Ми се плаче у пичку матер, цела сезона не пропуштив утакмица, освен кога сум бил на работа, додека бев доле секогаш кога можев ги гледав во живо, буквално се соживеав со екипата оваа сезона и можам слободно да кажам дека од оваа сезона сфатив дека вечно ќе навивам за Вардар, без разлика на се.
Цел тим, сите играчи се жртвуваа за оваа предност, играат без пари, играа од срце и душа, сите очекуваа борба за опстанок, они отидоа на 11 бода предност и на чекор до титулата.
Многу гадносе чуствувам додека го пишувам ова, навистина не ја очекував оваа вест, бев среќен дека ако продолжи првенството некаде на крајот ако успеев да дојдам доле да прославиме титула на градски, во парк или каде и да се организираше прославата, како што напишав ова е титула која ја посакував толку многу, за инает на сите душмани и за овие млади деца, кој изгинаа за Вардар.
За ФФМ и сите политички игри нема да трошам зборови, не е ова прв пат да му се случува на Вардар, знаете вие повеќето се постари и памтите убаво, еве и денеска сеуште е така, во сите држави од бивша ЈУ царуваат најелитните клубови од поранешната држава, само кај нас се гледа да се уништи Вардар или да се стави во втор план на сметка на народ кој не ја сака и почитува Македонија.
За мене и за сите останати ова е и повеќе од освоена титула, без разлика што нема да ја пишува како официјална, останува на нас да ја официјализираме со прослава и со незаборавање на истата, и нашите идни поколенија да чујат за оваа неправда и да знаат дека некогаш на 4 Јуни 2020 лето господово, неправедно ни е УКРАДЕНА титулата кој е освоена најчесно и најдостоинствено, со екипа која се пожртвувала и покрај сите притисоци и проблеми.
Да живее Вардар и Македонија.
ПС:Ќе заборавев за малку
www.komiti.orgСо години го чекавме моментотповторно да бидеш прво местосега кога први сменишто битно не ни есекој гине за тебеСКОПЈЕ СЛАВИ, ВАРДАРЕ!
youtu.be