Феноменот seen - напаст на социјалните мрежи

oy9PAOr.png


Муабетов од денеска што прилично ме изиритира да ја отворам темава. Дали и вам ви се случува отежнување на социјалните односи на социјалните мрежи поради оваа гнасна опција. Ради вакви нестрпливи и идиотски реакции јас сум приморан да не го стегам тоа прозорчето, и всушност да правам обид (замарање) се со цел да не навредам или изнервирам некој. Не мора да навлегуваме во техникалии и опции или не знам какви add-ons за гасење на seen, тоа не е ни толку битно колку луѓето кои напнуваат само поради тоа што толку при срце си го земаат тоа ако е видено, а не вратено во рок од една мили-секунда. И без коментари за тоа „гасете тоа фб, почнете да живеете“. На форум. Пошто е прилично факинг иронично.
У случај да не сакаш да вратишили брзаш па не можеш да вратиш-мн лесностегаш анрид и готово.. Ја така го одбегнувам тој непријатен сооднос.. :)
 
У случај да не сакаш да вратишили брзаш па не можеш да вратиш-мн лесностегаш анрид и готово.. Ја така го одбегнувам тој непријатен сооднос.. :)
Значи не ми беше тоа поентата. Зошто јас би правел додатни замарања и непотребни напори за да го избегнам тоа, кога можеме да се стрпиме час, ден, два дена, посебно за онакви тривијални работи. Хакирање. :свиркам:
 
Се` вакво имам или избришано од пријател и затоа не додавам личности што не ги знам кои се. Никој не ми изреагирал вака а да, сум оставала seen ако сум во брзање од мобилен или на работа ако видам дека не е нешто итно и така. На кој му е до толку итно ќе се јави на телефон.
 
Значи не ми беше тоа поентата. Зошто јас би правел додатни замарања и непотребни напори за да го избегнам тоа, кога можеме да се стрпиме час, ден, два дена, посебно за онакви тривијални работи. Хакирање. :свиркам:

Епа итна и била работата, јебига..
Ете на некој како на типката ги иритира тоа и смета дека не е испочитувана со тоа што воопшто не си обрнал внимание на нејзиното прашање..
Ја не си земам при срце, ако е нешто итно ке го употребам телефоно и ке си завршам работа.. без додатно чекање1-2, ден.. :D
 
Муабет со колеги, пријатели и другари - строго на скајп и вибер.
Фејсбук е за мала група одбрани луѓе.
 
Полошо е кога во живо ќе ви се случи тоа "seen" :P
Како јас на пример на сите познаници им кажувам здраво, а некои само со поглед ме одминуваат.

За на фб не се замарам кој сака нека пишува, кој сака нека се лути, нека се треска од земја и нека ме бриши ако не им вратам. Пред некој месец по ѓаволите испратив 500 досадни пријатели, остантите 90 што останаа ќе им дадам број. :D

Си имам причина што некогаш не можам веднаш да вратам. На вакви ситници гледаат само луѓе што 24/7 се на фб и немаат никакво разбирање дека секој не може веднаш да одговори.

А вакви па кога нема да им вратам одма пишуваат: а те немааааа којзнае што правиш, каде беше????

Untitled.jpg
 
Шо бе син, син, не си на тацна ебаго. Народов мисли дека мора цел свет да се врти околу нив, и дека човек мора, ама значи МОРА да се фокусира во нивно удостојување и задоволување на потреба и тоа под хитно и одма.

Кој веба бе, сте пишале сте пишале, ако ми сака кафе че се напијам, че поручам, че одам до чаршија да си купам сончоглед, па тек че вратам ако не заборам.

Се случува човек да избезуми, сите си имам свои маки. Созреано суштество би ти пишало повторно на културен начин, во стилот да те потсети дека нешто пишал за да му вратиш ако знајш, а нема да се фати одма на игнорот, или одбегнувањето.

Некои работи ептен при срце си ги земаат, ито глупо при срце. Такво време дојде, порано се знаеше син е чоечко битие со онакво меџу нозе и толку. Сега види и нешто скроз без врска е.
 
Ми има создавано и мене проблеми таа опција слична случка како првото мислење членот што ја отвори темата, ама многу ретко тоа да се случи некоја таква ситуација да не можам да вратам на некое поставено прашање на некој што го знам кога му треба нешто .
А исто така и од другата страна сум бил многу пати , еве една случка од порано 20:30 беше часот, и дознавам за еден бенд што ке свират во едно кафуле во 21:00 , и сеа прашувам еден другар со кој пишувавме на чатот 15-20 мин пред тоа :
"Абе ти се оди на овие или, прашај и другите таму пошто кредит немам ?"
И го нема пола саат да претисне на чатот да излезе тоа сеен , и накај 21:00 оди офлајн, и се уклучува накај 22:00 и одговорот е :
"Ee касно е сега видов инаку ке одевме"
Да бе нема проблем , пола саат онлајн во мегувреме некој лајк или коментар ке остави ама не го видол прашањето :D , ме иритират такви работи пошто не е еднаш или двапати туку многу често го прават тоа истите лица и затоа избегнувам често такви муабети на фејсбук, телефон си е телефон:D
 
Се` вакво имам или избришано од пријател и затоа не додавам личности што не ги знам кои се. Никој не ми изреагирал вака а да, сум оставала seen ако сум во брзање од мобилен или на работа ако видам дека не е нешто итно и така. На кој му е до толку итно ќе се јави на телефон.

Затоа ли не ме прифаќаш ?После викаат во животот треба упорен да си.
 
- Маче де бе ти се разбираш повеќе од мода , каков џемпер да си купам црн , зелен или плав?
- seen
- Аа ок цуцулче фала, иначе ние у нашето село плав го викаме.

:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom