FILM CLUB (КРУГ 5) (199. Nuts in May: 27.05-09.06.2024)

Член од
2 март 2022
Мислења
95
Поени од реакции
453
Er ist wieder da или Look who's back (2015)

Филмов го имав изгледано само поради meme-то: Are you crying my Fuhrer? No.

Почнува заинтригирачки, интересна идеја пред се, со доста комични моменти, ама со тек на време некако се здосадува. Предолг е филмот според мене за вакво дејство. Разбирам дека е сатира, и дека е наменет да ни биде мачно да го гледаме, иако германциве ќе се пронајдат во него повеќе. Мислам дека имав прочитано дека некои моменти биле и импровизирани со вистински луѓе, што е позагрижувачки. Да бидам искрен очекував повеќе кога го гледав првиот пат.
Не би го препорачал за луѓе што не се интересираат многу за политички состојби во Германија денес, би им бил предосаден според мене. Ама сепак сметам дека е добар предлог за во клубов.
Од мене добива 7/10.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Мислам дека имав прочитано дека некои моменти биле и импровизирани со вистински луѓе
Затоа некои лица беа заматени или очите им беа покриени со црна лента отпосле ставена!
Си помислив дека снимателите немаат дозвола да ги стават во филмот, ама не ми беше јасно зошто тогаш ги снимиле, а не отворив никаде да прочитам. :)
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.156
Поени од реакции
56.463
Секој од нас некогаш се има повикано на Хитлер и неговиот метод и начин на функционирање.
Да ви кажам право у филмов тотално бев на неговата страна.

Мене ми легна топ, не знам дали е досаден пошто испадна да го гледам на 2 пати по 1 саат, така да не знам, мада може да се согласам дека е многу 2 часа за ваква тема.

Не мислам дека треба детално да си запознаен со германската политика, овие се проблеми со кои се соочува цела Европа па и цел свет до негде. 2014та е годината кога е снимен филмов а како одминуваат годините се повеќе и повеќе ќе добиваат на тежина проблемите со кои се соочуваше Хитлер.

Мене ми беше смешен и многу пријатен филмов, за мој вкус на хумор можело и малце појако да удрат ама добро 2014та година е и Фирерот за малце ќе го издеше затоа што пукаше досадно и напорно куче, а не па режисеров да се закачал со црнци, гејови и евреи.
Мада беше поткачен еден црнец у тие емисиите, Хитлер му вика има работа и за тебе, нешто градилиште а у ќе најдеме.

Е сеа цело време барав и чекав што ќе биде со евреите, овие коа имаа секс и коа го бутнаа тоа свеќарникот знаев дека тука ќе биде нешто заебано, на крај можда и очекувано ама мене уопште не ми се допадна тоа, демек и дементните луѓе ќе се сетат на Хитлер и слично. Сеа ниеден, буквално ниеден не се побуни што Хитлер е тука меѓу нив, без разлика што мислеа дека е актер, ниту еднаш полиција не дојде да интервенира, баш напротив народот беше импресниониран од него... на крај една дементна баба зема го избрка. Уау преку кур, да ти ебам ереите бетер од шпонциве наши се, грам смисла за хумор немаат на таа тема. Не дека кујзне што требало да праи Хитлер со нив у 2014та година ама ова апла на нивна страна.

На крај убаво кажа, не можете да се ослободите од мене пошто јас сум во вас и секогаш ќе бидам. Опасен цитат, а и така е, 70 години после него, сеуште викаме абе убаво праел Хитлер, или само гасни комори за тие и тие, што кур. Расизмот е повеќе актуелен сега отколку тогаш.

Вака лично, секогаш сум наоѓал дел оправданија за тоа што праел Хитлер на времето.

Оценка, 7.5

(Иначе со последниот филм у Клубов, ќе ги поправам оценките на филмовите на кои сум стаил 1, дел од нив стварно не заслужуваат чиста единица, тоа што јас сум ретардиран и често делувам импулсивно е друга работа и мој проблем. Сакам да бидам добро момче кон крајот на оваа година и почетокот на новата. 30 години пунам у првата недела, пишувам горе 2014та година и сфаќам дека истата се десила пред скоро 9 години. Да ти ебам времето. :D )
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.729
Поени од реакции
2.546
Er is wieder da (2014)

Едно сатирично дело за тоа што би било ако во денешно време се појави Хитлер. Филмот вели, не баш нешто поразлично отколку што било во негово време. А самиот филм е малку нерешителен околу тоа што треба да биде: игран филм, лажен документарец или нешто помеѓу.

Ако ги гледаме ликовите и приказната, Хитлер некако многу брзо и лесно се прилагоди кон современото време и сфаќања, исто како што и лесно прифати дека никој не го сфаќа сериозно. Ниту па народот него го сфати сериозно. Но сето тоа е заради сатиричниот приказ на ситуацијата. Од друга страна па не отиде во апсурд,, како да се труделе да бидат реални и сериозни. И во овој дел режисерот делуваше нерешително. Таков беше и актерот што го играше, но не знам, можеби и вистинскиот Хитлер бил таков па одлично го доловил. А можеби и погрешно воден во различни делови во филмот. Секако многу различен од еден Бруно Ганц на пример, чија сцена беше парафразирана.

Во денешнава состојба со недостаток на лидери, кој и да е лидер од минатото со леснотија би стигнал повторно на власт и би го повторил она што го правел во своето време, така што ни Хитлер не е исклучок.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.049
Поени од реакции
34.732
Look Who's Back го гледаа само четворица и му дадоа средна оценка 6,6. Го испуштивме:

-јас, @Комита Ултрас , @grande-juve , @Darklady , @zmija1 , @Dumbledore , @Варвара , @wot - на сите прв неизгледан
-@Corvus , @123456 - втор неизгледан (жолт картон)

Јас му се извинувам на предложувачот, ветувам дека до крајот на годината ќе го изгледам, а исто и останатите филмови од Клубот кои ги имам испуштено.

Следен предложувач требаше да биде @Shutmanga , но бидејќи нема гледано ни еден филм од последните 3 (има вкупно 6 по ред негледани), ќе мораме да го скокнеме и неговото име го запишуваме на дното на листата, па ако се врати, ќе има можност да предложува, сепак.

По него, на ред е @Dumbledore кој ќе биде последниот предложувач за 2022. Го чекаме до утре вечер, 20:00 да ни каже кој е последниот предлог за годинава.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Look Who's Back го гледаа само четворица и му дадоа средна оценка 6,6. Го испуштивме:

-јас, @Комита Ултрас , @grande-juve , @Darklady , @zmija1 , @Dumbledore , @Варвара , @wot - на сите прв неизгледан
-@Corvus , @123456 - втор неизгледан (жолт картон)

Јас му се извинувам на предложувачот, ветувам дека до крајот на годината ќе го изгледам, а исто и останатите филмови од Клубот кои ги имам испуштено.

Следен предложувач требаше да биде @Shutmanga , но бидејќи нема гледано ни еден филм од последните 3 (има вкупно 6 по ред негледани), ќе мораме да го скокнеме и неговото име го запишуваме на дното на листата, па ако се врати, ќе има можност да предложува, сепак.

По него, на ред е @Dumbledore кој ќе биде последниот предложувач за 2022. Го чекаме до утре вечер, 20:00 да ни каже кој е последниот предлог за годинава.
Го изгледав, мислев дека рокот за рецензии е до 21:00 часот! Ако ти е за оценката, 6, ако ти е за рецензијата, нешто подоцна. :icon_mrgr:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.049
Поени од реакции
34.732
Го изгледав, мислев дека рокот за рецензии е до 21:00 часот! Ако ти е за оценката, 6, ако ти е за рецензијата, нешто подоцна. :icon_mrgr:
До 22:00 е, ама преморен сум, ќе легнувам, па затоа морав порано да пишам. Имате време уште да пишете за стариот филм.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Look who's back (2015)

Самата тема Хитлер, посебно во Германија кој претставува своевидно таму, е многу контроверзна. Филмот може да биде лизгав под, луѓето сеуште имаат трауми и живи рани од војната. Секако, овој филм е снимен по книга, која е преведена и на македонски јазик, така своевидната рамка за сценариото е поставена од самиот писател. Во оваа оаза од (црн) хумор, доста суптилно се испраќаат и сериозни политички пораки. Режисерот одлично ја искористил таа материја и доста умешно ја избалансирал.

На моменти глумата беше ужасна, но ликот кој го глумеше Хитлер искина. Од ораторските способности, карактеристичната вербална аргесивност, неколкупати излезе класичен мачо во конверзациите, гестикулациите, остриот поглед до движењето на телото, па и фасцијалната визуелизација. Оригинал.

Сепако, една од најсмешните сцени, крајно мистербинска, е кога останаа без пари и седна да им црта портрети. Лицето на црнецот го обои. :LOL: 6


Околу мојот предлог. Ова не беше мојата првична идеја, но веќе сме во празничната сезона, па ја послушав препораката на Златко и предложив Божиќен филм. Морав да се впуштам во своевидна авантура, од една страна да барам нешто содржински адекватно, а од друга страна никој или барем малкумина да го имаат гледано тој филм. Тоа беше вистински предизвик! Најпосле најдов, го изгледав и се одлучив да го предложам...

Се одлучив за стар филм, релативно краток, секако црно-бел, своевидна класика, која се надевам дека добро ќе помине. И овој филм е снимен по книга, влеговме во серија, книга која ќе биде искористена како темел за снимање не само на неколку истоимени римејк-ови, туку и како подлога и како инспирација за снимање на неколку класични (божиќни) филмови. Се одлучив за А Christmas Carol од 1938 година.

Содржински, можеби, не е најинтересниот филм, но го доловува божиќниот дух, божиќниот амбиент, божиќната атмосфера. Ја гледаме саможртвата на сиромашниот човек кој ги дава последните пари за амбиентализмот, за среќата на своите деца. Го гледаме детето, кое се крие во сите нас, кај возразните луѓе. Патуваме низ времето со антагонистот, кој влече животни поуки.

Навистина се надевам дека ќе би се допадне. Воедно, ова е моја своевидна рецензија и овој е последен предлог за оваа година, така, предвреме ви посакувам среќна Нова и се читаме во Клубот во новата година. :love:
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.303
Er ist wieder da

Интересно прикажано како и денес Хитлер без проблем со исти методи пак би стигнал на власт со поддршка од народот. Исто, убаво си кажа, дека цело време живее во нас, а може да се потврди со многу примери на случки направени од разноразни влади и политичари и обични луѓе, само тие случки се можда понашминкани.
Филмот ко филм беше предолг, можеше подинамично. Како да имаше неколку стилови измешано што малку ми сметаше.
Хитлер јако одглуми. Сцената што ја рекреираа од Der Untergang беше смешки.
Добра порака ама можело подобро да се изведе.

6,5/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.303
Dumbledore Како може црно-бел филм да долови божиќен амбиент и божиќна атмосфера? Ако нема боја, светки, лампиони, нема атмосфера :D
Не се само амбиент и атмосфера(мада ни тие не зависат од боја), тука е и божиќниот дух кој уствари е и најважен. Најдобар божиќен филм е црно бел, It's a wonderful life. Милион филмови има што се полни со амбиент и атмосфера и бои, а се празни ко шупелка.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Не се само амбиент и атмосфера(мада ни тие не зависат од боја), тука е и божиќниот дух кој уствари е и најважен. Најдобар божиќен филм е црно бел, It's a wonderful life. Милион филмови има што се полни со амбиент и атмосфера и бои, а се празни ко шупелка.
Затоа не го спомнав духот, дека тој може да е црно-бел :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.156
Поени од реакции
56.463
Eдинствен божиќен дух што филмов го пренесува се ова духовите што се појавуваат да тераат некоја лејм поента. хехе го забележавте болдираното hhhhh.
Единствено добро од филмов е што трае 1 саат, мада и тоа беше досадно.
Ако 200000 пати спомнеш Merry Christmas не значи дека така ќе пренесеш некоја празнична и божиќна атмосфера.
Језив филм е ова, духови, вампири се појавуваат, тој без нозе со ланци, дедо мразов да му го пуштиш на некое дете има трауми за цел живот да има. Ајде биди добар човек или коа ќе умреш ќе носиш ланци, биди добар и со добро ќе ти се врати. Секако.
И овој наеднаш после 80 години крш карактер откако трипаше и се дружеше со сеништа, стана од спиење како сменет и добар човек. Океј.
Важеле поентиве пред 210 години кога е снимен филмов, верувале луѓето у тоа гарант. До душа и сеа има луѓе што веруваат у такви глупости. Однеси кило зејтин у црква и мисли дека си завршил работа.

Глупости, у реду е, преку кур ми се овие њу јиар њу ми тралалајки што секоја година ги гледам. Ок е, траат месец ипол и од февруари се враќаме на старите патеки.
Мразам Божиќ, ова Нова година, целата таа лажна еуфорија што се ствара, сите тие честитки за подобро све и слично, а уствари тонеме у мизерија и општо како човештво идеме у тешко дно од кое нема враќање.

Да не се повторувам со црно беливе филмови веќе досаден сум.
Не ми е толку виновен филмов што вака рејџам колку што самото наближување на јануари ме тера накај депресија и меланхолија.

Пошто со филмов ја затвараме темава за оваа година, ја користам оваа прилика да ги поправам кецовите што сум ги доделил на другите филмови. Не дека нешто уау ќе сменат ама ете, нека не стојат единици, никој со сила не ме тера да ги гледам филмовите на крај краева. А и рака на срце ниеден не е за кец, тоа што мене не ми се свиѓаат е сосема друга тема на муабет.

(141) The State of Shock - 3
(147) The Bar - 4
(150) Amarcord - 3
(153) Withnail and I - 3
(157) Willow - 3
(158) RRR - 4
(161) Barfly - 4

A Christmas Carol - 3
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.687
Поени од реакции
80.051
мех е филмот со Хитлер денес
 
Член од
2 март 2022
Мислења
95
Поени од реакции
453
A Christmas Carol (1938)

God rest you merry gentlemen, let nothing you dismay!

Иако имам премногу филмови гледано кои се адаптација на книгата, иако ми е читана повеќе пати книгата, иако ми е обработувана во средно, секогаш ми е одлична приказна, која буди многу емоции.
Се познава дека не е некоја голема продукција филмов, а и можеле да поработат на некои моменти да бидат уште потрогателни, но е океј филмче, не се губи ништо ако не се гледа. Приказната е позната, и да може да се доживее празничен дух.

Јас му давам 6,5/10, бидејќи го споредувам со други адаптации, и овој е во просечните.

Среќни празници на сите, се читаме во новата година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom