Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
ппс. Не ми се верува дека имаше болни луѓе што стварно го чекаа Иван со надеж дека ќе ги излечи :tapp:


Не псотои лек што може да не излечи од Вардар :icon_lol:
 
Samo vlez na na nasite legendi(Darko, Ilija, Vase, Koco, Gjore) so Gjoko kako trener ne vadi od govnata vo koi sme zapadnati vo ovoj moment kako klub. Samo faci koi iskreno go sakaat i go custvuvaat Vardar kako del od sebe moze da go vratat tamo kade sto bese. Do togas mozeme samo da gledame evropski timovi i fudbal na tv.
 
@Другитештобевтевоскопјеигледавтенаинтернет се слушавме на поменти или слабо ?

На два-три пати така се слушаше „Вардаре...“ и навивање од вас, али и стримот не беше нешто добар. Да беше на тв мислам дека на повеќе моменти убаво ќе се слушаше.
 
912442_10151713840436460_1121456770_n.jpg

На ивана на COVER му е на фејсбук :icon_mrgr:
 
Дисциплинска за шампионот: УЕФА ќе го казнува Вардар за однесувањето на „Комитите“ во Букурешт
Екипа Прва лига
21.07.2013 22:17



Европската куќа на фудбалот официјално покрена дисциплинска постапка против Вардар за однесувањето на неговите навивачи „Комитите“ пред и за време на првиот натпревар од 2.квалификациско коло во Лигата на шампионите против Стеауа во Букурешт.

Со известување до неговата канцеларија, Вардар е информиран дека постапката е покрената поради несоодветно однесување на „Комитите“ пред влезот на националната арена во Букурешт, но и поради впуштањето во инцидент со домашни навивачи за време на натпреварот.
UEFA%20izvestuvanje.jpg

Во извештајот од делегатот, Холанѓанецот Јохан ван Коутерик е наведено дека во Букурешт пристигнале меѓу 200 и 250, со четири автобуси, не баш добро организирани „Комити“ поради што романската полиција имала проблеми да ги спроведе до стадион. Потоа се наведува дека „Комитите“ во 18. минута за време на натпреварот ги напуштиле своите предвидени места за следење на средбата и се впуштиле во инцидент со домашните навивачи доближувајќи се до нив. Но, интересно е притоа што делегатот не наведува дека инцидентот беше испровоциран од страна на дел од романските навивачи кои извадија грчко знаме насочувајќи го кон нашите навивачи.

Интересен детал притоа во извештајот на делегатот Коутерик е наведувањето дека од раководството на ФК Вардар во неколку наврати инсистирале пред управата на Стеауа, заложувајќи се „Комитите“ да добијат бесплатен влез на дуелот, со договорен реципроцитет за реванш натпреварот во Скопје. Но, тоа не било одобрено од Стеауа.

Како што е познато, кај дел од „Комитите“ по пристигнувањето во Букурешт постоеше револт и поради наплатените влезници за следење на првата средба. Од канцеларијата на клубот, пак, информираат дека реализирани се сите активности за патување на навивачите во главниот град на Романија.

„Ние овозможивме со финансиски средства префрлени на сметката на Комитите два автобуси, или половина од пријавените, да патуваат за Букурешт. Максимално се обидувавме да се добијат и бесплатни билети, согласно реципрочен договор, и не знаеме зошто тоа од страна на делегатот е наведено како негативно“ - велат од канцеларијата на најтрофејниот македонски клуб.

Како и да е, ФК Вардар очигледно повторно ќе мора да плаќа казни пред УЕФА поради однесувањето на своите навивачи. Минатата година клубот беше казнет со 10.000 евра поради инциденти на реванш дуелот со БАТЕ Борисов во Скопје.

УЕФА информираше дека одлуката по Дисциплинската постапка кон македонскиот клуб ќе ја соопшти на 22. август.
 
Голема срамота од УЕФА. Уште еднаш самите со нивните постапки покажаа и докажаа дека ги интересираат само пари и ништо друго.
Ништо посебно не се случи во Букурешт! Тие што беа знаат. Нормална појава, уапсија двајца и тоа надвор од стадион поради палење на 2 бакли.
Немаше никаков инцидент надвор, а не па да збориме за внатре од причина што нивната полиција беше организирана.

УЕФА го има фрлено меракот на Вардар, лани бевме казнети заради пиво во близина на стадион т.е. не смеело да се точи, оваа година за овие глупости од Букурешт се прашувам наредната година здравје Боже каква казна ќе ни опнат.

4e2s.png
 
Дали има некој информација колку карти се продадени за утре?
 
Без транспарент отидовте ?
Супер коп и бројка.

Не е дека сме отишле без транспарент,туку се што е планирано да се стави на трибина требало предтоа да се пријави во полиција па тие да го рзгледаат и да видат дали ќе го одобрат да се постави или пак не,имаше и пароли и транспаренти,ама тоа е тоа ...
 
Ехее 8.000 со оглед на овој резултат е одлично, јас очекувам до 12.000 да има што реално е малку али во ваква ситуација е очекувано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom