, затоа што малку бев запознаен со погромите во царска Русија врз евреите, и фактот дека голем процент од жителите на Израел денес се со потекло од поранешна царска Русија. Тевије, типичен традиционален, конзервативен, религиозен родител евреин, кој според него за негова несреќа има пет ќерки и пробува да ги воспита во неговите вредности. Но, неговите замисли не се исполнуваат, и полека гледа како неговите верувања се рушат околу него, но и тој самиот се менува како човек. Секое преиспитување негово кога ќерките ќе му дојдеа со нивните одлуки, ги доживеав преемоционално, иако не се согласува со нив, сепак попушта затоа што That's what parents do, се грижат за среќата на своите деца. И како што реков во највата за филмов, до самата свадба филмот ми е како бајка, се е супер, сите среќни, се веселат, и тогаш почнуваат проблемите, историјата е немилосрдна. Како што евреите живеат во затворен круг и не им веруваат на странците, исто така и православните соседи се исти како нив, и бидејќи се побројни одлучуваат да ги избркаат сосем неиспровоцирани. Последните сцени кога ја напуштаја Анатевка беа врв, и самото збогување на Тевије со Кхава, која ја откажа од ќерка поради тоа што таа се омажи со православен. Според мене доколку не беше трагичен вториот дел, немаше да биде толку добар филмот и немаше да се цени првиот дел толку на второ гледање. И добар заклучок имаше Тевије, на сите ни се животите нестабилни како на гудач кој свири на покрив, никогаш не можеме да знаеме кога ќе се лизнеме и струполиме.
Актерскиот ансамбал е одличен, како целина се совршено погодени. Топол освен како негативец во James Bond, само овде го имам гледано и ми е предобар. Самата сценографија е исто одлична, едноставно е убава за очи за гледање, кога треба да те стопли ќе те стопли, кога треба да те зармзне, ќе те замрзне.
Што да кажам за песните освен дека секогаш ми се вртат низ главата. Tradition, Matchmaker, If I were a rich man и според мене најемотивната Sunrise Sunset ќе останат безвременски.
Кога сум го гледал за прв пат сум го оценил со 9, но после сегашното прегледување, ми беше многу поемотивено и слободно ќе му дадам 10/10. Еден од моите поомилени филмови.

Благодарност до сите што го изгледавте. За тие што ви се допадна, мило ми е што уживавте. За тие што не ви се допадна, мое извинување за изгубеното време, благодарност до feedback-от и со надеж дека во некое наредно прегледување ќе ви се допадне повеќе.
Мислам дека оваа ми е една од најдолгите рецензии што сум ги напишал и сепак мислам дека многу аспекти не опфатив, едноставно сум overwhelmed.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
5 до 12?
5 до 12!
:sramezliv:
Сите оние збунети лица на случајни минувачи, рандом колеги, затекнатата публика на почетокот во студиото? Same, добар дел од времето. Црвените линии треба да се преиспитуваат, границите треба да се поместат, но сепак ова ми се чини бизарно.
Сатира ми е или погодок или промашување, ништо помеѓу. И верувам дека обично многу подобро функционира во литература. Овде последните 10 минути кренаа оценка или две.
5/10
Ова ми беше прва филмска адаптација, а не сум го читала ни Дикенс. Каков идиличен почеток - паѓа снег, деца безгрижно се лизгаат и санкаат иии бам! Скруџ како оригиналниот Гринч :icon_lol:
Додека Боб се враќа во сиромашниот дом полн љубов, Скруџ самува во големата куќа меѓу прашина и пајажини како наивна визуелна метафора за неговото ладно, отуѓено срце. Многу ми се допадна моментот кога на портата ќе го препознае ликот на Марли.
Симпатичен потсетник дека радоста е во несебичните дела и убавите моменти кои одамна сме ги заборавиле.
6.5/10

Без да ја занемари историската позадина, Тевје на симпатичен начин ја предава семејната хронологија обединувајќи неколку големи теми. Поимањето на љубовта, промените кои неминовно доаѓаат, испитувањето на верата, животните премрежја и прогонот.

Иако тука последната третина е најсилна, веќе изгубив внимание. Почнаа да ми пречат сивите тонови, театралноста и сфатив дека претходното темпо ме истошти. Како и да е, до тој момент навистина уживав, а да не беше клубов сигурна сум дека никогаш не би го гледала.

ya ba dibba dibba dibba dibba dibba dibba dum
7.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.010
Поени од реакции
34.590
Ќе пуштам филм да гледам, па да заокружиме пред тоа:

Fiddler on the Roof го гледаа шестмина членови и го оценија со просек 7,0. Го испуштија:

@Darklady , @Violetova , @zmija1, @123456 и @Dumbledore - на сите прв неизгледан
@Комита Ултрас и @wot - трет неизгледан (црвен картон, се надевам ќе ни се вратите наскоро).

