Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се верува, ќе збеснам!!!! 270 минути гол немаат дадено. И кај ќе дадат кога го изгубија чувството за такво нешто. Знаат да отворат игра да продрат по страна и да стигнат до противнички шеснаесетник и тука следува класична блокада, незнаат што да прават ни со топката ни со себе. Од 5 гостувања на 4 немаат дадено гол.
А на денешниов дуел ужас! сите дуели ги изгубија, играат против аматери а незнаат да се заградат.Најтрагичното е тоа што на секој натпревар покрај стандардно млитавите има редовно уште 3-4 кои разочаруваат. На овој натпревар тоа се Пеев(ултраспор и без идеа) Милисављевиќ(премногу солираше,додавањата и нафрлувањата му беа мизерија) Масев(сељак струмички, според мене може одма да се пакува и да си се врати во беласица пошто сите знаеме како му завршија пробите во Хајдук и Славија) Божиновски(ако немаше многу работа во одбраната незначи дека треба да спие по десна страна, тек на крај му текна да се придодава напред,ама подобро и да си седеше назад) Емрулаху (никогаш не одиграл како што треба, шкендија му е во срцето,од Вардар само си зема мрсна платичка).
Единствени коишто заслужуваат честитки се Вајс и Брага. Овој првиов конечно му текна да го размрда малце тоа дебелиот газ и да одигра една капитенски што се вели. Денес беше подобар и од Канаваро, само се си мислам дека на следниот натпревар пак ќе се влече.
Победа , нема што да ја коментирам, одиграа во рамките на нивните можности, достојно за аматерска екипа.
П.С. хехехе без гајле,пеналот нема да остане непрокоментиран, Бајо педерче едно наше вардарско, време е да се симнеш од облаци и да сватиш дека не е доволно само да го носиш вардаровиот дрес(и во случаи кога другите тоа го одбиваат) туку треба и да гинеш за него. И во првиот наврат шутираше мизерно само имаше среќа што Вртески скокна на спротивната страна, ама во вториот наврат беше јасно како ден дека ќе биде прочитан.
Поздрав до Комитите, пружија достоен отпор на АСАВ, во ситуација сами против сите го дадоа максимумот.
 
леле не коментира уткамица, едноставно м исе згади од прилепски простаци кои се слушаа цело време.
 
ama deneska i komitive preteraa se rckaat i posle gavolot im e kriv nikoj ne gi zakaca a i mnogu merak imaat da se zakacaat so policija a se znae deka ke go izvlecat podebeliot kraj
 
Брага заслужува честитки...дај не зезај бе, друже. Ја уште одма би го пратил за Бразил.
 
ama deneska i komitive preteraa se rckaat i posle gavolot im e kriv nikoj ne gi zakaca a i mnogu merak imaat da se zakacaat so policija a se znae deka ke go izvlecat podebeliot kraj
Што тресеш глупости кога не знаеш како биле работите. Имало обид да им се земе транспарент. Што да праат... да не треба да ќутат.
 
Јово, ме потсеќаш на оние шо ги слушав денеска на А2 во позадина. Само да критикуваат, мрчат и пцујат.
Тие луѓе играат за клубот кој го сакаш, дел од нив можеби и читаат што пишуваш. Супер мотивација им даваш, :wink:
 
Што тресеш глупости кога не знаеш како биле работите. Имало обид да им се земе транспарент. Што да праат... да не треба да ќутат.

Точно имаше обид да се одземе транспарент. Инаку да кажам дека само на скопските навивачи им се дозволува да гледаат натпревар 20 минути. Па кое е тоа бркање на навивачи на 15 минути од полеток на второ полувреме. За играта нема да кажам многу, кога не даваме гол од пенал не знам тогаш што повеќе да бараме
 
пред некое време имаше на тв дека ќе се казнувало пцуење ан стадионите, епа каде е сега ффм и минестеркат ајанкуловска да го казнат отј у позадиан што се слушаше цела утакмица ако стојат на својот збор, ил итоа важи само за навијачите на вардар зашто прилепчанец е прецедтел на ффм?
 
