Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно поголем проблем е неизвесноста околу клубот и нестабилната состојба, а налет и тоа што тешките дуели ни се на домашен терен, кога и тоа прашање не е воопшто решено сезонава и секој викенд сме во неизвесност на кој терен ќе настапиме. Инаку, составот е доволно добар за да се избори за директен пласман во прва лига и да нема дополнителни засилувања зимава.
 
Јас како најголем проблем ќе ја посочам моменталната ситуацијата во клубот, се должат плати на играчи, газдата никаде го нема и што е најстрашно огромна тишина има во врска за Вардар. Обично сум оптимист ама мислам дека и оваа сезона ќе останеме во 2 лига.
Ај бе па ти не биди толкав песимист. Еее што тежок чоек си. :D
 
Христијан Кировски се разделува со Скопје..Како само би ви легнал.
 
Христијан Кировски се разделува со Скопје..Како само би ви легнал.
Ние да бидеме среќни ако ги задржиме постоечките играчи. Понуди не им недостасуваат како што разбрав, а од „газдата“ наш нема ни абер, ни глас...
 
Спорт1 ги имаат информациите од внатре така да не би рекол да е фејк туку да се молиме да се реализира бидејќи со оваа управа нема да влеземе ни оваа година.
 
Бидејќи не се спомнува името на компанијата, од она што најдов по нет, би требало да се работи за MVM Group, која е всушност државна компанија, моментално спонзор на Ференцварош. Ако навистина влагаат со бизнис во Македонија, тогаш можно е да има вистина во муабетот. Мислам дека засега не треба премногу да се надеваме, минатото покажало дека се било залудно.

Едно ќе кажам, Вардар мора да биде државен проект, само тоа е спасот во моментов. Никој приватен сопственик нема да се нафати да фрла пари, без притоа да има поддршка од државата. За жал тоа е суровата вистина и реалност.
 
Само за инфо ,истите овие 1спорт први ја објавија веста дека катарците влегува во Вардар па видовте што се случи, 80% од текствите ги пишуваат само за да имаат клик и да се пали народ.
Екипа, другарче. Не биле Спорт 1. Збориш напамет.
Едно е сигурно, Слободан алијас Цобе се повлекува, а како ќе тераме даље, останува времето да покаже...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom