Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде фала богу ,сега може да се почне и со засилувањата и барем ако не поминеме едно коло да се покажеме достојно и со малку среќа барем во ждрепката да се надеваме на поминување на првово коло и играње уште два натпревари на домашен терен :D
--- надополнето: 31 мај 2012 во 12:48 ---
Малце ми е смешно ова образложение од управата... поради тоа што Вардар е АД. Зарем сите странски клубови чекаат лиценци од УЕФА. Нешто овде смрди, ќе бидат ова фрлени пари во бунар, подобро да се играше една сезона во Втора лига, па преку купот да се излезеше во Европа.
На крај искочи дека не не лажела управата , и полека поелка оваа управа успева во задачата што и е дадена и за што е ставена да го врати стариот сјај на Вардар и да го врати на врвот,сварно мора да им се одаде признание какви управи имавме фала богу и кај нас некој чесни луѓе да се појават
 
Првото коло е веке поминато. ФК Вардар почнува од второто квалификационо коло и тоа како аутсајдер.
 
Дечки ми се разубаве денов коа ја прочитав информацијава... ајде да почнеме со припреми и летоска да крца градски :)
 
Тоа е тоа со душа чекам момци,уште некое засилување да земеме, и стадионот да се среди и спремни сме за европа :D
 
Огромни честитки !!!
Ми се прави ќеиф вака, ќе гледаме убав фудбал се надевам. . . и секако со нови засилувања, поради тоа што ќе се земат доволно многу пари од овие квалификации!
 
Е ај да не добиевме,стварно ке беше резил.Иначе конечно после долги години ке гледаме асален клуб на градски со вистински навивачи и да се види кој е сеуште бренд во Македонија.За нас помладите конечно ни се оствари целта да згазнеме на запад со противници од ЛШ,со оглед дека со Спарта Прага јас бев со татко ми на јужна.
Едвај чекам да дојде јули,па со малце среќна ждребка да го поминеме тоа 2 коло,па потоа кога веќе во 3 ке дојде јак противник градски да крца со околу 36,000 гледачи,а ние на запад ке лудуваме:).Дојде нашето време момци,го чекавме со години и сега заслужено ке му се радуваме барем ние верните Комити:)
 
601107_2171000572109_1759617267_1005170_2050501037_n.jpg
 
Кога веќе официјално ни одобрија учество во Европа, да направиме еден преглед на официјализираните 17те можни противници од 2то коло во ЛШ.
1. ФЦ Базел 1893 Швајцарија
2. ФЦ Бате Борисов Белорусија
3. ФЦ Салцбург Австрија
4. ГНК Динамо Загреб Хрватска
5. МСК Жилина Словачка
6. ФК Партизан Србија 14.35
7. Хелсингборгс ИФ Шведска
8. ФЦ Шериф Молдавија
9. Дебрецен ВСЦ Унгарија
10. НК Марибор Словенија
11. ФК Вентспилс Латвија
12. Слован Либерец Чешка
13. Сласк Вроцлав Полска
14. ХЈК Хелсинки Финска
15. АЕЛ Лимасол Кипар
16. ФК Екранас Литванија
17. ФЦ Зестафони Грузија
Како што и пишав претходниот пат, со проаѓањето на 2то коло се отвара можност на минимум уште 4 натпревари за Вардар. Да се надеваме дека ќе ни послужи среќа во ждрепката и ќе ни додели некој од послабо рангираните противници, а исто така и дека управата и стручниот штаб добро ќе си ја заврши својата работа околу појачување на квалитетот на екипата. Кога сме веќе кај играчкиот кадар, вреди да се напомене дека договорите им се истечени на Захов, Бојовиќ, Петров, Костовски и на најдобриот поединец Ивановски. Како приоритет се наметнува задржувањето на Фичо, кој се покажа како незаменлив во екипата, а останатите не се играчи што може да окарактеризираат како клучни и лесно може да бидат заменети.
 
1. Со најголема чест и задоволство официјално Ви ја честитам шампионската титула, а воедно и лиценцата за настап во Лигата на шампионите.

2. Конечно и по подолго отсуство “од оправдани причини“ можам со мирна душа и чиста совест да пишам и да Ви честитам на сите. Без притоа да има импровизации или да оставам неизвесност со нецелосни одговори и слично што претходно не беше можно... сега конечно се во најдобар ред и може да поуживаме во моментот.

3. Сега кога титулата и лиценцата се тука и наши мора да се заблагодарам на сите што дадоа подршка и што имаа разбирање и трпение и посебно да изразам благодарност до Градот Скопје и АДССДП - Скопје и Комитите (без кои немаше да ги оствариме овие резултати и да го имаме овој успех), како и на сите Вас што дадоа добронамерни критики, а се со цел за подобрување на работењето на клубот. Посебно ми е драго што ова се случува на 65 годишнината од клубот и 25 годишнината на Комитите.

4. За резултатите и сезоната нема да пишувам зошто Saber даде убаво сиже на се што се случуваше така да благодарност и до него за вложениот труд, иако мора да признаам дека и ние бевме изненадени и затечени од брзиот успех (нашите прогнози беа минимум 2 до 3 години за ваков успех). Се разбира нашата работа тек сега започнува со оглед дека треба да го одржиме нивото што го поставивме за клубот како и припремите и појачувањата за квалификациите кои после 9 измачувачки години конечно дочекавме да ги играме (се надевам на полн стадион како што заслужува ВАРДАР). Не чека и многу работа во останатите запоставени сегменти така да како што замолив на моите почетоци на форумов ќе замолам и сега ... За доверба, трпение и разбирање зошто на крај ќе го оправдаме сето тоа.

За крај уживајте и Вие и се гледаме наскоро на градски.

ПС. Се читаме и понатаму :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom