Dead Man's Letters
Иако го немам изгледано Stalker, ветувам ќе ја поправам оваа грешка, несомнено можам да кажам дека ако ми речеше некој дека ова е филм на Тарковски, ќе му поверувам. Сличностите се премногу слични за да се направи разлика. Што, на некој начин бар од мое видување филмов е ставен во подредена положба поради недостиг на уникатност во дистрибуција на идејата.
Од друга страна, како и сите филмови од оваа ера, посебно на Тарковски, можам да кажам дека го имаат она "руското", и како се што е руско, се... груби, неизбрусени, недовршени на некој начин, без таа завршна глазура, без сјаило, без... Од една страна, тоа е така поради недостигот на буџетот. Можам да замислам како би изгледале филмовите на Тарковски ако го имал буџетот на Кјубрик. Исто и овој филм си пати од низок буџет и тоа е приметливо низ целото гледање. Од друга страна, овие се такви филмови, form over substance и на некого ќе му се допаднат, на некого не. Едноставно се направени за посебна нишка на луѓе кои може да гледаат филм со длабоки филозофски дејанија снимани со дигитрон.
Ако нешто ми се допадна, тоа е жолтата боја. Низ целото гледање на филмот ја чувствував токсично загадената атмосфера, ветерот со радиоактивните честици кои ги дуваше цело време на земјата, клаустрофобијата во бункерот, агонијата на преживеаните доле, надежта, смртта, депресијата... Цел процес низ кој би поминал еден човек од филозофска гледна точка, емоционална гледна точка и лична гледна точка. Како секогаш да се спакувани руските филмови така што акцентот се става на општеството, а потоа на единката. Веројатно ова си влече некоја комунистичка нишка...
Мене ми се допадна генерално филмот и знаев да замижам на недостигот на квалитетот, предолгите досадни сцени, како и неизбрусеноста на самиот филм, знаеше да ми ја погоди фантазијата и додека го гледам да сочувствувам со луѓето доле, да фантазирам за цел тој свет, да се ужасувам од него, како и да филозофирам за можна иднина во случај на една таква апокалипса.
Филмот е и направен во ера на реална опасност од нуклеарна борба, каде населението се плашело дека би можело да се случи нешто такво, наездата ги пратела од ден во ден, неколку пати биле и на самата ивица за започнување на 3 светска војна, па сигурно и по лично би го доживеал филмот секој кој растел во таа доба, наместо нас, кои на некој начин го немаме овој константен страв во себе од нуклеарен напад.
Да биде уште пострашно, години после филмот им се случил Чернобил и сите знаеме каков бил животот тогаш, колку самата радијација се прелеала кон цела Европа и сите ги чувствувале последиците од таквата катастрофа. Но, ако некој највеќе ги почувствувал последиците биле луѓето кои се наоѓале во обрачот, забранетата зона околу Припјат. Многу од нив решиле да се вратат и да го продолжат животот таму и после сите забрани, уцени и депортирања. Сведоштвата нивни сум имал можност да ги читам во книгата Чернобилска Молитва, и тие, обични луѓе, имаа сличен начин на филозофско гледање кон некој таков апокалиптичен свет, сличен mindset како што е направен филмот, начинот на говорење, на носење одлуки... Мене ми беше истата слика пред очи додека читав, и додека го гледав филмов. А таа слика беше мрачна, тажна, полна со агонија и болка, но онака, руски, неизбрусено. Некому ќе му се допадне, некому не. ЈБГ, такви се русите...
8