Поентата е што, и покрај одличното CV, и богатата досегашна кариера, дечково е чист ризик, очигледно има проблеми со повреди во последните година-две и не може да сврзе константо неколку утакмици во некој клуб, па затоа е и шетан по позајмици и проби. Кога би бил физички спремен и способен за игра, веројатно би бил најдобриот наш играч заедно со Фелипе, ама лесно може да се случи и да не успее да сврзе 2 утакмици една по друга и да бидат пари фрлени во бунар. Никој не бара играчи од калибарот на Марез, бараме играчи во натпреварувачка форма, а не да бидеме клуб што ќе спасува кариери на пропали таленти или повредени играчи. Мада, според најавиве доаѓа на проба, така да ќе видат до кај е што е и колку е способен за игра пред да му подарат богат договор..
Иначе, и јас баш приметив дека Тошевски изигра како штопер последните неколку минути со пољациве, само не ми е јасно форсирањето на Брдаровски на десен бек пред Кико и Тодоровски

Очајно фали лев бек и не знам ни полусезонава како ќе ја истераме со Глишиќ на таа позиција. И не ми е јасно неиграњето на Максимов на пријателскиве.. Остануваат уште 2 утакмици, сабота и недела ако не се лажам, па претпоставувам ќе видиме 2 различни состави на овие 2 утакмици. Иначе, очекувам во составот што почна против пољаците да биде стартната 11ка против Шкендија прво коло..