Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Од јужна се свиреше на Костовски, инаку помислив на тоа дека Влатче е на Запад, али не знаев дека Фичо е во Скопје.
Не се свиреше на Костовски, се свиреше дека во игра влезе Гешоски :)

Рутиниран меч, лесни 3-0 со можност да тепавме со двоцифрена разлика...
Пред да го откриеме резултатот утнавме три шанси.
Мислам дека сите три ги промаши Костовски.
Стартувавме со:
Захов
Илиевски Таневски Вајс Цикарски
Оса Стјепановиќ
Хименез Стојаковиќ Георгиев
Костовски

Првата шанса не ја видов убаво ама изгледа Костовски изби сам пред гол, но Зндели убаво одбрани.
Втората шанса, Стојаковиќ одлично издрибла на половина терен, топка во празно сдо Хименез, овој изби сам можеше да шутира но додаде а Костовски беше прекраток за да ја спроведе топката во гол.
Третата шанса исто Костовски ја утна, доби топка од лево дали од георгиев или од Цикарски, излезе сам пред гол но Зендели одбрани.
Конечно по едно нафрлување од десно, Таневски го отвори резултатот.
Е сега незнам точно како падна голот. Дали топката влезе во гол кога еден ја мавна со глава или пак Таневски беше тој што само ја зарога во гол.
Изгледа Таневски ја мавна со глава, а откако ја помина линијата некој ја зашутира во мрежата.
Одма после две минути зголемивме на 2-0.
Мислам дека Стјепановиќ го намести голот, т.е. имаше мешаница пред противничкиот гол, некој шутна/додаде до Оса кој на гол линијата само ја спроведе во мрежата.
Мило ми е што Оса даде гол бајаги ќеиф му се направи. Искрено не видов точно ни на овој гол што се случуваше, т.е. кој нафрли, кој шутираше пред Оса да погоди.
Ренова слаба во првиот дел, во второ бар малку се заканија...
Во вториот дел Георгиев се изнапромаши...
На полувреме од запад отидов на јужна па можев да погледам малце. Таму имаше доста незасдоволни порди себичноста на георгиев.
Сакаше да даде гол ама напразно...
Имаше една чиста шанса од лево на негова многа али ја зарога над гол.
Два пати Зендели одлично му одбрни. Едниот пат сам си ја створи шансата ико можеше да додаде, убаво издрибла и шутна но Зендели одлично одбрани. Другата шанса маневр на Хименез, ги нанижа сите, додаде до Георгиев но овој промаши...
Ренова имаше две убави шанси. Сашко Пандев имаше фантстичен удар но стативата беше сојузник на Захов, а еднашка Захов одбрани со парада. И во прво полувреме добро бранеше после некои нивни полушанси.
Третиот гол одличен удар на Стјепановиќ во долниот лев агол по еден отпадок за конечни 3-0.
На крај влезе и Гешоски и се посрамоти.
Сега кога не погоди нзнам кога...
Изби сам во нивна половина, тргна осамен со Зендели али си сдаде предолг фор и ја посра...
Иначе Милевски направи смешна замена. Таневски изгледа се приповреди па го стави Бошковски како негова замена. Петров влезе место Стојаковиќ...
Маневски и Пеџа ги нмаше, а незнам зошто Бојовиќ не влезе место Злате? И он да не е повреден?

Намечот дсобра бројка на запад. Да не претерам ама бевме околу 350 Комити од моја проценка. Навивањето добро, не беше којзнае какво али се знае песна 90 минути, на моменти грмеше, намоменти послабо... Имаше скандирања против ФФМ веќе втор меч по ред. Врти сучи само ние пееме против ФФМ и МВР, и на крај пак нас ни викаат дека сме имале коалиција со нив :LOL:
На јужна слаба посетеност, надвор ѕивра ладно, уште толку се испразнија стадионите...
На цел стадион околу 600 гледачи...

На јужна имаше неколку интересни фаци. Беа Филип Ивановски и Влатко Гроздановски, кои беа поздравени со скандирање од запад.
Исто на југ беше и Ѓоре Јовановски кој постојано фаќаше прибелешки. Дали можеби Ѓоре ќе биде нов тренер на Вардар?
 
Добра партија денес.Костовски малку пасивен незнам дали се чува за дербито.Георгиев пак истата приказна многу е себичен.Мичка тотално некорисен.Еве ги головите од мечот//
 
Значи првиот гол е асистенција на Георгиев, пошто Таневски е играчот што го дава голот уште со глава кога ќе ја мавне (а не тој што ја шутира на линија).
На вториот гол Вајс е асистент, иако Стјепановиќ го изведува слободниот.
Сум заборавил уште по некоја шанса у пм :icon_mrgr:
 
Бојовиќ се загреваше на полувреме, го викна Милевски но изгледа во консултација одлучија да не влезе во игра.

Прво игравме со Оса како стопер и имаше доста конфузија, после во второ полувреме Мичка играше стопер и искрено супер му лежи позицијата, ич нека не мрда од таму, али па немаме десен бек :D
 
Маневски и Пеџа ги нмаше, а незнам зошто Бојовиќ не влезе место Злате? И он да не е повреден?
Беа сите тројца, а зашто не влегоа Милевски треба да каже :)
Абе ја сега на видеово ја видов шансата на Ѓешоски. Која комедија е чоекот! Уште ќе го проаѓа голманот, а брз е ко полжав :pos:
Бојовиќ се загреваше на полувреме, го викна Милевски но изгледа во консултација одлучија да не влезе во игра.

Прво игравме со Оса како стопер и имаше доста конфузија, после во второ полувреме Мичка играше стопер и искрено супер му лежи позицијата, ич нека не мрда од таму, али па немаме десен бек :D
Богами подобро нек си седи на стопер. Не може човек да помине напред :)
 
Од тоа што се гледа на видеото, Вардар можел слободно да дај 10 гола :icon_mrgr:
Ренова на гости незнат кај терат, освен пречката шо ја погодија и Захов кај шо одбрани при крајот ништо друго од Ренова...
 
15996_457369640966553_1598723517_n.jpg


Убав податок да се види колку била јака Југословенската лига и колку гледачи привлекувала.Вардар е некаде после големата четворка а пред Сарајево и Жељезничар.
 
15996_457369640966553_1598723517_n.jpg


Убав податок да се види колку била јака Југословенската лига и колку гледачи привлекувала.Вардар е некаде после големата четворка а пред Сарајево и Жељезничар.
Ме чуди само Напредак из Крушевца од каде толку публика :D
 
Ме чуди само Напредак из Крушевца од каде толку публика :D
Еуфорија ваљда,посебно ако им влегол таа сезона клубот во прва лига и играл добро.Башка утакмиците со Партизан и Звезда сигурно пунеле стадион затоа што тие 2 клуба секаде низ Србија имаат голема навивачка база.Секогаш имало по некој индијанец во првите клубови по посетеност.Едно време на еден друг форум ги гледав од повеќето сезони посетеностите.Вардар најчесто бил во првите 5-6.....една сезона кога испаѓа од лигата само видов дека има скроз потфрлено.Тогаш просекот на гледачи бил дури и послаб него овој сега во македонска лига што го имаме.
--- надополнето: 19 ноември 2012 во 15:17 ---
Еве ја таа сезона 89/90 каде што сме катастрофа....последни убедливо со 17 бода,посетеност без дерби утакмиците и послаба од мак. лига....има неколку утакмици каде што имаме по 300-400-500 гледачи...

scan0017.jpg

scan0049.jpg

scan0048.jpg

scan0047.jpg

--- надополнето: 19 ноември 2012 во 15:21 ---
Еве ги и резултатите од купот таа сезона.....тука сме биле подобри у 1/4 финале испаѓаме од Хајдук.

scan0050.jpg

scan0051.jpg

scan0054.jpg

scan0053.jpg

scan0052.jpg
 
Мојот тренер додека играв фудбал Јовче Џипунов ви играл таа сезона и како што гледам 3 погодока средишен играч 26 меча :ROFLMAO:
 
Мојот тренер додека играв фудбал Јовче Џипунов ви играл таа сезона и како што гледам 3 погодока средишен играч 26 меча :ROFLMAO:
Син му 3 голови цела кариера нема постигнато, а колку ручеци се дадени за него :)
 
Еве ја таа сезона 89/90 каде што сме катастрофа....последни убедливо со 17 бода,посетеност без дерби утакмиците и послаба од мак. лига....има неколку утакмици каде што имаме по 300-400-500 гледачи...
Еј, респект за архивава што ја избаци! Поштуем ептен вакви ствари од времето (y)
Еве една слика и видео од таа сезона, против Звезда. Пораз од 0:2 :( Излеа била единствена утакмица на која имало народ во таа сезона.
248498_339960649432289_2143805690_n.jpg

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom