Не се свиреше на Костовски, се свиреше дека во игра влезе ГешоскиОд јужна се свиреше на Костовски, инаку помислив на тоа дека Влатче е на Запад, али не знаев дека Фичо е во Скопје.

Рутиниран меч, лесни 3-0 со можност да тепавме со двоцифрена разлика...
Пред да го откриеме резултатот утнавме три шанси.
Мислам дека сите три ги промаши Костовски.
Стартувавме со:
Захов
Илиевски Таневски Вајс Цикарски
Оса Стјепановиќ
Хименез Стојаковиќ Георгиев
Костовски
Првата шанса не ја видов убаво ама изгледа Костовски изби сам пред гол, но Зндели убаво одбрани.
Втората шанса, Стојаковиќ одлично издрибла на половина терен, топка во празно сдо Хименез, овој изби сам можеше да шутира но додаде а Костовски беше прекраток за да ја спроведе топката во гол.
Третата шанса исто Костовски ја утна, доби топка од лево дали од георгиев или од Цикарски, излезе сам пред гол но Зендели одбрани.
Конечно по едно нафрлување од десно, Таневски го отвори резултатот.
Е сега незнам точно како падна голот. Дали топката влезе во гол кога еден ја мавна со глава или пак Таневски беше тој што само ја зарога во гол.
Изгледа Таневски ја мавна со глава, а откако ја помина линијата некој ја зашутира во мрежата.
Одма после две минути зголемивме на 2-0.
Мислам дека Стјепановиќ го намести голот, т.е. имаше мешаница пред противничкиот гол, некој шутна/додаде до Оса кој на гол линијата само ја спроведе во мрежата.
Мило ми е што Оса даде гол бајаги ќеиф му се направи. Искрено не видов точно ни на овој гол што се случуваше, т.е. кој нафрли, кој шутираше пред Оса да погоди.
Ренова слаба во првиот дел, во второ бар малку се заканија...
Во вториот дел Георгиев се изнапромаши...
На полувреме од запад отидов на јужна па можев да погледам малце. Таму имаше доста незасдоволни порди себичноста на георгиев.
Сакаше да даде гол ама напразно...
Имаше една чиста шанса од лево на негова многа али ја зарога над гол.
Два пати Зендели одлично му одбрни. Едниот пат сам си ја створи шансата ико можеше да додаде, убаво издрибла и шутна но Зендели одлично одбрани. Другата шанса маневр на Хименез, ги нанижа сите, додаде до Георгиев но овој промаши...
Ренова имаше две убави шанси. Сашко Пандев имаше фантстичен удар но стативата беше сојузник на Захов, а еднашка Захов одбрани со парада. И во прво полувреме добро бранеше после некои нивни полушанси.
Третиот гол одличен удар на Стјепановиќ во долниот лев агол по еден отпадок за конечни 3-0.
На крај влезе и Гешоски и се посрамоти.
Сега кога не погоди нзнам кога...
Изби сам во нивна половина, тргна осамен со Зендели али си сдаде предолг фор и ја посра...
Иначе Милевски направи смешна замена. Таневски изгледа се приповреди па го стави Бошковски како негова замена. Петров влезе место Стојаковиќ...
Маневски и Пеџа ги нмаше, а незнам зошто Бојовиќ не влезе место Злате? И он да не е повреден?
Намечот дсобра бројка на запад. Да не претерам ама бевме околу 350 Комити од моја проценка. Навивањето добро, не беше којзнае какво али се знае песна 90 минути, на моменти грмеше, намоменти послабо... Имаше скандирања против ФФМ веќе втор меч по ред. Врти сучи само ние пееме против ФФМ и МВР, и на крај пак нас ни викаат дека сме имале коалиција со нив

На јужна слаба посетеност, надвор ѕивра ладно, уште толку се испразнија стадионите...
На цел стадион околу 600 гледачи...
На јужна имаше неколку интересни фаци. Беа Филип Ивановски и Влатко Гроздановски, кои беа поздравени со скандирање од запад.
Исто на југ беше и Ѓоре Јовановски кој постојано фаќаше прибелешки. Дали можеби Ѓоре ќе биде нов тренер на Вардар?