Јово, не можам да се сложам со тебе. Прво, не може целата екипа да игра три кола фантастично а потоа да игра лошо до бесвест. Тука има други услови, а ако некогаш си бил во екипа спортска било каква ќе го знаеш тоа. Атмосферата клупска е многу важна, дали се исплаќаат пари, каков е тренерот, дали има претседател или не, конкретно за ситуацијава, медиумски притисок, притисок од публика, илјадници фактори има. Затоа големите екипи имаат свои психолози со екипата. И затоа ти како навивач треба да ги познаваш приликите во својот клуб и не да пљукаш по што ти дојде, туку ако го сакаш клубот да одиш и да навиваш, а не да збориш дека треба сите да се сменат.
Публиката и фановите треба да им помогнат на играчите на терен, не да им одмогнат. Друго е ако играчите не играат затоа што се преплатени говеда, а се` друго е во ред. А во ситуација како оваа, каде се сменил тренерот, со тоа и цел концепт, каде клубот е на суд и константно под притисок од ФФМ за одземање бодови, нормално е да не оди се`. Ние, како навивачи, треба само да го поддржиме клубот и играчите, а не да бидеме ко тој сељакот битолски на ТВ и оној прилепчанецот минатата недела, само да сереме по све живо.
Види вака:
неопходните услови ги имаат (и самиот велиш дека се преплатени говеда). Судските спорови не се работа на играчите, нивно е да играат и да гинат на теренот, а има друг кој да гине во Скопје 1 и 2.
Точно е тоа дека смена на 3 тренери во 3 месеци не е нормална работа , ама не сваќам како може со смена на тренерот и играчите да се сменат, односно во конкретниов случај да го изгубат сенсот за фудбал и за давање голови.
Да сум бил дел од спортска екипа, тренер ни беше кој стигне,на секој тренинг се мењаа, точно е тоа дека бевме малце распашана команда,ама најмалку не интересираше кој не води од клупата,единственото нешто на што мислевме беше противничкиот гол.
Ех сега да објаснам и зашто спонувам ремонт на играчкиот кадар. Оние од коишто најмногу се очекуваше, едноставно не се залагаат доволно а и не сваќаат што значи да играш за Вардар. Си земаат солидна плата и ич не ги боли што јас и ти пријателе кинеме живци секој пат кога ќе ги видиме како се укочуваат пред противнички шеснаесетник.Добар дел од нив потекнуваат од младинските школи на лутите вардарови ривали од минатото и нормално е што Вардар никогаш нема да им биде број 1 во срцето.Ајде да бидам конкретен и да кажам од кои точно ми е мака: Положани (се виде во Кобленц колку е квалитетен, не е ни 1/3 од Неџипи), Масев (и тој беше на проби во Хајдук, Славија ама таму увидоа дека неговата матична "беласица дооел таковски" му е тим по мерка) Мегленски (лани пумпаше топки во Меѓимурје, дојде како замена за Ертан Демири кој е бог во споредба со него). Васко Божиновски (и така грујо покачува пензии,не ќе е лошо да се префрли на тој платен список). Бобан Јанчевски, да да Јанкер АУТ!!! Што ако даде 8 гола досега кога на последниве натпревари не успеа да загради ниедна топка а камоли да дојде до шанса, и тој "блескаше" во Локерен па нели си се врати во Башкими.Лошо е и тоа што и оние што потекнуваат од нашата школа истотака подзаборавија како се бранат боите на својот матичен клуб, конкретно мислам на Глигоров, Бајо,Вајс и Пеев, изиграа по еден добар натпревар и мислат дека е доволно.Немам ништо против сите гореспоменати да останат, но знам дека Вардар секогаш треба да биде најдобар и за него можат да играат само најдобрите,а нивните моментални игри се далеку од најдобри.
Се сложувам со тоа дека психолог е неопходен, очигледно е дека има психичка блокада во главите кај играчите.
П.С. Само што се вратив од натпреварот на МРК Вардар, момците имаа и успони и падови,ама таква пожртвуваност одамна немам видено, едноставно покажаа како се игра со срце за Вардар и за Македонија.