Види, не си далеку од вистината. Не напуштија пет доста квалитетни играчи за нашево првенство (Пачовски, Марковски, Ѓошевски, Глигоров и Емурлаху), а освен Ступиќ и донекаде Милосављевиќ и Љубисављевиќ, другите и не можат да се сметаат за засилувања. Така да сме видно ослабени во споредба со пролетниот дел. Е, сега нашата шанса е што и тие пред нас не се со којзнае каков квалитет и факторот изненадување.
Ѓорче го напуштија трите клучни играчи од лани (Павловиќ, Оса и Де Брито) и уште Мојсов ако ги напушти ќе бидат ептен ослабени; Ренова не земаа ништо посебно; Работнички ги пушти Мојсов, Перендија и Јорде, а единствено квалитетно засилување им е Глигоров.
На Металург не знам што се палат сите, ама за мене испукани играчи како Трајчев, Рутевски, Крстев, Лазаревски и Гешоски не се некоизасилувања. Да не заборавиме дека ги имаат и „младичите“ Јовановски, Вајс и Михајловиќ.
Освен тоа, го спомнав и факторот изненадување кој го сметам за наша предност во однос на другите. За разлика од другиве екипи за кои горе доле се знае колку можат, нашава е тотална непознаница. Имаме деца желни за докажување и спремни да експлодираат, а им се предвидува светла иднина. Најдоски, Пандовски, Ристовски, Блажевски, Стојанов, а тука се и нешто постарите Костенцовски, Петров, Ејупи, Пеев и Јовановски.
Не можам да кажам дека ќе одиме на титула, ама ако не се надевам потајно каков навивач би бил