Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Све кајганџии сме се собрале денес машала :D. Ваљда имаше и некој што не е од форум :icon_lol:.
Горе на блок15 имаше неколку швеѓани и тоа беше тоа, другото се кајганџии бевме :D
 
Примети некој дека Жервињо им беше лево крило на швеѓанкивте?? :icon_lol:

Све у свему, добар натпревар, Лекиќ одлична, голови, ги разигруваше. Јока малку беше нервозна прво полувреме, се гледаше, го кинеше дресот нешто, па пцуеше :icon_lol:. После се врати у нормала. Пино ми е Миркуловски 2.0, мајке ми. Како ги изместува, кој подвижност, браво. :cuc: Суслина, што да се каже, поклон. :cuc:

Навивање ок, имаше некоја помала група у 5 блок ја правеа они атмосферата цела утакмица. Брановите беа супер. :)

Иначе накај 10 се шетам на кеј, ги гледам поминуваат Фернандез, Лејно и Дембеле пицнати од глава до пети :X3:, со штикли по два метра беа :гик:
 
Иначе сеа убаво ги прочитав претходните страни, па тоа Кајганџииве, све мањак до мањак, дури и до киднапирање дојде работава.:icon_lol:

Не е до нас...до нив е. :)

1625587_221929658010932_1808710720_n.jpg

Тата ( :love: )во второ полувреме ги прегази.Штета што и ја менуваат позицијата на 5мин инаку ќе игра дупло подобро од ова што го игра сега,а за мене игра супер и кога промашува зицери. :love:
 
комити одат на жрк вардар но не како група,имаше поголема група на блок м1 и они почнаа со тоа брановите што беше супер
на ехф пишува дека имало 6000 публика,јас видов дека имаше неколку празни места зад гол ,другото се потполнато
Нормално дека идат, али друго е организирано, кореографија, пеење ко на РК. Тоа му беше прашањето на дечкото, иначе не е дека Комити ги мрзат жениве... напротив, повеќето се манијакално расположени. :icon_mrgr:
 
Горе на блок15 имаше неколку швеѓани и тоа беше тоа, другото се кајганџии бевме :D
Ја бев на два реда под Швеѓаниве :D
После си одевме позади нив, за да не натепа некој комита, ама ништо. :D
 
:cuc: за Вардарки... за успехот што го постигнаа и тоа во својата прва сезона се стигна до полуфинале од ЛШ. Понатаму што сака нека се случи за прва сезона и ова успех. Баба Ина Суслина :cuc: ги отпиша уште на почетокот, потоа повторно да има голем пад во играта, па пак да има експресно враќање и победа., затоа и ме плаши променливата и килава игра, игра на мускули. Можеби грешам, но последните три натпревари се така ги изиграа. Сепак е прва сезона и очекувам да се подобри формата до Ф4, штом Булатовиќ не е во игра може да се надеваме на некакви шанси за финале.
Салата беше одлично исполнета, но еве ќе споделам нешто на тој план, нешто што делумно ми го расипа славјето.
Седев во блок 2, со столчињата нешто поблиску до блок 1 и како што бидува секогаш кај нашиот народ македонски кога се работи за спортот, кога на некоја екипа ќе направи успех веднаш се јавуваат помодарите што одат да бидат видени. Е такви си се сместија пред мене, теткици и нивните господа, пицнати се со смартофоните си прават селфи фотографии, додека оди претставувњето на Вардарки. Доаѓа интересното, излегуваат гостинкиве, ние со другариве почнуваме да свириме, да коментираме која е добра за онаа работа, која е добра за мањачење, помодариве седат и превертуваат очи и аплаудираат. Почнува напреварот, викаме, свириме, пробуваме да почнеме песна и паднаа првите коментари: како сме биле безобразни, како не сме гледале на раат утакмица и не знам што друго. Едноставно здравиот разум и историскиот момент на клубот не дозволи да направиме некој несакана случка бидејќи паднаа и пцовки од нивна страна, а се тоа само затоа што дојдов со дрес, шал и со желба со песна да навивам, да му помогнам на клубот, а не да киснам на фб на телефонот и да правам селфи слики. Само затоа што со дечките околу мене кога почнавме да ги пробуваме брановите бевме гледани како некои ненормални, дури за инат не стануваа на брановите:facepalm:..
Не разбирам зашто воопшто дошле на натпреваров и кога почнавме да коментираме дека на моменти салата е како во театар, го добивме одоговорот: А што сакате бре вие хулигани што ќе се дерат цело време:facepalm:.
 
Вакви кретени ме нервираа и во Кале од времето на Кометал. Обично идев на трибината кај Комити и урлав цел меч, ама се дешаваше да нема место игла кај да фрлиш на таа трибина па понекогаш идев на другата. Јас, навикнат да скокам на секој гол или одбрана и таму го правев истото ама наидував на реакции " седи доле", "ништо не гледам од тебе" и сл. пиздарии. Уште некој да ми кажеше "не скокај, не си на утакмица" и да си гризнев од гзот.
 
Еј стварно кој им е филмот дошле на утакмица а дремат на фб:confused:.Ок еве разбирам една слика да напраеш за успомен ајде.Ама немој барем да им се мешаш на другите кога навиваат,ако им смета галама нека си седат дома и крај.[DOUBLEPOST=1395022589][/DOUBLEPOST]Епа од такви не можеш да дојдеш до карта,он не иде од што следи ракомет и што се разбира,туку ете од чалам.
 
1962733_831140303578536_801411260_n.jpg

И само сакам да кажам дека ми е криво пошо @leandra не е во Македонија и не може да ги следи спектакливе што се случуваат во женскиов ракомет а знам дека многу би сакала и затоа само дреме на темава и клика лајкови ама се надевам дека ќе дојде некогаш да гледа некоја утакмица.

Поздрав и следни се Хамбург, НЕКА ГРМИ!

Да знаеш колку ми е криво кога ве читам ми иде од прстите на ногата да си апнам.
Се прашувам какво е чувството против твојот тим да брани Суслина, директно го фрлам телевизорот од тераса. Среќа за нас брани. А Индира, Индира е царица! Кралица! Алал и вера и за игрите и за трењерството, ама начисто ја обожавам.

Не е исто да се навива во својата земја, со својата позната атмосфера, со тие емоции, со таа љубов кон ракометот, него во туѓа земја седнат помеѓу нивни фанови кои лупаат со картон по нога. Мислам првите 15 мин се прашуваш што им е на луѓево, зошто не се радуваат на гол на Лекиќ, после почнуваш да се клоцаш со тие до тебе и на крај како апсолутен ретардос ти стануваш на свој гол, они на нивен. Среќа не тепаат. И од страна личи како обид за бранови да правиш :D

И Будимпешта не го фаќам почеток на мај, али со Џени, Бица и Дуде ќе го гледаме у кафана да грми! Бујрум заедно ќе гледаме ако сакате :)
 
Последно уредено:
Слушнав муабети дека Радичевиќ излегувала со голманот на Вардар Константин Захов...
Пино со кошаркар на Вардар, мислам дека е редно и со некој од ракометариве на РК Вардар да се спарат :icon_mrgr:
Пример Лекиќ со Фичо :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom