Околу Грозданоски, сметам дека е еден од најдобрите поединци во тимот. Откако се приклучи тој, целата игра доби поинаква димензија, впрочем Влатче игра крило, но по потреба може да биде и играч за врска, а во одредени моменти и полу шпиц, но тоа не е нај идеална позиција за него. Значи станува збор за играч од средината. Така да јасно е дека не е напаѓач, и негова задача не е стрикно да постигнува голови како што е пример задачата на Ивановски. Не ми е јасно вие погоре што очекувавте, што барате од него ? Да постигнува голови секој натпревар играч од средината на тернот ?!
Се согласувам дека мора и може подобро, верувам ќе напредува и ќе ја достигне вистинската форма. Ова до сега, не е максимумот од него, во право сте за тоа, нормално се очекува да видиме од него повеќе, но не заборавајте дека до сега има 6 асистенции, целата игра оди преку него, имаше шанси во неколку наврати 100 процентни (стативи, пречки, пример во Штип, потоа во Тетово, последен пат сега со Турново во Ѓорче статива имаше) му недостасуваше среќата, која не му беше наклонета периодов.
Но, бидејќи игра од срце, храбро, машки до крај, борбено, пожртвувано, сигурен сум дека во иднина и среќата ќе му биде сојузник, затоа што нели велат СРЕЌАТА ГИ СЛЕДИ ХРАБРИТЕ.
Значи во кратки црти, да не се разбереме погрешно, се согласувам со вас дека треба од него повеќе и подобро, но сугерирам да не се заборават досегашните 6 асистенции, креирање на многу контри, шанси, полушанси, потоа 2 пенала направени токму врз него итн.