Бугаринов и самиот израз „источноевропски конзорциум“ изгледаат и премногу сомнително, али тоа што Тупан ја води целата работа ми дава надеж дека можеби и не е се така црно. Практично он ги носи тука, Бугаринов не ни знаел за клубов дур овој не му го претставил. Што знам, мене Тупан отсекогаш ми изгледал ко нормален и приземен лик, многу поразличен од досегашнава управа и разни други бивши фудбалери-сегашни менаџери кои мешетареле околу клубов, бар јас не знам некоја информација за него која би го оцрнила како лик и не верувам дека би влегувал во клубов за да му наштети за лична корист, напротив право Вардарово дете. Може па и он е наивен, али во секој случај многу подобра варијанта е клубот да добие и ваков газда, него ли да продолжи ова мачење од претходниве три сезони или не дај боже уште полоши сценарија. Тоа што е газдата Бугарин не верувам дека ќе биде искористено за политички пораки, посебно ако тие што би давале пари се Украинци, така да од таа страна воопшто не ми смета неговата националност. Се согласувам дека ова е краткорочно решение, али таква е судбината тука изгледа, најбитно е клубот да продолжи да живее нормално.