Голема е веројатноста дека лигата ќе биде проширена, и тоа се шушка на големо деновиве...
Многу погрешен потег ќе биде тоа на федерацијата, па макар и тоа да значело дека ќе ни биде единствениот спас. Што ќе ни е лига со 16 екипи, кога пола од нив нема да можат да скрпат некаков тим, а ниту пак имаат солидни финансии. Најаслана е лига со 10 екипи и четири кружен систем на натпреварувања. Но суровоста кај нас е што спонзорите инвестираат во екипи без публика и навивачи, па сите екипи кои што имаат некој на кого сатварно му значат неговите успеси тешко дека би се одржувале во една ваква лига...
Инаку, тоа што го пишав за Центар и Аеродром... Не мислев буквално дека нема никој, ама па срамота е што и од моја населба има повеќе луѓе него ли од двете населби заедно...
А во цело Пржино нема ни 150 души на возраст мешу 14-25 години...Цела населба наша е колку едно маало од Аеродром на пример...
Се карав и порано дека ФА уште ќе одат со нас, али признавам се заебав

Па ако некој чита од ФА (т.е. од оние од форумов со кои тогаш дебатирав) им честитам на предвидувањата. Од тие што одеа од Аеродром до пред една година (а ќе кажам дека барем 100-тина души одеа од таму а дел од нив имаа битни улоги во групата ) сега нема ни 10-тина...
Дали тоа се должи на катстрофалните изданија на Вардар или пак на тоа што преку ноќ решиле дека Вардар за нив е минато тоа незнам...
Ете гледам дека лека полека ги ишкртале и сите графити Вардар по ѕидовите во Аеродром...
Има дел од Центарци што си навиваат за КК Работнички, млади дечки од ЈБТ, а и знаат на дербиња да дојдат на Вардар, ама да доаѓаат редовно малку потешко им преоѓа во навика. Се знае кој се набројни сега. Од општина Кисела Вода има толкава запаленост по вардар што срцево ми се исполнува. Буквално децава од сите населби кои што спаѓаме во оваа општина живеат за утакмици на вардар. Да можеби сега старосната граница е малку пониска, ама за некоја година има да биде.....
