То је то..
Ако не се лажам и Слога со ист резултат испадна од Стеауа пред многу години, 1-2 на Градски, 3-0 таму...
Второто полувреме конечно беше малце поасално.
Ме радува што заиграа некоја акција, конечно.
Штета што Костовски утна две шанси, особено последната 100% шанса за израмнување.
Сепак се виде дека одранбено сме слаби, се отворивме за да победиме, и место ние да дадеме гол они не скинаа по контра.
За позиционирање сме ТРУБИ...
Георгиев размрда игра откако влезе, и време е да играме со Гаго на крило, а Стојков како партнер во нападот на Јове.
Не знам што се форсира игра со AMC кога и онака немаме таков играч...
Мислев Милевски научил нешто од претходниот меч, он пак со иста постава искочи, Петров пак на нетипична позиција кај што не може ништо да прикаже...
Ова што се случувало по трибините е голем удар реално, мислам дека конечно пукна тиквата, мада вака вон Македонија не можам многу да коментирам... Кој бил нека раскажува, мада насетувам веќе што се случило.