пред некое време имаше на тв дека ќе се казнувало пцуење ан стадионите, епа каде е сега ффм и минестеркат ајанкуловска да го казнат отј у позадиан што се слушаше цела утакмица ако стојат на својот збор, ил итоа важи само за навијачите на вардар зашто прилепчанец е прецедтел на ффм?

Kako е изводливо да не отераш некој у 3 лепе на фудбалска утакмица, посебно кај нас . Океј, не да тролаш цел меч али ај глеј Репрезентација и не го пцуј Мазнов, макар еднаш во текот на натпреварот мора тоа да се направи :D . Ебате законот ако се донесе , во цел свет навивачите се препуцаваат помеѓу себе со погрдни зборови и сега некоја со несреден брк ке ми носи вавки закони . . . . лејм .
 
Што тресеш глупости кога не знаеш како биле работите. Имало обид да им се земе транспарент. Што да праат... да не треба да ќутат.
ne e bitno kako bilo vazno pak vardar ke go jade
 
Kako е изводливо да не отераш некој у 3 лепе на фудбалска утакмица, посебно кај нас . Океј, не да тролаш цел меч али ај глеј Репрезентација и не го пцуј Мазнов, макар еднаш во текот на натпреварот мора тоа да се направи :D . Ебате законот ако се донесе , во цел свет навивачите се препуцаваат помеѓу себе со погрдни зборови и сега некоја со несреден брк ке ми носи вавки закони . . . . лејм .


абе добро дечко еднаш тоа да го направиш али овј типов не престана цела уткамица само тоа мелеше да ти се згади и фудбал и пренос и се. па јас не знам тоа во етер како го пуштаат!
 
site=mksport&targetsite=mksport&AdSize=468x60&PagePos=1
до тие што се лигавеа на фан клубов и одвај чекаа да го суспендираат вардар,читајте и гит од фан клубов не пишувајте веќе





ПО ВЧЕРАШНИОТ СОСТАНОК МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ, ХАЏИ-РИСТЕСКИ, И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВАРДАР, КОСТОВСКИ

Нема суспензија за Вардар

До крајот на оваа година нема да биде реализирана најавената суспензија за нашиот најтрофеен клуб поврзана околу случајот со трансферот на Александар Васоски.

По вчерашниот состанок во просториите на Фудбалската федерација, меѓу претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, и потпретседателот на Вардар, Коста Костовски, на кој присуствувале и генералниот секретар на ФФМ, Никола Костов, и директорот на "црвено-црните", Дејан Чекаров, неформално е донесен заклучокот евентуалната суспензија, и покрај најновата одлука на Арбитражниот суд, да биде пролонгирана до 30 декември до кога во ФФМ повторно ќе бидат разгледани новите докази кои Вардар ги презентираше како аргумент сепак да се преиспита одлуката на Арбитражата за исплата на 57.530 евра на ФК Цементарница 55.

"Низ заемен договор одлучено е одлуката за суспензија да не се активира до 30 декември до кога повторно низ нови состаноци и средби ќе биде разгледуван случајот", го соопшти заклучокот од вчерашната средба, претседателот на ФФМ, Хаџи-Ристески, кој веднаш беше потврден и од канцеларијата на Вардар.

"Добро е што конечно ќе можеме помирно да се посветиме на водењето на спортскиот дел од клубот и екипата до крајот на есенскиот дел. Јасно е дека целокупната вистина за овој случај е на наша страна, и добро е што од ФФМ повторно ќе ги разгледаат сите докази. Ние не отстапуваме од претходно истакнатите наши ставови, и околу случајот со Васоски, но и околу актуелните случувања директно насочени против Вардар кои уште еднаш аргументирано директно им ги соопштивме на раководните лица на ФФМ", ни изјави директорот на Вардар, Чекаров.

В. Б.
 
Интервју на Милко Ѓуровски за списанието теа модерна

hs5r7q.jpg


dza6j9.jpg
 
Што е сега ова! Пак ли политичк игри во вардар? па кога ќе го остават вардар н араат да се развие као партизан. звезда, динамо кој играт во европа во групи?


ФУДБАЛ - ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ ТОНАТ ВО СУДСКИ ПРОЦЕСИ

Се крчка смена на власта во Вардар

Управниот суд ја прифати тужбата на експретседателот на клубот Атанас Костовски против решението на Комисијата за жалби, што може да доведе до смена на раководството кај „црвено-црните“


Неочекувани проблеми за водечкиот двоец во Вардар: Трифун и Коста Костовски

Управниот суд ја прифати тужбата на експретседателот на Вардар, Атанас Костовски, против решението на Комисијата за жалби, да не се почитуваат заклучоците од Собранието на клубот одржано во „Тасино чешмиче“ во февруари годинава. Тогаш струјата на Вујчиќ си изгласа доверба и го презеде мнозинството во Собранието на Вардар од Борче Ристевски. Ристевски се жалеше и ја доби битката по одлуката на Комисијата за жалби. Сега во нова постапка постои можност Вујчиќ да се врати на чело, но еднакви шанси има и актуелното раководство предводено од претседателот Трифун Костовски. Од целиот калабалак Вардар нема многу да загуби, бидејќи „забавата“ што трае со години веќе сериозно му го наруши имиџот на најпопуларниот македонски клуб, граден со децении.

ВРАЌАЊЕ НА ВУЈЧИЌ НОВА АГОНИЈА

- Ако Вујчиќ се врати во Вардар, тоа ќе значи нова агонија за клубот. Во таква ситуација, што за мене е чисто политичка, ние ќе се повлечеме. Тешко на клубот што некој му го наметнува Вујчиќ како владетел. Како е можно да се врати човек што мешетари во повеќе македонски лигаши - вели Трифун Костовски.

Одлука на Комисијата за жалби од 26.3. 2008 година, која не донесе верификација на одлуките од собирот во „Тасино чешмиче“, посредно доведе до смена на раководството на Вардар. На ново собрание одржано на 1 април, Јордан Камчев однесе победа, па тој наместо Атанас Костовски беше впишан во Централниот регистар на Македонија. Потоа скопскиот бизнисмен му го отстапи местото на адвокатот Ванчо Шехтански, а овој се повлече во корист на актуелниот претседател Трифун Костовски. Сега ќе има нова постапка, која може да доведе до ново петто име што како претседател на Вардар ќе биде запишано во Централниот регистар во рок од само 7-8 месеци. Интересно е што вчера ривалите со исто презиме Костовски, Трифун и Атанас, се избегнаа при доделувањето на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје.

Градоначалникот и актуелен претседател на Вардар, Трифун Костовски, доделуваше награди на свеченоста (и доби една како добар покровител), а неговиот претходник со исто презиме Атанас Костовски беше меѓу славодобитниците од новинарската фела, за животно дело.

ЗА ОПОЗИЦИЈАТА - ПРАВЕДЕН ЧИН

- Ова е праведен чин што покажува дека во Македонија функционира правната држава. Очекуваме Централниот регистар да ја почитува одлуката на судот и да ја врати претходната состојба - ни изјави Атанас Костовски. Јазолот што го дави Вардар, кој има недоразбирања и со Фудбалската федерација на Македонија за „случајот Васоски“, тешко ќе се одврзе без разлика на текот на настаните. По никоја цена нема да дозволиме враќање на Вујчиќ и неговите соработници - вели Бранко Прелоговски, претставник на Иницијативниот одбор за спас на Вардар. Преку таа групација, што е меѓу трите главни субјекти во Собранието на клубот, свое влијание има навивачката група „Комити“.

ИНФО-Вујчиќ „ин“ - Трифун „аут“

Ако Вујчиќ се врати, Трифун Костовски вели дека ќе се повлече, што ќе значи нова агонија за Вардар. Од целиот калабалак Вардар нема многу да загуби, бидејќи „забавата“ што трае со години веќе сериозно му го наруши имиџот на најпопуларниот македонски клуб, граден со децении.Очекуваме Централниот регистар да ја почитува одлуката на судот и да ја врати претходната состојба, смета Атанас Костовски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F38DE6B2899F0344BE2B84D7C2232449
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom