Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Што и реално така испадна :pos: Само не беше ептен одма, не иде преку ноќ тоа...

Или дотичната управа, или МВР може за секунда да згасне било која страна, но мислам дека се закани, можеби го откриле кој е изворот.
Ајдее ти па МВР ги мешаш :pos:
Сигурно не е нешто такво, мислам дека имаше и опроштај, не ме држи за збор. Ако имало евентуално закани, се знае од кој се.
Ама ти да видиш колку беше уверено напишано :D
А и стварно сите поверувавме, пошто 90 посто од неговите информации, на крај испаѓаа точни.
 
Абе Палестинец, не се смеј многу, да не ти чукнат на врата :icon_mrgr:
 
Абе Палестинец, не се смеј многу, да не ти чукнат на врата :icon_mrgr:
Пу пу скраја да е :D

Шала на страна, ако има некој што се бавта со мутни работи, ни под разно спомнување ни на фб, ни на форуми и на такви други курци палци, зошто одма на врата динг донг :D
Од досада почнав и совети да делам :X3:
 
Многу тапа прво полувреме во кое можеше и да досуди пенал за нас од кога еден играч на Силекс апла играше со рака.Второ полувреме малце по живо и на големо изненадување Силекс прв поведе со голот на Ѓоргиев.Но минута подоцна израмни Маневски а подоцна и Хорхе да стави точка на натпреварот за 2:1.Незнам зошто на резултати го пишува Костовски а и спикерот на радио во кола го слушам вика стрелец на голот е Костовски :facepalm:

Добро е што увиде Милевски дека нешто не штима кај Стојков па го замени со Маневски.И Мичка денес очаен имаше неколку погрешни пасови.Вајс исто имаше еден кикс кога му ја даде топката буквално на играчот пред него ама па овие сакати не знаеа да казнат.Можеа да си дадат и автогол легендиве откако еден нивни играч несигурно ја изби топката при еден центаршут.

Значи треба да примиме ние први гол за потоа да го згазиме противникот.Изгледа ова е тактиката на Милевски :pos::pos:
На јужна солидна посетеност околу 1000-че.На запад околу 400.На почеток на второ полувреме дел се префрлија на јужна каде што беа Лојал Фанс.Навивањето малце послабо цело второ полувреме се вежбаа некои нови песни.
--- надополнето: 27 април 2013 во 22:28 ---
Аааа да ја заборавив и шансата на Бојовиќ сам пред гол типот се изгуби незнаеше каде да шутира и ја опали негде накај корнер знаменцето,а десно од него Јове сам чекаше топка.Легенда е Бојќе жими се :pos:
 
Катастрофа, пак исто играме.

Премногу ѕвезди имаме во тимот, почнувајќи од двајцата капитени Мичка и Стјепановиќ, особено вториов како манекен на терен. Без желба играат повеќето, не трчаат, прочитана книга сме со играта по страни иако малце е подобро од првиот дел од сезоната. Се виде колку фали Пеџа па и Борче кои ја размрдаа играта во второ. Претходно Стјепановиќ и Темелков само ги враќа топките и ги кочеа акциите, а Петров се отвараше на крило, не знам со кој памет го играше на таа позиција кога има тројца други играчи кои можат таму да играат. Стојков е само да реализира, очаен е во пас, дриблинг и физичка игра.

Се на се, тешко вака да освоиме титула според мене.
 
Утакмица во која увидовме до каде сме...
Т.е. увидовме дека ќе биде тешко да дојдеме до титула годинава...
Не знам што се форсира среден ред со Темелков и Стјепановиќ. И двајцата се деструктори, неможе без креативец да играш.
Одма се виде разлика кога влезе Ранѓеловиќ, мада и он е далеку од формата некако.
Срамота е да се бориш за титула а со последната екипа на домашен да ти виси победата до последни моменти.
Мада мора да го истакнам лошото судење.
На два пати сомнителни ситуации во првото полувреме. Првиот пат не знам дали беше за пенал или слободен пошто беше негде на работ, имаше играње со рака кое не беше санкционирано. Вториот пат не ни досуди чист пенал. Мислам дека Хименез шутираше и еден од играчите на Силекс апла ја мавна со рака.
Му се пуштија цела екипа од нашиве :D
Некако слабо ги памтам ситуациите од последниве мечеви :D
Ако добро ме држи сеќавањето во првиот дел имавме 2-3 добри обиди, но завршија без гол.
Мичка еднаш налета на одбиена топка, но ударот заврши над голот. Имаше една акција му протнаа мислам топка на Лазаревски, овој нафрли остро на втора, удар на Химненез, но и тоа над гол. Голманот на Силекс имаше една одлична интервенција при уште еден удар на Мичка.
Силекс имаше исто еден добар удар, но Симов сдобро одбрани.
Не знам зошто бранеше Симов денес? Што е со Милиќ?
И не знам до кога ќе игра со Рибарот :tapp:
Си го поминуваат во одбрана како сакаат. А насјмешен ми беше кога одглуми во вториот дел, се фрли иако немаше никаков контакт па си доби жолт.
И Милевски заебава со составов. Што го играат Стојков ко крило не ми е јасно. Изгубен е на теренот, он ти е само за напад, не му оди на крило. Па експериментирање со Петров како полушпиц...
Петровиќ воопшто не влезе.
Костовски одново многу мрзлив во нападот некако.
Во второ полувреме тргнавме поотворено. Бевме подобра екипа и имавме неколку добри шанси. Прво Бојовиќ мислам ја спука една топка 100 метра над гол иако имаше солидна ситуација. Каков удар беше тоа, уште 10 гола да наредевме нагоре, пак немаше да погоди.
Потоа погодивме пречка, мислам дека одново биеше Бојовиќ. Па следуваше нов сомнителен момент. По корнер некој од нашиве погоди пречка, а топката потоа некој што натрча ја протна во гол, но судијата го поништи ради фаул врз голманот. Уште една ситуација каде што не оштети судијата.
Ни го удрија пикот некако судииве :tapp:
Потоа следуваше најголемата шанса кога Костовски на една нафрлена топка одлично биеше но крај голот.
Претходно имавме уште една ваква ситуација кај што топката мина крај голот.
И како што секогаш оди ако не ги искористиш шансите следува казна.
Убава топка даде еден од средњаците на Силекс до нивното крило, овој врати на раб на шеснаесетник, овде мислам дека Вајс очајно покри, и со мала вина и на Симов ваљда, примивме гол со шут од 18 метри.
За среќа одма се вративме. Имавме слободен од 20 метри откосо. Мичка нафрли, Пеџа мислам врати со глава до Маневски, а овој со волеј израмни на 1-1.
Маневски ја освежи играта :D
Имаше уште еден продор, одлично биеше, но го блокираа за жал.
После пет минути уште еден погодок, сличен на претходниот. Нафрлена топка, сега мислам Јове врати, Хименез шутна од прва и погоди за конечни 2-1.
До крај рутински.

Се гледа дека многу ни фали Георгиев :tapp:
Време е да проба со Стојков во напад, за Јове да се опамети дека не е господ. Се чека и враќањето на Таневски. Врти сучи Цикарски испадна најдобар за позицијата лев бек и треба да е стартер пред Рибар.
Петров лево крило, Хименез десно.
 
Хименез ја врати мислам до Борче, стативата ќе беше автогол, фаулот врз голманот не беше фаул и мислам дека никој не налета на топката, и уште 2-3 игри со рака во шеснаесетник и еден фаул на раб од шеснаесетник за Рибар кој не беше досуден. Судиите не утепаа.
 
Можно е за Хименез, мада колку што видов тогаш беше играч со едноцифрен број :D
Иначе кога досуди фаул врз голманот, топката се одби во петерецот и мислам дека Стјепановиќ ја смести во гол...
 
Ако се суди по вчерашниот меч, ќе биде ѓаволски тешко да се дојде до титулата годинава! Се надевам дека и Турново и Металург ќе кикснуваат почесто зашто ако зависи од самите нас, ја надрљавме гадно! Се гледа дека играчите сеуште се во некаков грч и многу тешко се справуваат со цврста одбрана, каква што одигра Силекс вчера! Единствено позитивно од се што екипата покажа карактер и успеа да го сврти натпреварот. Сепак останува заклучокот дека некои играчи не се залагаат доволно!
 
Коњаникот Сабја
Шо збориш бе, кај Остоја деструктор?
И он е плеј играч како Пеџа :)
Само што целата наша игра зависи од него, а он не е на ниво, и затоа сме тиња.
Остоја и Мичка не играа демек ради Џиџи зошто го бојкотирале, сеа пак не играат како што треба, и Боби ли го бојкотираат? :D

А само мене ме задоволи Рибар како изигра вчера? :D
Според мене вчерашната утакмица му беше најдобра откако е кај нас, мада имаше и ситни грешки, ама во глобала ме задоволи.

Кажав, на психички план нашите се враќаат, мене ме загрижува нивната физичка спремност, веќе е очигледно дека не се спремни за цели 90 минути, а ни следуваат збиен распоред и тешки утакмици.
 
Абе каков плеј како Пеџа, Остоја ти е класичен DM од менаџер :D
Врска нема од разигрување, само да копа е :D
И он и Темелков се ист тип на играчи, само што Остоја знае да даде и некоја топка. Ни едниот ни другиот не знае да води топка, Пеџа е единствен креативец во составот, што знае да ја задржи и да проигра.
 
Перр не бладај :D

Остоја ти е класичен плеј, а и физички е доста јак, цврст у дуели, камиказа е, затоа тебе ти изгледа како Темелков, ама они се сосема различен профил на играчи. Темелков е копач, разбивач на игра, додека Остоја може и да разбива, ама бољи му иде кога проиграува, кога разигрува ;)
А Пеџа ти е штрунф, кој мисли дека противниците му се спаринг партнери. Освен краток пас да даде, друго ништо поседбно од неговото разигрување.

П.С. Остоја мислам дека е најдобар асистент во лигата, па сеа ти види, дали топка незнаел да води, не ме јеби, како што он знае да задржи топка и да даде пас, друг никој неможе, факт!
 
Абе што си пиел вчера, многу јако ова. Далеку е Остоја од плеј, во моментов е само статист во тимот. Разигрува ама со успорување на акциите, со враќање назад топките. Еве баш види вчера како Пеџа реагираше за вториот гол, да беше топката кај Остоја или Темелков ќе одеше до Бојовиќ.
 
Во моментов е далеку од неговата игра, тоа да.
Како може ако не се лажам најдобриот асистент во лигата, да не е најдобриот наш плеј?
Пеџа од кога нема асистенција за гол?
Од кога игравме со Работнички у Маџари, кога му намести на Хорхе.
Пеџа ти е среден играч за кратки пасови, зима топка ја дава на 2-3 метра растојание, и шпринт до него ја зима, и пак ќе ја даде на друг од растојание од 3-4 метра...
Пеџа разигрува на наша половина, додека Остоја го има тој завршен пас, и затоа неможе да се рамни со Темелков.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom