- Член од
- 23 април 2022
- Мислења
- 675
- Поени од реакции
- 3.285
Прв пат пишувам на темава и сакам да прашам неколку работи во врска со домашните утакмици на ФК Вардар и изборот на стадион. Сите знаеме дека дом на ФК Вардар бил Гратски стадион одсекогаш, со падот на Самсоненко и испаѓањето на Вардар во втора лига почнува и агонијата кај да играат домашни утакмици. Да речеме дека немаат пари за термин на Гратски што е и логично, толку ли не може да се изнајде еден стадион и приоритет да има таму Вардар кога игра домашни утакмици. Па лани далеку поорганизирано беше кога сите утакмици се играа на стадионот на ФФМ во Ново Лисиче. Годинава нека биде тоа Маџари или Автокоманда ама нека се знае дека Вардар игра таму и да нема проблем околу термини и слично.
Некој поупатен да ја објасни ситуацијава и проблемов ?
Не се проблем парите бар кога се работи за изнајмувањето на терени. Милион пати знам е побарано од Градски, не даваат, те репрезентација, те го чуваат унапред, те го санираат, ете и Работнички не игра на него. За ФФМ објаснив погоре во пост, остануваат Маџари и Аутокоманда каде и се игра, ама и таму е проблем затоа што приоритет има прволигашки фудбал, а и Маџари има своја екипа која игра 3-та лига.Значи ако тој викенд има друга утакмица таму, ти не можеш да играш. Останува Ѓорче како опција мада и таму гледаат да го сочуваат за свои потреби и селските терени по Кадино и Петровец каде Вардар не припаѓа па макар све играл на гости....
Последно уредено: