Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Кој е човек на управата на форумов? Не сум јас. :)
Мислам дека беше Скопјанец( и некоја дате после ).
Инаку околу муабетот за сајт. Предлогот на бенеамата е одличен.

Во интервјуто за вечер Коце кажал дека ке се прават помошни игралишта што е одлично.
 
Се збори дека идната година град Скопје требало да има многукратно поголем буџет,за да даде многу повеќе пари во Вардар.Слушав нешто 66 милиони денари ли беа не сум сигурен.:icon_mrgr:
Тоа е одлично ако се работи за толкава сума.Тоа е буџет од преку милион евра :)
 
Чекај малце,сеуште не сфаќаш колку дебилно звучи овој дел од постот ?
Кај се видело по форуми некој да си нарачува кој играчи ги сака и да прави иницијативи за земање играчи ?

Добро , извини. Многу страшна работа напишав и те направив разочаран.
Задоволен сега? :tapp:
 
Полека нека се спрема некој за да ја отвори новата тема... :)

Вардар треба да ги соединува сите скопјани, без разлика на партиската припадност, од силен Вардар ќе имаат ќар и плавите и црвените.

Градот треба да одвојува голем дел од буџетот за спортот, многу повеќе ќар ќе видат скопјани од спортот отколку од некои препрепреплатени споменици и трговски центри.

Друга работа што ме интересира, ова Балканскиов куп сигурен е? Чим е куп тогаш најверојатно ќе се игра во текот на летото и ќе служи како припрема на екипите...
 
Истово сакав да го пишам. Ја сум ти или Сабер да ја отворите ??
 
Полека нека се спрема некој за да ја отвори новата тема... :)

Вардар треба да ги соединува сите скопјани, без разлика на партиската припадност, од силен Вардар ќе имаат ќар и плавите и црвените.

Градот треба да одвојува голем дел од буџетот за спортот, многу повеќе ќар ќе видат скопјани од спортот отколку од некои препрепреплатени споменици и трговски центри.

Друга работа што ме интересира, ова Балканскиов куп сигурен е? Чим е куп тогаш најверојатно ќе се игра во текот на летото и ќе служи како припрема на екипите...
Не само скопјани, туку и Градот ќе види голем ќар со инвестирање во спортот. Заработка од настапите во Европа, полн стадион, трансфери на играчи во странство, продажба на карти и навивачки сувенири, промоција на Скопје во меѓународни рамки и ред други погодности. Сеуште изгледа ја немаат сфатено моќта на спортот, а особено на фудбалот. Ќе им дојде памет полека.
 
Вардар: Балкане, Балкане, мој...

Балкане, Балкане, мој...Популарниот рефрен од познатата песна на рок-групата „Азра“ одекнува во Скопје. И тоа директно во собранието на град Скопје, под чија надлежност во моментов функционира најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Намерата е јасна, Вардар сака да биде дел од натпреварувањето кое е во зародиш, Балканскиот куп, кој најверојатно ќе биде формиран од 16 екипи од неколку земји од нашето поблиско и подалечно опкружување. Овој Балкански куп првично би се играл по турнирски систем, а потоа, доколку идејата профункционира и спонзорски се заокружи, тогаш во иднина треба да прерасне и во Балканска лига.

Она што најмногу ги интересира љубителите на фудбалот во Македонија и пред се фановите на Вардар, е дали во опциите влегува и името на најтрофејниот македонски клуб. Засега, според зборовите на претседателот на „црвено-црните“, Зоран Шишковски, Вардар е „ин“, барем во оние неофицијални телефонски разговори, а допрва треба да пристигне и официјална покана на адресата на клубот, за присуство на форумот на клубови што ќе се одржи на 15/16 ноември во Софија.

„Вардар е во плановите за формирање на Балканскиот куп, натпреварување кое подоцна треба да прерасне во Балканска лига. Имавме контакти со претставниците на Црвена звезда, кои се и главните иницијатори за формирање на едно вакво натпреварување и тие истакнаа дека има интерес Вардар да биде дел од едно вакво регионално натпреварување. Секако, и ние го гледаме нашиот интерес таму за еден побрз и глобален развој на најтрофејниот македонски клуб, па секако ќе присуствуваме на форумот што ќе се одржи во Софија“, вели Зоран Шишковски.

Примамливо е, нема што, Вардар на мегдан со екипи како Црвена звезда, Партизан, Галатасарај, Фенербахче, Стеауа, Левски, ЦСКА Софија...Се уште не е ништо дефинирано, но Вардар се надева дека ќе добие покана да биде единствен претставник на Македонија во Балканскиот куп, покрај петте други држави кои ќе имаат по три претставници, Србија (Црвена звезда, Партизан, Војводина), Бугарија (Левски, ЦСКА Софија, Локомотив Пловдив), Турција (Галатасарај, Фенербахче, Бешикташ), Романија (Стеауа, Динамо Букурешт, Рапид Букурешт) и Грција (Панатинаикос, Олимпијакос, ПАОК)...

„Добивме преубава арена „Филип Втори“, која сега до пролет повторно ќе се реновира и потоа ќе биде пуштена во употреба со нов тревнат терен и атлетска патека. Сакаме да го видиме полн „Филип Втори“ кога Вардар ќе игра на нашиот најголем стадион, а токму едно вакво регионално натпреварување е вистинското решение за тоа. Како претседател на Вардар можам да кажам дека имаме мотиви и амбиции да бидеме дел од Балканскиот куп, но да почекаме до средината на ноември, за да ги слушнеме сите размислувања, предлози, ставови и на другите клубови од Балканот“, истакнува Шишковски.

Доколку Вардар влезе во фудбалската шема на Балканот, тогаш дефинитивно ќе биде потребно и комплетно реновирање на составот. Овој Вардар, што во моментов го предводи Илчо Ѓорѓиоски, е многу посилен од минатогодишниот, се искачи на првата позиција на табелата и е фаворит за освојување на шампионската титула, но во Софија доби вистинска лекција од ЦСКА на пријателски натпревар и загуби со 4-0.

„Дефинитивно ќе ни бидат потребни многу нови засилувања. Можеби десетина, за да можеме да се носиме со најквалитетни балкански фудбалски екипи. Тоа е еден сосема нов и многу посериозен проект. Но, се уште не би зборувал за нешто такво, затоа што треба да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат сите активности околу формирањето на Балканскиот куп“, заврши претседателот на Вардар.

Едно е јасно, Вардар има желба. Дали и останатите клубови од Балканот имаат желба и интерес да има тим од Македонија во Балканскиот куп, останува да покаже времето. Не е далеку средината на ноември, по форумот на клубовите што ќе се одржи во Софија можеби многу работи ќе станат појасни. Но, тука има многу, многу крупни и ситни детали што ќе треба да се решат. Пред се финансиската конструкција, потоа термините на одигрување на мечевите, по турнирски или по лигашки принцип, дали конечно и политиката ќе остане надвор од спортските терени...
Идејата е прекрасна, желбата и инцијативата не се спорни, останува најтешкиот дел - реализацијата.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2157
 
10-тина засилувања со други зборови значи дека најголемиот дел играчи не се за прв тим според управата. :)

Зависи... Нашава лига е во топ 5 најслаби во Европа, не е исто да играш против македонска екипа и екипи од рангот на Фенербахче, Олимпијакос, Панатинаикос итн. Видовме летово што и се случи на Шкендија кога играше против една просечна екипа како Партизан, а можеме само да нагаѓаме што ќе се случи ако некоја наша екипа игра со овие погоре набројаниве...

Убаво си кажа човекот, ако сакаме да не бидеме спаринг партнер на најдобрите балкански екипи, мора да се донесат 10тина квалитетни играчи. Реално гледано, не вреди да се трошат огромни суми за успех во Македонија, кога истиот успех може да се постигне со малку пари...
 
Кога Вардар би играл во некоја ваква балкански лига според мене место во состав би имале само Оса,Лико,Гроздановски,Иваносвски и Ранѓеловиќ. Од другите само некој ако се нема кој друг да остане да пополни бројка,да влегува кога пола состав ќе биде повреден.
 
Реално гледано, колку и да сакаме, засилувањата тешко дека ќе ги најдеме во државава... Сепак да почекаме, ова е голем проект, а со оглед на тоа дека станува збор за Балканска, додека не почне ништо не е сигурно. Тука пред се мислам на турските, грчките и романските екипи кои имаат доста квалитетни првенства.
 
Тоа ми беше и мене поентата - од државата веќе го имаме тоа што е најдобро, а од надвор не може неограничено да се носат странски играчи. Просторот за подобрување е можен но не може да стане збор за некаков спектакуларен скок во квалитет. Како и да е, се почнува со полека прибирање на најдобрите играчи од македонско првенство. Играчите што тука се спомнуваат најверојатно се спомнуваат и од управата: Димоски од Охрид, Ѓеоргиев од Турново ... Хасани од Шкендија :) .
 
И за Хасани тешко, нема шанси да платиме 200-300 000 евра обештетување :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom