Уф, лудница беше во сала. Најмногу ќе го издвојам пеналот кој го одбрани Лејно, т.е. двојната одбрана, експлодираше салава, да беше ова Борис ова ќе влетаа на терен да ја кренат на раце. Се виде и утакмицава дека ќе тргне на добро чим со голови ја отворија Лазовиќ и Алтхаус
Како што кажав, кога го видов еден од тренинзите неделава, Питлик ја местеше дефанзивата и на Локе и ги стави Алтхаус како физички најсилна и Пенезиќ како највисока затоа што Локе е пониска и не може со скок или вртење да направи некој чекор плус. Верувајте, никој ја нема изолирано Локе на 2-3 гола сезонава, за прошлите ич не ми текнува. Ова стварно беше максимум што таа можеше да се умртви. Се виде по реакциите нејзини, Скандинавка е, не е навикната да губи како што кажа Ел Нињо, одма почна да лакта, да мава. Алтхаус три пати ја удри по носот, немаше ни исклучување ни ништо

Потоа одбраната во второ ја засили и Кликовац при што ни Шен и Ковачиќ немаа простор за чекор повеќе, се` беше забарикадирано. Судиите ги извадија со тие мал миЉон пенали што ги досудија.
Лекиќ може немаше голови овие 2-3 натпревари откако дојде Данецов меѓутоа еве и за
@leandra да пишам, кога имаш шутер како Пенезиќ, Лазовиќ и Ихнева во тим, асистенциите на Лекиќ доаѓаат во прв план. Таа сега ќе ги дели головите со овие три, ќе и го симнат товарот од нејзин грб кој го носеше лани. Не очекувајте од неа по 150 гола во сезона. Ања супер и во одбрана и напад, нека ви кажат тие што седеа во централните блокови, не знам колку се виде на камера, на моменти на грб буквално и се качуваа и немаше никакви санкции, напротив нациво само ги спастри. А и многу покварено од Ѓер што ја маваа по нос а знаеа дека носот и е повреден и играше со маска. За голманките е излишно да се трошат зборови, едната ладна како да брани против другарки, другата на 40 години фаќа топки како сега да почнува кариера.
Откај домаќините прелазни оценки освен Локе и судиите, онаа Ковачиќ што е демек нова Горбиц, се гледа дека има процесор во главата ама некако зелена ми е за нова Горбиц. Може да им ја земеме за на среден за замена, па кога ќе се пензионира Горбиц нека си ја вратат
Не знам, денес видов огромна решителност, пожртвуваност и концентрација кај девојките, на секое успешно спречување се радуваа како мали деца. Дај Боже и на судии и на свети судии да им ебат мамата на реваншот иако имам гадно чувство дека ЕХФ ќе стапи на сцена.