Утакмица во која увидовме до каде сме...
Т.е. увидовме дека ќе биде тешко да дојдеме до титула годинава...
Не знам што се форсира среден ред со Темелков и Стјепановиќ. И двајцата се деструктори, неможе без креативец да играш.
Одма се виде разлика кога влезе Ранѓеловиќ, мада и он е далеку од формата некако.
Срамота е да се бориш за титула а со последната екипа на домашен да ти виси победата до последни моменти.
Мада мора да го истакнам лошото судење.
На два пати сомнителни ситуации во првото полувреме. Првиот пат не знам дали беше за пенал или слободен пошто беше негде на работ, имаше играње со рака кое не беше санкционирано. Вториот пат не ни досуди чист пенал. Мислам дека Хименез шутираше и еден од играчите на Силекс апла ја мавна со рака.
Му се пуштија цела екипа од нашиве

Некако слабо ги памтам ситуациите од последниве мечеви

Ако добро ме држи сеќавањето во првиот дел имавме 2-3 добри обиди, но завршија без гол.
Мичка еднаш налета на одбиена топка, но ударот заврши над голот. Имаше една акција му протнаа мислам топка на Лазаревски, овој нафрли остро на втора, удар на Химненез, но и тоа над гол. Голманот на Силекс имаше една одлична интервенција при уште еден удар на Мичка.
Силекс имаше исто еден добар удар, но Симов сдобро одбрани.
Не знам зошто бранеше Симов денес? Што е со Милиќ?
И не знам до кога ќе игра со Рибарот

Си го поминуваат во одбрана како сакаат. А насјмешен ми беше кога одглуми во вториот дел, се фрли иако немаше никаков контакт па си доби жолт.
И Милевски заебава со составов. Што го играат Стојков ко крило не ми е јасно. Изгубен е на теренот, он ти е само за напад, не му оди на крило. Па експериментирање со Петров како полушпиц...
Петровиќ воопшто не влезе.
Костовски одново многу мрзлив во нападот некако.
Во второ полувреме тргнавме поотворено. Бевме подобра екипа и имавме неколку добри шанси. Прво Бојовиќ мислам ја спука една топка 100 метра над гол иако имаше солидна ситуација. Каков удар беше тоа, уште 10 гола да наредевме нагоре, пак немаше да погоди.
Потоа погодивме пречка, мислам дека одново биеше Бојовиќ. Па следуваше нов сомнителен момент. По корнер некој од нашиве погоди пречка, а топката потоа некој што натрча ја протна во гол, но судијата го поништи ради фаул врз голманот. Уште една ситуација каде што не оштети судијата.
Ни го удрија пикот некако судииве

Потоа следуваше најголемата шанса кога Костовски на една нафрлена топка одлично биеше но крај голот.
Претходно имавме уште една ваква ситуација кај што топката мина крај голот.
И како што секогаш оди ако не ги искористиш шансите следува казна.
Убава топка даде еден од средњаците на Силекс до нивното крило, овој врати на раб на шеснаесетник, овде мислам дека Вајс очајно покри, и со мала вина и на Симов ваљда, примивме гол со шут од 18 метри.
За среќа одма се вративме. Имавме слободен од 20 метри откосо. Мичка нафрли, Пеџа мислам врати со глава до Маневски, а овој со волеј израмни на 1-1.
Маневски ја освежи играта

Имаше уште еден продор, одлично биеше, но го блокираа за жал.
После пет минути уште еден погодок, сличен на претходниот. Нафрлена топка, сега мислам Јове врати, Хименез шутна од прва и погоди за конечни 2-1.
До крај рутински.
Се гледа дека многу ни фали Георгиев

Време е да проба со Стојков во напад, за Јове да се опамети дека не е господ. Се чека и враќањето на Таневски. Врти сучи Цикарски испадна најдобар за позицијата лев бек и треба да е стартер пред Рибар.
Петров лево крило, Хименез десно.