@Варвара за прв пат ќе предложи филм во Клубот. :vozbud: Останатите имате уште неколку часови да го догледате Fiddler on the Roof.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.010
Поени од реакции
34.590
Воедно, да ве потсетам сите дека доколку не се вратат @Erich Zann, @wot, @__Vita____ и @Shutmanga , следниот предложувач ќе биде и последен во кругот. Значи за точно 4 недели од денес почнуваме нов, трет круг по рестартот на Клубот. Сите кои имаат добиено црвен картон, го губат местото во новиот круг, па така уште едно потсетување за @devilko, @Setsuko, @Gazpapir, @Corvus, @Anon, @Комита Ултрас, @Erich Zann, @wot, @__Vita____ и @Shutmanga - доколку сакате да го задржите вашето место на листата предложувачи во следниот круг, имате уште точно 4 недели да се вратите во Клубот.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Започнува мојата мисија наречена Замарај луѓе да го гледаат Close. Најубавото време од годината помина, па филмов го предложив без грижа на совест.

Сѐ почесто гледам како го сместуваат во некоја квир рамка. Ако тоа ве оттргнува од идејата да го гледате, сакам само да ви кажам дека не се ограничува на тој начин. Да, режисерот е хомосексуалец, претходниот филм му се бавел со слична тематика, но тука тргнува од општи прашања и проблеми. Ова е приказна за кршливоста на пријателството, блискоста, (не)себичноста и одговорноста пред себе и пред другите.

Овие две недели го гледаме Close.
:)
290782368_198671482490181_7220525627492325046_n.jpg
Го има на rutracker и 1337х, а доколку некој гледа само онлајн тогаш побарајте го на onlinesaprevodom.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.010
Поени од реакции
34.590
Филмот е во кратката листа на филмови кои се кандидати за Оскар за најдобар интернационален филм. Претставникот на Белгија, Close е 165 филм кој ќе го гледаме во Клубот. Малку е тешко да го најдете, па за да не се мачите - на rutracker го има, со оригинално аудио. Ако има некој проблем со симнување, кажете, ќе средиме некако.

165. Close (2022)
предложувач: @Варвара (16.01 - 29.01.2023)

1673868739747.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.010
Поени од реакции
34.590
165. Close (2022)

1673897167094.png

:place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place:

Секако ќе го гледав филмов зашто е во кратката листа за Оскар за интернационален, а најверојатно ќе биде и номиниран, па затоа не можам да ја обвинам @Варвара за тоа што болеше. Многу! Ако овој филм не успее да измами емоција кај било кого, тогаш веројатно тој има срце-камен. Искрено, сосема поинаку го замислував, како LGBT филм со деца што ми беше одвратно да го помислам, а не па да го гледам, ама немаше ништо одвратно тука. Навистина искрена, топла но и болна драма за детските чувства и за справувањето со загубата. Приказот на тагата беше навистина реален, глумата прекрасна, режијата топ, кинематографија - преубава... Многу ми се допаднаа метафорите со цветовите, особено моментот кога ги собираа остатоците (корењата) на цветовите кои умреле за да можат отпосле повторно да ги насадат и да никне нов цвет. Не знам што да речам, прекрасен филм.

Е сега, морам да споделам едно лично искуство, и однапред се извинувам што повторно ќе ве замарам со моите приказни, па така тие кои не сакаат да читаат, доволно е до тука, за филмот кажав речиси се.

Некаде кон средината на '90-тите години бев некаде второ или трето одделение, дете кое летата ги поминуваше во село, кај бабата. Тоа лето, во куќата под нашата се досели семејство Босанци, бегалци од војната таму. Имаа три деца: најстариот - Предраг, една година постар од мене, Иван - мој врсник и Горан - штотуку родено бебенце. Морале да го напуштат родниот дом таму и да избегаат во држава во која никого не познаваат, само за да си ги спасат животите. Тоа лето го поминавме со Предраг и Иван од утро до мрак. Можеби не делевме и постела како Реми и Лео, но скоро секој ден децата беа и на ручек кај нас. Буквално си најдов уште двајца браќа. Тоа е едно од летата кои засекогаш ќе ги паметам во животот. Но, летото помина, таткото на децата најде работа како шумар (поточно - доставувач на дрва од планината до Шумското во градот), па честопати за викенд ги земаше и жената и децата во шумската куќарка во која престојуваа шумарите. Тој септември врнеа многу дождови. Една ноќ сонував сон како во една бандера блиску до игралиштето каде најчесто игравме со Предраг и Иван удрил гром додека јас бев потпрен на неа и целата бандера, заедно /со мене стана црна, јагленосана. Не дека верувам во со-ништа и дека мислам дека имаше некаква поврзаност, само го спомнувам ова за да дадам целосно објаснување за емоциите на едно осум-деветгодишно дете. Утрото сите дома се однесуваа чудно, дошепнуваа нешто, како да сакаат да сокријат нешто од мене. Се сеќавам дека надвор се уште врнеше дожд. Подоцна дента ја дознав тажната вест. Утрото, пред да тргне на работа, додека децата и жената уште спиеле, татко им сакал да им го запали шпоретот за да им биде топло кога ќе станат. Во ходникот на шумската куќичка имало туби со бензин за камионите со кои ги доставуваа дрвата. Не знам дали го палел огнот со бензин или некоја искра случајно одлетала, но се запалил целиот ходник и таткото избегал надвор без да може да влезе во собата и да спаси некое од децата. Се обидувал од надвор, низ прозорецот, но на истиот имало метални шипки кои не можел да ги исече. Изгореле сите внатре, угушени од чадот во сон. Мајката и трите деца. Невидена трагедија. По таа вест се поврзував со сонот кој го сонив претходната вечер. Се плашев да седам сам во соба, се плашев сам да излезам надвор, се плашев од дождот, се плашев кога грми... А најмногу од се, чинам, се плашев од бандерата во која удри громот. Бегав од тоа игралиште што подалеку. Се повлеков во себе сам со сопствените стравови. Моите дома не беа некои со кои би можел да разговарам за чувства. Се сомневам дека воопшто нешто и забележаа дека не е во ред со мене. А во тоа време (не верувам дека и сега е многу поразлично) на училиште немавме советувалишта и разговори со психолог за загубата која ја доживеавме. Морав сам да се справам со се, и со моите мисли, и со моите чувства. Ми требаа месеци, можеби дури и години, не се сеќавам, за да се вратам во колосек. Затоа можам да замислам како му е на Лео по загубата на најдобриот другар. Подоцна, многу подоцна, кога имав 20-21 година загубив уште една блиска личност која болеше уште повеќе од загубата на Предраг и Иван, но тогаш имав со кого да разговарам, не ги потиснав чувствата во себе и некако излегов силен, иако и ден денес ми фали и и ден денес боли...

Овој филм евоцираше спомени од детството, разбуди кај мене некои скриени емоции, ме потсети на два драги лика кои како ветер поминаа низ мојот живот, и ете, оставија трага која никогаш нема да се изгуби. Иако јас не ги оттурнав од себе како што Лео се обвинуваше себеси, сепак се обвинував зашто сметав дека несреќата се случила заради тој сон, па така некако како одново да проживеав некои моменти со филмов.

Единствена замерка - на почетокот ми беше некако се конфузно и не знаев дури кои родители чии се, зашто некако режисерот не фрли во центарот на настаните без да се запознаеме со околината. Така, кога се појави брат му на Лео во приказната дури поим немав кое е детето.

И едно прашање кое се уште ме мачи: за што ли ги береа цветовите од далиите?

9/10 , прекрасен филм!

И извинете за конфузната рецензија, филмот навистина ми направи каша-попара во умот. Ќе едитирам деновиве, ако е потребно, да се приберам прво.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.101
Поени од реакции
56.029
Што убав пресврт ми сервираше филмов. Секоја чест.

Во денешно време, со оваа лгбт пропаганда што се дешава години наназад, не можеш а да не помислиш на геј приказна кога ќе видиш ваков почеток на филм и вакво сценарио.
Се тресев од нервоза и ми идеше да го прекинам и да стаам конечна забрана за гледање филмови понови од 2010та година. Мислев дека ова ќе биде евтина геј драма каде после Х години конечно ќе си признаат за чувствата.... Батали, бегај.

И тука се деси преломната точка, пресвртот. Еј чекај бе малце, веит вааат.

Ми се свиѓаше поентата на филмов.

Пак ќе ја спомнам лгбт фамата и тоа нивно сервирање на новото нормално.
Јас на 12 години поима немав што значи геј. Тука децава ги гледаат овие двајца како се блиски и се дружат и првата помисла им е дали овие се заедно, дали се пар. Како бе дали се пар на 12 години?
Па на 12 години ние се срамевме муабет со девојче да напраиме, црвенеевме пред симпатијата, овие викаат дали сте пар.
Како да е нормално 12 годишни момчиња да се пар. Пардон, како да е нормално 12 годишни деца да се пар.

Од играчка плачка, како да кажам, од едно ретардирано прашање, од едно (за лгбт малоумните вредности) нормално прашање уништени се 2 млади, невини животи. Еден згаснат а друг со вечно жалење и себе обвинување, со психа која треба да се третира и лечи.
Прво мислев дека Лео не е свесен "што направи". После се отвори, и таа грижа на совест ќе ја носи со себе долго време.

Последната сцена за малце ќе ми го расипеше впечатокот, на крајот сепак убаво размисли и постапи мајката на Реми.

За другото убаво напиша Злате, да не се повторувам.
Супер филм.

Ваква случка во животов сум немал, ама има една личност што бескрајно ми фали и секогаш ќе бидам емотивно дрмнат кога ќе гледам филм, приказна, каде ќе има жалење, grief, по некој што не е веќе со нас.

Одлично деби Варвара.

8.5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom