Јас стигнав во второ полувреме и во истото одигравме одлично.
Лира ослабел едно 10 килограми периодов, многу поподвижен ми се виде, конечно мрдна од мртва точка. Зема еден куп воздушни дуели, а покрај голот, во самиот зачеток н акцијата, даде добра дијагонала до Битанг.
Мене ми се допадна играта со Битанг на крило. Искинаа со Брдаровски по таа десна страна. Лира играше како лево крило и беше сосема солиден. Лошо е што премногу комбинираме на лев бек. Тодоровски неколку пати излета на таа позиција, иако за разлика од дуелот со Ѓорче, денес беше посолиден. Одбраната немаше многу работа, противникот не го виде голот цело второ полувреме. Манев и Јуфо особено се израдуваа на погодоците, Јуфо славеше како да сме и дале гол на Барса.
Максимов одново беше дрво, а ми рекоа дека во прво полувреме Васоски цело време му викал да менува позиција, а типов како труп стоел. Неколку акции заеба со неговата тромавост. Сепак, во целина Битанг-Максимов-Лира беше позитивно изненадување во нападот. И средината со Најдовски, Мицевски и Јуфо не беше лоша. Проблем ни е што не креираме многу шанси и немаме добра завршница. За среќа сме многу моќни за време на прекини и дефанзивците даваат голови во такви ситуации. Новак ќе ни биде најдобар стрелец сезонава

Се гледаше дека Барсегјан фалеше многу во составот.
Победава е многу важна и за мене е неочкувана, со оглед на ситуацијата во клубот. Резултативе досега се чиста реалност и се повеќе од задоволителни. Истото не може да се каже за досегашната игра, ама денешното второ полувреме ни беше одлично. Акцијата за првиот гол беше ала Барса