Од второто полувреме искрено сум многу изненаден,очекував уште толку да паднеме како одминува времето,стварно секоја чест за момците како стегнаа заби посебно кога се кршеше натпреварот.
Штета што голманите немаа ден,да имаше Томовски уште неколку одбрани сигурно ќе победевме,прими 3-4 лесни гола што требаше како ништо да ги фати.
Одбраната исто катастрофа беше на моменти,Мишевски мизерен во двата правци,овој е најсмешниот ракометар и општо спортист што некогаш го имам видено,толку да се немало осет за игра страшна работа,не знам и Бутинот како си дозволи со него да игра последен напад,земал ќе напаѓа кај што е најгусто во одбрана,закочи и акција и све,10 секунди поминаа заради таа негова глупост,може и клучни што не постигнавме гол.
Очигледно го форсираат зошто немаме никаков друг играч што ја има барем приближно таа висина,инаку одамна овој ќе беше откачен од вакви натпревари.
Лазаревски сосема солиден беше за негови стандарди,треба да добива повеќе шанса во иднина,се познава дека има доста напредувано во Словенија,може неговиот трансфер во Вардар во иднина да испадне полн погодок за клубот.
Манасков најмногу ме изненади,после таква тешка повреда и отсуство од терените година дена ти да изиграш толку зрело,смирено,сконцентрирано,секоја чест,даде клучни голови баш кога најмногу требаше,пеналите исто мајсторски изведени,изгледа конечно добивме сигурен пеналџија,откако замина Чупко мака мачевме со седмерци,лани прашање е дали 50% имавме реализација.
Мислење за однесувањето на Столе пишав уште на полувреме,мора во иднина малку посериозно да си ја сфати работата,такво понашање не е ни малку капитенски,рака на срце во второ малку се среди и одигра конечно нешто.
За Талески што да се каже повеќе,може книга да се напише за неговата кариера,јас не памтам некој играч за толку брзо време да има таков раст на кариерата.
Кога дојде во Вардар беше буквално на дното,тој период ни за Суперлига не беше добар,константно плукаа сите по него,топката од раце му паѓаше секој втор напад,едноставно психички беше убиен,сигурен сум дека имаше зажалено и самиот што воопшто почнал да игра ракомет.
Тогаш стварно жал ми беше за него,мислев дека толку му е од кариерата и му нема спас веќе.
Што му се случи лани зимото што се препороди вака никој не може сигурно да знае,се збореше демек добар психолог имал можно и тоа да одиграло голема улога,веројатно и доаѓањето на Дејвис беше една од клучните работи,сигурно и играњето во Македонија многу повеќе му лежи отколку во странство,мислам дека и дерби натпреварите со Пелистер и цела таа подршка што ја добиваа играчите тој период,навивањето,славењето дури и кризата во Вардар тотално го запалија оганот во него.
Стварно штета што сезонава не играме во Европа ќе искинеше и таму,гарант меѓу првите стрелци ќе беше.
Инаку улогата што ја има во Вардар многу ќе помогне и на репрезентацијата,ги стекна конечно тие лидерски способности и знае да предземе одговорност на себе,тоа е нешто за што беше најмногу плукан низ неговата кариера,очекувам да гази во иднина и во репка,како што изгази во квалификациите.
Да не заборавам и атмосферата во сала беше сосема добра,мислев дека луѓето ќе бидат далеку по театарски настроени,може и тоа што имаме голем дел на Македонци оваа сезона привлекува уште повеќе публика,без разлика на резултатите.
Се надевам дека ќе биде вака цела сезона.